1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Перење, чистење, шиење за време на празници

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 8 јануари 2017.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Прочитав прашања од неколку феминки од моето омилено лево ќоше на -+40, каде се интересираат дали денес се пере, дали се пушта машина, дали е забрането на рака да се пере.
    Лично за мене да кажам дека за Божиќ и Велигден не перам, не пуштам машини, не чистам низ дома, гледам сите тие домаќински домашни обврски да ги завршам пред да започнат празниците..незнам зошто ама знам дека ми е шубе во душава ако постапам спротивно( не дека сум некој голем верник ама пак ми е неубаво).
    Би сакала членовите од форумов кои ја познаваат верата и нејзините правила во однос со ова прашање да ни објаснат кога се чисти, зошто не смее да се пере, не смее да се шие или плете и тоа кога се празнични денови...јас не гледам некој грев во сето тоа!
     
    На Orthophill, Petar80 и elimkd им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Кога е во прашање хигиена и чист дом планираните обврски ги извршувам без оглед на тоа дали е празник или е обичен ден. Викендот е време кога може се да се среди и затоа не го прелистувам верскиот календар. Тоа се само два дена што ги имам на располагање и што можам да ги искористам и за дома и за себе.
     
    На LollySky, Annath, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Имам колешки кои редовно си гледаат во верското календарче, дали бројките биле со црвена боја или со црна задебелена боја и на тие денови не работат ништо.
    Порано и јас чистев на празници, но откако пред неколку години ми падна лустерот, голем со 6 стаклени кугли и тоа замислете откако цела куќа генерално ја исчистив...ми падна точно поред глава(фала богу мене ништо не ми беше, ме промаши за влакно) ама цела соба беше со стакла, морав теписи да вадам, да тресам повторно јово на ново се детално...Господ у пелени мислам дека го видов тогаш(facepalm)
    Дефинитивно празнуваме пагански обичаи отколку што ни велат поповите.
    Празниците се за да му се посветиме на Бога, за да одиме в црква, веројатно од тие причини е измислено дека не треба тие денови да се работи низ куќа.
     
    На Victorian, korisnichka, Petar80 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Јас можам само да ти кажам дека во Божјиот Збор (Библијата) никаде нема вакви правила. Едноставно кој било ден можеш да си переш, шиеш, плетеш. Исто така не сум сретнал ни дека христијаните од првите векови се замарале со вакви правила. Ова веројатно е смислено многу подоцна.
     
    На Lella, LollySky, LUCI 99 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Ако се водиме по празници,секој ден е по некој Свети.....
    Се обидувам да ги испочитувам оние поголемите ама никогаш до крај
    Или многу за перење,или подот со прашина,посебно кога се внесуваат дрва а беба сака да игра на подот
    Така да Господ нека прости
     
    На mira.mira, Lotus-14, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Еве пример од сега скоро е бадникова вечер. Преку ден во кујна правевме зелник, брашно на сите страни од сукањето. Требаше да оставам така неусисано, па над трошки да газиме?
     
    На Mari* и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Бабини деветини...:D
     
    На LollySky, biGirl, Crna Dama и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Пазете се шо праите, кога чистите и перете.
    И у никој случај немој да се бањате , мртви коски ќе ви израснат...
    Особено ако сте Балканци!

    Никогаш не се знае кој, и од каде ве набљудува...:shake:

    1e46956337a60bd2b5164771e73eb3b6.jpg
     
    На Florenсе, Lella, LollySky и 7 други им се допаѓа ова.
  9. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Зависи од времето, не е грев, ако е итно и има потреба пуштам машина
    така да, ако е нешто хитно, мора да се заврши, празник - не празник, ама ако е празник треба да олабавиме малце и да се сетиме на Господ, ако веќе се декларираме како верујушти :)
     
    На BlackNight, Orthophill, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На Lella, Mishela, LollySky и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.862
    Допаѓања:
    133.211
    Пол:
    Женски
    Измислица од народот да се одморат на раат. А тие што се на работа? Пошто секој празник не значи и неработен ден.
     
    На mizerija, LollySky, EvAngelos и 2 други им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Да прокоментира @Orthophill на темава
     
    На joy1, Orthophill, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Седмиот ден како ден за одмор е даден од Бога за да можат да се одморат и Израилците - народот Божји и нивните робови и добитокот. Кога Бог го создаваше светот шест дена(периоди, еони) делаше, а седмиот одмори. Така и ние шест дена треба да работиме и да деламе, а седмиот ден да Му го посветиме на Бога, така што ќе појдеме на време на светата богослужба и ќе ја отслушаме до крај. Истото покрај за неделите, важи и за празниците (Господови, Богородични и на оние светци кои се особено почитувани од нас и од нашиот народ). После богослужбата, убаво е денот да се посвети на Бога - читајќи го Светото Писмо и други божовни книги, на дружба со семејството, а особено во дружба со оние на кои им е потребна и дружба, но и наша помош. Големо дело (а не грев) е во недела или празник да им се исчисти куќата на болни, стари луѓе, вдов(и)ци и сираци, да им се зготви, дури и да им се скопа бавчата и слично. Во времето на нашите благочестиви и христољубиви предци, на празници се работеле нивите на вдовиците и сираците. Ако имаме блиски починати и да појдеме на гробишта е убаво и добро дело, но по богослужбата.
    Нормално, ако сме вработени со работно време 6 дена дека и во недела ќе си ја исчитиме куќата и ќе пуштаме машини за перење (со оглед на тоа дека во недела е евтина струјата).
    Е сега на Господовите празници: Божик, Василица, Водици, Преображение, Цветници, Велигден, Спасовден, Духовден и Крстовден (на Велики Четврток, Велики Петок и Велика Сабота работиме спремајќи се за Велигден :) ); и Богородичните празници: Мала Богородица, Пречиста, Благовец, Сретение и Голема Богородица; убаво е да се воздржуваме од сите непотребни работи и да празнуваме.
    Сепак, нормално е и на Велигден ако чекаме визити и ни извалкаат гостите (или сами ако си извалкаме :) ) да исчистиме. Да зготвиме ручек и слично...
    За да биде човек добар Христијанин потребно е да биде и културен и добар домаќин/ка.
    Но, оние кои печалат во недела и празник, а особено оние (работодавци) кои ни во недела не им даваат одмор на своите работници, нека знаат дека празникот - празно носи. И парите што ги печалат недавајќи им одмор на своите вработени им се арам пари (што би рекле браќата муслимани) и аир од нив нема да видат.
     
