Нашиот ортопед ни кажа дека може да ставаме ептен тенка перница или тетра пелена. Најдов една поголема тетра, ја свиткав три пати и ѝ ја ставив под глава и рамена. Сите пернички што ги имам се повисоки, вака со тетрата е таман.
Nie imame od lorelli 0+.Epten e ubava.Memori pena e.Do sega ne ja stavav na pernice,od ponedelbikot navamu pocnav.Zaradi refluksot.Napraveno e so kebe i pernice pod agol pa celo telo i e na perniceto
Го видов ова во каталог ми остави впечаток, па идната недела доага бабицата кај мене па ке ај прашам дали препорачуваат или не. Еве слика
И мене во дуќан ми велеа земи си и зедов за право Ама еве ја скоро година и не спие уште на перниче. Само една тетра и ставам под глава и така планирам уште некое време.
И ние не користиме перничка уште, ама главчето само на страна го врти, де на едната де на другата. Никако право да и стои главата, па си велам дали ова би влијаело на формата на главето? Можеби треба да земам перничка, м? @kukla21 од каде ја зема таа перничка?
@snegulkata сега ми текна да ти напишам дека не е за ептен мало бебе по мене. Јас и ја ставав ден, два на почетокот (дека на една страна само спиеше) ама приметив дека ушето и се витка кога ќе се заврти на страна. И затоа ја баталив. Сега кога е поголема, нема ваков проблем. Дали дека главчето поубаво "легнува".
Женски кај да барам перница од тие ептен бебешките? Има проблем со носето па педијатарот ни рече да спие на перница.
Ако ти е поблиску можеш вп аеродром во Киддо. Поголемо е и имаат се. Во сити мол дека мало дуќанчето, може да нема се.
Треба да спие подигнато на 45 степени со горниот дел (не во седечка положба). Цело душече така може да го поставиш, под агол, ќе го добиеш истиот ефект за носето. Перница не е воопшто препорачлива, секој ортопед ќе ти каже.