Баш ме заболе дали е легално или не е. Ако го употребам ќе го употребам со причина. Ако некој ме зграби и сака да ме силува или ограби и го употребам како ќе ме пријави? Ќе рече сакав да ја силувам/ ограбам па ме испрска? Глупости. Нема сигурно некој рандом без потреба да го прскам.
Тетово е хорор град, не можев во зима во 5 навечер да излезам до кај другарка. Имав дури и еден што опсесивно ме следеше кога имав околу 14 години. Не го познавав, ме среќаваше 5 пати по ред. Во полиција никој не ме сфати сериозно и ко нишо не се деси. Се случувало додека чекам другарка во 8 навечер скроз пристојно облечена (зборам ФАРМЕРКА И ЈАКНА) некои со кола да ми застанат и да ми зборат нешто неразбирливо.
Таму џабе ти е и да си наоблечен од глава до пети, абе само очите да ти се гледат, и само денски да шеташ, пак ќе те замараат. Јас страшни работи видов таму и никогаш не излегов без некоја справа.
Тетово и луѓето и кучињата ме плашеа тука во скопјево овие неколку месеци главно кучиња. Маалово ми е посветло ама 1000 кучиња има и тоа огромни ко мечки. Комшииве само се жалат дека нивните им е страв да ги шетаат. Другарка т.е комшивка тука ја касна едно ама фала богу добра беше. Ни кажаа беснило одамна немало у македонија.
Иако у ретардиранава држава ништо не треба да не изненади. Тешки криминалци шетаат на слобода а некој ко тој со ќебапите иде затвор.
Во Скопје не се осеќав безбедно ни порано кога сум се враќала доцна навечер. Гледавме да одиме во група или барем две доцна ноќе. Ако морав сама да се враќам ноќе, се јавував на мобилен телефон на некој близок и зборувавме додека одам до дома и додека не влезам безбедно дома. Мислев дека потешко ќе се осмели да нападне ако има сведок или дека барем на тој начин некој ќе знае дека нешто се случува и одма ќе реагира. Сум носела и пепер спреј, не сум го употребила за среќа. На еден што ме штипна за гз одејќи низ парк кон дома, не знам од кај ми дојде сила, ама ептен бев лута, му се свртев да го тепам и само што му се заканив со тупаница, тој избега уште пред да го бапнам. Ваљда некои се силни само кога ќе видат страв кај жртвата... Возам од 18 години автомобил и се имам враќано сама со кола доцна навечер по пусти улици од излегување или од кај дечко, другарка. Тогаш Скопје не беше толку оптеретено со сообраќај и имаше моменти навечер кога некои булевари беа празни. Страв да ти е да застанеш на црвено на семафор. Ама бев подготвена како да реагирам. Во кола сепак може да се заклучиш, можеш да ја употребиш колата за да избегаш... Еднаш додека стоев во три ноќе сама, прва пред семафорот додека беше црвено, едни двајца со нивната кола ми застанаа пред мене и ме блокираа, што веднаш ме алармираше, зошто немаше потреба така да се наместат пред мене, имаше уште две празни ленти. Ми излезе возачот и тргна кон мене. Јас стиснав на гас, го заобиколив со колата, тие тргнаа по мене да ме следат. За среќа подолу имаше полициска станица и јас право таму свртев, тие заминаа. Знаев низ градот каде се полициските станици или каде и што е отворено, ако некој ми прави проблем, таму ќе возам и ќе барам заштита. Најризично е сепак мислам во влез од зграда, или преминот од кола до дома кога нема луѓе.. Тогаш не е лошо да има девојка во џеб пепер спреј, тизер или нешто сл. на готовс. Ако те нападне физички некој, ќе се браниш нормално.
другарка така ја имаат бркано со кола низ Скопје не ѝ текнало у ПС да иде, ама неќела ни накај дома да вози да не видат кај живее саат време се вртеле.. мене ми се смешни на семафори, си пеам у кола си седам, и глеам лазат понапред, и сите со главите ко ноеви десно ама средниве прсти така ми се разработени на другар еднаш му го иам мафтано. Он да ме земе, ама со друга кола, ми застана у 11 саат ноќта кај Борис. А не ми рече дека ќе ме земе. Он свири ја идам пцујам, свири, ја пак прстот, и сакав да му отидам на прозор. И ми ѕвони ми вика: абе ќе дое чоек да те земе и ќе го утепаш од пцуење викам шо стоиш ко манијак и свириш од кола, боље ѕвони ми
Уффф страшно. Колку и да мисле една жена дека не и треба ништо, баш во такви моменти ќе посака сите ладни алати да ги има до себе за да се одбрани. Оти така на форум сите се јаки.