    Последна измена: 10 јануари 2017
    На La.loca, done, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано!
    Навистина треба барем на поголемите празници да се ВОЗДРЖИМЕ од секојдневните домашни работи, ништо не е толку итно за да не може да се одложи за друг ден..сепак празниците постојат за луѓето а не е обратно:)
    Јас гледам сето тоа однапред да си го организирам, пред празникот да исчистам и исперам оти еднаш Бог ме опомена, ми пролета лустер пред нос и несакам малер да влечам цел живот.
    (ете што прави вера понекогаш, знае и страв во коски да ти стави).
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Дедо ми велеше, за мрзливите луѓе секој ден е различен празник :D

    Сум размислувала за ова, и претпоставувам бидејќи така луѓето земале одмор на времето. Кога не се работело од понеделеник до петок, за време на празниците здивнувале.
     
    На LollySky, biGirl и Mari* им се допаѓа ова.
  16. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Се трудам пред празник да исчистам се, но ете со мало дете не е можно, а да не се сработи нешто во денот. Расфрлало храна, баш тогаш ко за беља распрскало наоколу особено кога се инаети околу хранење, мора да се изџогира барем во тој дел. Како што оди и истражува, фаќа, зема, мора да се усиса, нели, да не земе нешто ситно и го голтне. Си јадел, ќе миеш, ќе собереш, ќе избришеш, ќе проветриш. Некогаш за беља, нешто за инает ќе се случи, на пример ќе се расипе, ќе го поправаш, ќе го расчистиш нередот зад себе (а итно е на пример).
     
    На joy1 и Mari* им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Мислам дека во твојот случај се работи за суеверие предизвикано од опасноста што си ја имала од лустерот. Такви суеверија често се јавуваат кај луѓето. Знам еден што ни под разно не поминува низ бандера (во облик на буквата А) затоа што еднаш брзал накај испит и поминал несакајќи и потоа го паднал испитот и сега верува дека тоа е затоа што поминал низ бандерата :)

    Нема што Бог да те опоменува за нешто што тој никаде не го навел како грев. Бог може да те опомени ако лажеш, ако крадеш, ако блудствуваш или подготвуваш некое неверство, ујдурма некоја и сл. Но во случајов, Бог никаде не ни заповедал на нас христијаните дека не смееме да работиме на одредени денови во годината. Тоа што ние сме си определиле одредени денови во годината на кои си го празнуваме Христовото раѓање или Христовото воскресение, тоа си е наша работа. Господ ниту заповедал да ги славиме, ниту забранил да ги славиме, а најмалку пак уредил како да ги славиме, што да јадеме, што да не јадеме, дали да пуштиме машина за перење тој ден и сл :) Тоа си е наш слободен избор и се додека не ги прекршуваме Божјите заповеди, нема никаков грев тука, ниту пак опоменувња од Бог.
     
    На LollySky, Sky-butterfly и joy1 им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, знам дека тоа се само народни верувања и обичаи, знам дека не е грев ама не е ни исправно..сепак мене ми влезе чивијата и сакам во такви поголеми празници да се однесувам колку можам во духот на православието и убавината на славеење.
     
    На Bulgarian и korisnichka им се допаѓа ова.
  19. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Еве вака, ако се случи да посетите манастир за време на празник, ќе забележите дека неговите жители, монаси или монахињи, си ги завршуваат сите обврски околу одржувањето на нивниот дом, но во никој случај не ги испуштаат богослужбите. И според мене, ако нешто треба да се запази, тогаш тоа е ова што треба да се запази.
     
    На Chica.Loca, BlackNight, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Кога живеев со татко ми врска немав кој празник се пере, пегла, чисти.. некогаш и незнаев дека е празник. Се случуваше мајка ми да ми се јави и да ми рече што правиш? еве чистам.. и таква одма нееее денеска не се чисти, ама ај дека си мала ќе ти се прости.. дека и не си знаела.. А сега кај свекрва ми па почитувам затоа што ми е шубе, ке ми рече не се чисти денеска. Но со бебе дома се случуваше кога не смее да се пере, пегла, да мора да се пере пегла... сигурно нема да оставам какани работи така неперени до нареден ден :D
     
    На baba Rada и Mari* им се допаѓа ова.