Така нешто, ќе ти искочат. А на гугл или етси ако разбараш имаш keychains со неколку ствари на нив + аларм што го приклучуваш ако си нападната и сакаш да привлечеш внимание од луѓето на поголема дистанца околу тебе, што мислам дека е една од најдобрите ствари евер. И исто така, прочитав дека ако се дерете додека сте нападнати, подобро е да се дерете дека има пожар одколку манијак. Повеќето луѓе ќе обрнат внимание на пожар а ќе бегаат од крипер, така да можеби ќе ви се најде ова.
Да, да. Точно е то. Кога викаш 'Помош', сведоците имаат тенденција да не пријават, мислејќи дека некој друг ќе го направи тоа. 'Пожар' ја загрозува и нивната лична безбедност и стануваат more alert
Ouchhh Добро Јас оправдувам. И супер ми е Реков, секој си одговара за својот живот и својата безбедност.
Секако дека секој треба максимално да се труди да се заштити. Баш затоа и не треба да носите нож со себе. Многу поверојатно е дека ќе ви го земат и ќе го употребат против вас. Е сега ако ви е повеќе за да се чувствувате сигурно отколку за реална безбедност тоа е друго.
Многу одамна 2006/07 год.имаше на ТВ,докторка која објаснуваше на што “паѓаат” манијаците, одговорот беше на страв,на девојки кај кои се гледа несигурноста,одат подгрбавено, изгледаат исплашени, така ги бираат жртвите што ке ги манијачат. Најефикасно оружје тогаш не е бибер спрејот, а бог да чува ни ножот никако туку истиот метод што го применува тој. Сексуален напад. Ќе побегне кога ке му вратиш. Се ложат на страв,зошто во основа се кукавици. Инаку доволен ви е дезодоранс не ни мора бибер спреј. Нож за самоодбрана,никако. Никој не се родил како убиец,приликата го прави.
Врска нема докторката. Две работи се битни за насилник: Да го привлекуваш сексуално и да му се пружа можност.
Ако се земаа така дипломи, треба на поќе од пола да му ги земат. Знат то шо научиле од книгите ко биле на факултет. Колку често доктори/психолози одат на конференции, на кои се презентираат нови откритија во медицината?
Таа збореше за манијаци. Оние кои се соблекуваат пред жени и си го покажуваат половиот орган. Дека тие не се воопшто опасни. Врв на задоволството им е да се “покажат”пред жена. И за оние кои следат жени. За нив збореше дека се кукавици. И дека треба да им се врати,да не видат страв и кревка уплашена девојка.
На таквите и електрошок им е малку,боксирач,пепер спреј.Моторна тестера би употребила на такви.Да унакази некоја девојка за цел живот и да продолжи понатака да унаказува да манијачи девојчиња,девојки,жени и постари госпоѓи.Тоа е болест пореметеност доживотна.Не секоја стигнува да се одбрани, некоја може да падне во несвест ко свеќа од страв, на некоја нозете и се кочат ни напред ни назад, некоја ќе се брани со сите сили.Комшии нема да те спасат кога е крадец, манијак никој не видел и не слушнал.Ама кога те гледаат со дечко, гости кога испраќаш ,кога си бил на пазарење ееее тогаш на рапорт све виделе кој е,кои се, каде беше,што купи.
Ништо не е легално, ни спреј, ни нож, ни пиштол. За дозвола има процедури. За после да ти кажат а зошто не се бранеше? Дека ти беше убаво? Уствари според темава па психолог е ултимат дедли вепон.
Мислам дека не е легално ни дома ако ти влезе некој со намера да те ограби/напаѓа ти да му вратиш со иста мера. Е ај сега.