На какви перници спиете. Јас имам перници со памучна полнета обвивка и полнење од полиестер,тие и најчесто се употребуваат но незнам колку е здраво да се спие на нив? Перниците полнети со пердуви можеби се поздрави но не се препорачливи за луѓе склони кон алергија. Имам некаде читано дека најздрави перници полнети со љушпи од хељда- алпско жито. Дали има некој информација ги има ли и кај нас?? еве две пернички полнети со хељда
Алесче најдов на нет за перниците..http://www.jastukpredah.com/ Кај нас незнам дали ги има некаде..ама можеш да исконтактираш односно нарачаш на сајтов што ти го пишав горе
Јас и сопругот спиеме на Симпен (производ на Симпо) перници со мемори пена и анатомски облик. Тој ја има големата а јас средната по димензии и засега сме презадоволни.
Ние имаме едни, незнам како се викаа, но полни се со силиконски трошки, ако точно сум се изразила. Супер се прилагодуваат, големи се ,што мене посебно ми се допаѓа. Убаво е што навлаката во која се наоѓа силиконот се вади, може да се испере, а потоа повторно се полни силиконот.
Си ја обожавам перницата за спиење... Појма немам каква фирма е,ама знам дека ја имам уште од порано и многу сум навикната на неа. Камо да можев сегде да си ја носам со мене
ние дома сите комплет имаме прници од ТАЧ со силиконски троски од најголемите некаде по 800 денари еднабесе задоволна сум затоа што стално се исти не се налегнуваат па да изгубат од волумен
Мека и само мека да ми е перницата. Сакам и голема да е да пропаѓам во нејзе. Инаку ако спијам на некоја тврда перница се знае што ми следува сабајлето, вкочанетост и обавезно морам да имам главоболка
Веќе 3-4 години (а можеби и повеќе) имам Дормео перница, онаа како со зелени сунѓерести боцки преку целата површина. Во средината има вдлабнатина, а едната страна од перницата е пониска, другата повисока. Совршена ми е, не би ја менувала за ништо. А брат ми има од Дормео Мемосан перниците. Пробав и јас на неа да спијам ама не ми беше убаво, лесно се менуваше формата зашто беше мека и му ја вратив.
^^ ете спијам бас на иста перница како Лена и не би ја сменила. Мене перниците ми се многу важни, сериозно, без некој да ми се смее. Па така имам една таква дормео на која спијам, имам уште една иста која го пополнува празниот простор на креветот до главата, имам една која ми е од кога бев мала и таа на никој не ја давам, и никогаш нема да ја дадам, е таа си ја гушкам, и имам уште една со пердуви за да ми се најде, да пополнам некој простор у креветот со неа и си ги сакам перниците
Jas ja imam Dormeo Memory Classic i predobra e. Napolneta e so memory pena i veruvajte se nemam razbudeno so glavobolka otkako ja kupiv.
Имав дормео силвер, станував со главоболка. А пак сега имам дормео мемори сан, и е далеку далеку подобра.
Јас спијам на детска перница, нешто да имам под глава колку да не спијам без перница. И кога одам на одмор си ја носам со себе. На друга перница не можам да спијам. Пред извесно време бев на викенд кај една другарка и не си ја понесов, па ми даде перниче од синчето кое има 2 годинки.
од домот само јас користам ДОРМЕО онаа што е со 3 слоја со мемори пена па задоволна сум на другите и кажав да ви земам не саакат не им била добра ХАах мене ми е супер
Конечно си ја најдов идеалната перница,за само 350ден Има едно продавниче во Лептокарија,на ќошот до гостилницата Буре ,жената сама си шие и изработува и по нарачки.Има доста интересни работи,како на пример можете да купите бањарки и таа да ви ги извезе вашите имиња,или на навлаки,на перничиња итн....Си има материјали,каталог си бираш и за еден ден ти е готово се. Перницата е средно мека,малку височка,потоа со спиење се спушти мааалку и сега е таман. Препорачувам :up:
Не да имам некој посебен проблем со перниците, меѓутоа има денови кога станувам со главоболка, па следните неколку не, но осеќам дека тоа е од перниците, сум менувала неколку, но не можам да погодам. Сакам да купам од Дормео, меѓутоа не знам каква да одберам, дали овие што изгледаат како класичните перници или ове со мемори пена. Би било добро кога пишувате од кои перници сте задоволни да ставате слика или полно име, бидејќи има неколку со име силвер, мемосан и сл.