Тие луѓе не зборат за тоа. Фактот што сите другарки ти се информирани за твојот нож ми е доволен показател за твојот карактер.
и шо ти кажува тоа многу ме интересира јас навикната сум да ми кажуваат луѓе за мојот карактер, па да чујам еве и од тебе и нормално дека ќе се информирани. Некад им давам у ташна да ми отворат, неќам удар да добијат, башка сакам да се осеќаат сигурно коа ќе искочиме надвор, дека ако дое момент, и можам, дека ќе нѐ одбранам.
Гледате како сте спремни да кршите закони кога здравјето и животот ви се на ризик. А инаку ептен се лупате во гради како сте вие најчисти и лаете оти некој ќе фати врски за да се спаси од насилник. Умрете чесно, зашто да се браните, па да го повредите другиот па вие да бидете казнети. Да носиш пепер спреј, боксирач, голем нож не е законски.
а извини ти што би направила некој да те нападне? ножот ми е самодбрана не да колам луѓе по улица, пепер спреј е подобра опција а нож е план б ако не успее пепер спрејот.
Носам и пепер спреј и џебно ноже, среќа никогаш ги немам искористено и се надевам дека нема. Не ми е битно дали е противзаконски, многу побитно ми е да си го спасам животот
Јас никому немам кажено дека бев "опремена". Мене тоа не ми е фалба, туку за самоодбрана. Последно во Тетово, бев си земала и електрошок, и со него одев дури и на нокти правење. Сум била и пијана и се, али не сум посегнала по ножот или електрошокот па да се чепатам или штознам како размислувате вие, тоа не е нешто со кое се гордееш дека го имаш, мене ми беше жал што живеам во таква вукојебина па мора да се снаоѓам сама да се бранам оти нема кој да ми помогне.
Жалосно е што носите. Поради тоа што не се чувствувате безбедни. Уште полошо, сте имале причина да носите.
Жално е, пошо пријавуваш и ти викат ништо неможат да направат. А човекот те следи на секој чекор, незнаеш каде и кога ќе те нападне. Неам ни брат ни татко. Кој ќе ме спаси ако не сама? Да можам и пиштол ќе си носам.
Во Тетово живеев 2001 кога учковци се шетаа низ град. Претходно с еодело и низ нивни маала по кафиќи. Ни тогаш ни сега кога одам не сум чувствувала потреба да носам спрејови. Кај нас никаде не би носела спреј. Но таква несигурност осетив во Берлин и Барселона. Матни ликови по сокаци. Зависи кај живееш. Во првиот никогаш ни би живеела ни деца средношколци би растела. Во вториот да,ама во безбедни квартови. Зависи и од човекот,кој какви стравови има и си носи.
Абе реално џабе им се ,,правдаме” Секој си одговара за својот живот и безбедност. Не мислам да им се правдам за мојот живот. Нека ми платат обезбедување тогаш. Они ако се чувствуваат безбедно, мило ми е за нив, за моите трауми и дејствија одговарам само јас.
А ти од Гевгелија не беше? Во Тетово нокти правеше и каков електрошок носеше жити се? И зошто? Решавај си ги стравовите на соодветно место,разговор со психолог. Не е нормално да носиш кујнски ножеви и сл.во ташна.
Оф леле у кој свет живеете бе? Си имала среќа не те нападнале. Во Македонија нема ли силувања и психопати? Врие од ненормални а сплет на околности дали ќе налеташ на нив. Муабетов до психолог дојде пак жртвата на крај крива и ненормална.
Да , од Гевгелија сум и? Не смеам да живеам и да шетам по други градови? И џабе ја коа ќе го решавам стравот со психолози коа после третманот на улица може да ми се закаче некој манијак. Или може ти ќе доеш да ми помогнеш? (Смајли што се крсти)
Дека е легално - не. Дека имам - да. И зарем пепер спреј е единственото нелегално нешто шо се поседува у оваа држава? Плус се користи за самоодбрана, а не курчење. И психолог овде ќе помогне ама за траума лечење. Шо ако те силувааат, киднапираат итн итн? Не остануваш жив а не па трауми да лечиш. Извадете ги розовите наочари и подобро разгледајте околу себе, напади, силувања, манијаци на секој чекор.
За твое добро е подобро да си ги решиш стравовите. Никој не вика нема ненормални,има секаде. Ама патологија е да носиш нож со себе за да убиеш некој за да не те убие тебе. Не знам како живееш во Германија со мигрантите и сурати нецивилизирани, штом во Гевгелија и Тетово си носела ножеви,електеошокови, чуда. Не е живот ако треба со страв д асе живее. Зошто ненормална? Само ненормални одат на психолог? Не постојат ирационални стравови? Еве јас за 44 год не сум налетала. А до 23 живеев во дивиот запад Тетово со учковци. Требаше митралез во ранец да носам?
Ете така си живеам во Германија, мирно и спокојно, со џебно ноже, и да ме фати полиција не ми е гајле, тука барем полиција има. И незнам дали беше видела на вести, баш во Гевгелија пред некое време дечкото си ка силуваше девојката. Или другар што и да и беше. Сега ми кажуват оти се шетал манијак во градот што плашел мали девојчиња. Што кога е мало место коа насекаде има ненормални.
ирационален страв? се плашам од сопствената сенка. Не знам како да ти објаснам. Одам, и коа ќе видам сенка блиску до мене се тресам, и коа ќе видам дека е мојата, сфаќам колкав ми е стравот и идењето на психолог нема да помогне во потполност, бидејќи не можат да бришат сеќавања. Кај мене и Адидас тоа е вкоренето во мозокот. И со секој ден шо проѓа, се вкоренува уште толку. Пошо ние живееме со тоа, ние сме свесни со тоа шо ни се десило, ама сме свесни дека може повторно да се деси. Кај мене не бил само крадец у прашање, ама има некои работи кои не би ги зборела овде. И да, пак ќе кажам, за да се заштитам себеси, не патологија, кој збор сакате употребете го. Ниедна од вас овде, не искача со мене, не живее со мене, за да ми биде морална или физичка поддршка. Ако нешо направам, има пред кого да одговарам, и не се плашам. Никогаш не би повредила никого од чиста мира, или бидејќи ми се може, ама за да се заштитам себеси, ич око не ми трепнува. Пошо уше една траума ако доживеам, начисто ќе се мрднам. Доволно ми е и ова шо ми се дешава во главата. И многу посигурно се осеќам кога ги имам во мене, него кога ги немам. Може е до психа, да, ама битно јас се чувствувам подобро И споредбата со ова, и со УЧКовците, не е иста тоа е сеа ко ја да кажам, или било која членка, ,,знам дека во Скопје има крадци и манијаци, ама сеа шо да праам''. Ние го носиме тоа бидејќи НЕШТО НИ СЕ ДЕСИЛО Јас пред првата дешавка, иако знаев какви особи има низ Скопје, не носев ништо, бидејќи сметав дека нема потреба. Е сеа, од коа искусив дека има, си носам.