Се надевам дека никогаш нема да дознаеш зошто. Најискрено. Јас знам како е да си нападната зошто си сама, следена од автомобили или манијаци надвор или во влез и за влакно избегана да ме бутнат непознати во кола. Стравот е константен после тоа. Порано носев со себе нешто, сега во последно време не, од ковидот навака, па и дете слабо искачав сама. Сега пак се мислам да си набавам нешто, спрејов законски или не не ми е гајле, ќе си купам.
фала Богу. Не е законски ни да нѐ малтретираат, силуваат, да досаѓаат, па пак го прават тоа. Можеме и ние.
Ма не ми е гајле. После се што имам поминато, ако не можам да избегам, тогаш ќе прво ќе се штитам а ако треба и борам со се што стигнам.
Е добро де, ајде ќе посетиме психолог и ќе го елиминираме стравот. И после без страв ќе се шетаме и ќе дојде некој од позади ќе не зграпчи и???
И пак ќе одиш на психолог, па ако не помогне тој психијатарот е следен. И така во круг.... Вината е во жртвата, нели. Како и секогаш. Не е крив напаѓачот жртвата сама си го барала...
Да, прво треба да посетите психолог. И да ,па после ќе искочите слободно. Вие не сте слободни,се мачите, штом сатарчиња во ташна носите. Но вас ви е прв избор ножот,а не средување на психата. Носете и панцир да не ве застрела некој. Не дај боже во Америка да треба да живеете.
Тогаш е подобро да се научат одбранбени техники при напад. Зошто и спрејот и ножит се џабе ако во момент на напад се блокираш. Ќе ти паднат од раце и лесно ке те совлада.
А со што? Со психолог. И да ќе ми рече, било по било, секому може да му се деси, ама ти ќе пораснеш ако го надминеш тоа Ја сум си сама на себе некад најдобар психолог. Пошо јас се иам соочено со тие работи, не ми е глупо да зборам со некого за тоа, се иам помирено дека се десило шо се десило, дека мора да продужам понатака. Ама јас памтам. Сфаќаш дека сите лоши работи се во моите сеќавања? Ја можам да пукнам илјадници денари на психолози, психијатри, и да ме тешат и да ме учат као се живее со тоа. Ама мене ме боли што памтам. Јас сакам да НЕ памтам, да ги заборавам Сакам да искочам со машко без да ми е страв дека ќе проба да ми напраи нешто на сила, сакам да ми се доближи некој доволно блиску без да се тресам, да идам со две слушалки по улица без да морам со едното уво да слушам да не ми се доближи некој, сакам да не отварам камера демек се сликам за да видам кој има позади мене без да искочам ментална. Сфаќаш? Не сфаќаш. И не то се љутам за тоа. И нормално е да не сфатиш, не ти се десило. Ама пробајте да нѐ сфатите
Па човече, и да имаш и да немаш страв, тоа нема да спречи некој да те нападне. Затоа , полн џеб или рака. Шо поладно оружје, толку поубаво , посигурно. ( ова го копирав од една членка во темата самоодбрана )
Ние се изнапишавме, инаку носи си го со себе, кој ќе те пријави ако прснеш, напаѓачот? Што ќе каже, ја нападнав и ме прсна со спреј неможев да ја силувам?? Немај гајле.
Како знаеш што ќе ти рече психологот? Не знаеш. Ниту па можеш да бидеш сам на себе психолог/психијатар. Анксиозноста сама ќе јa лекуваш? Страв од сопствена сенка исто? Ако мислиш дека спрејот или ножот ќе ти помогне ок,ама очигледно не ти помага.
@Cosmi ти луди не направи што сакаме да се заштитиме од манијаци?! Ете јас ниту можам брзо да трчам, ниту сум силна да се борам. Единствен начин да се заштитам ми е пепер спреј. Само чудно ми падна дека било нелегално тука а го има во продажба.
Се согласувам дека живеење во претеран страв не е добро за личноста што се справува со тоа, но секој има право да си направи да се чувствува безбедно. Јас не би носела лично нож со себе, но пепер спреј ќе си купам и ќе си носам. Не дека сум параноична, но навистина сешто се случува. Сакам да знам дека ете имам нешто со себе. Ако на членките им помага да носат џебно ноже, зошто да не. Побогу колку мажи само носат мултитул со себе што содржи и нож па никој не земал да им попува дека е нелегално. Санки па прави некој само тоа што е легално во државава, со пиштоли и палки си се шетаат како од шала.
Луди? Што ви е на вас ? Анксиозност е лудост? Дај приберете се. Да се плашиш од соопствена сенка е зголемена анксиозност, а не лудост. Носете спрејови и ноживи вие слободно. Ај спрејот ама со ножот што ке правите?!