Ќерка ми има осум месеци и спие без перница ме интересира од кога да ја ставам на перница и каква да биде
Рано е уште за перница. Самата ќе си покаже кога сака и каква сака. Многумина ја земаат трослојната од Дормео за деца. Малово уште ми спие без перница, а е скоро 18 месеци, големиот на перница почна да спие некаде околу две и пол, три години, спие на обична перница.
Фала за одговорот се мислев минатиот пат дали да и земам имаше една во џамбо анатомска за деца пишуваше ама ќе ја оставам уште малку без јастук, поздрав
Баталија таа од Џамбо остај што пишува анатомска. Мм ја зема и ене ја си се пафта по соби како еден вид на играчка. Земи си од Стружанка за бебе/дете перница и внатре е полна со можност ( има патент ) па можеш да вадиш од внатрешноста и да ја прилагодиш колку да е мека или тврда. И од Бејби Блу земав од тие демек анатомски малите што се и за ништо не ги бива ( барем мене лично не ми се допаѓаат ). По препорака од другарка ја земав од Стружанка и навистина е супер и си ја прилагодив од внатре извадив колку сметав дека треба. Ама ретко го легнувам на перница. До 10мес не го легнував никогаш освен кога му течеше носе или беше затнат.
Искрено непамтам зашто летото ја купив и мкслам не беше повеќе од 500ден. Не нее анатомска баш ја имам мекана напраено ( пола извадив од полнетото внатре ) и ја прифати. Анатомската од Бејби блу не ја прифати така ми се пафта по дома. Иди до Стружанка најубаво видија на лице место па ќе одлучиш.
19+ da pocneme so pernica ili rano e? Kakva? Najvise radi sto e razmrsulaven mi e. Spie nemirno i na stomak.
Моево нејќе перница. Имам една бебешка, мемори , ред е да му купам "вистинска". Гледам синоќа се намести кај мене на перница со главчето , па може на соодветно перниче ќе сака Лимес гледав да нарачам? Искуства некои? Или др да ми препорачате...
И мојава спие без перница. И да сакам да и ставам незнам каде,шета низ спална и менува позиции милион пати. Од когА се препорачува да спијат на перница? Белким до тогаш ќе ја фати место.
ОД 3?? Јас стварно не знаев за тој податок, па му земав една од дормео со органски памук, ама гледам некако виока му е. А кај нас на спална сака да спие на нашите. Оваа ја испразнив малку и сега не знам, дали да го вратам на ниско или да ја оставам оаа....скоро 2 години сме. 23 месеци
Јас им ставив на моите од страв особено за малата да не поврати, но постојано бегаа и пак беа на рамно и така го пребродев тој страв и се без перници.
Такви се препораките. И ќерка ми почна да бара да спие на перница пред 3. Ама ако си приметила заспива на перница но после се излизгува под перница или на страна, битно цела ноќ спие на рамно Самото тело си кажува која положба му е најприродна.
Мамички им ставате ли перниче под главата на бебињата? Моето бебе е 17 дена И кај може да купам анатомско перниче?
Na pocetok ne posle nepoln mesec pocnav na mn mala anatomska. Sega sme nadvata sloja od troslojnata na dormeo.