Предложете некоја перница што е слична на Дормео Сиена класик (старата верзија што веќе не ја продаваат)? Пробав од новата Сиена, пробав некоја со разладувачки ефект, мемосан класична перница... Ниедна не ми одговара како што ми одговараа овие старите верзии на Сиена. Спојлер: Сиена Класик
Препорака за убави перници? Не ми треба да се ни премногу тврди ни премногу меки, некоја златна средина
Од која перница на калина сте најзадоволни? Сакам висока и мека. Гледам има повеќе висови па незнам за која да се одлучам
Од таа што е со плава линија околу,со чешлан памук е висока и мека. Ние дома сите сме на тие перници,баш сега пред скоро зедов повторно и се околу 1000 денари .
Дали знаете колку често се на попуст перниците во Jysk? Пред 3/4 дена гледав една 1250 ден, денес отидов да ја видам во салон 1650. Сега ја отварам на страната 1850. И сега се мислам дали да ја земам или да ја чекам на следен попуст ако пуштаат почесто.
Да. Како препорака разгледај некоја од овие три: Перница 1 https://jysk.mk/public/ck/prd/4331501/0cdfa0fa-00bd-11eb-b439-02004c4f4f50 Перница 2 https://jysk.mk/public/ck/prd/4230101/0cdfa0fa-00bd-11eb-b439-02004c4f4f50 И ако можеш да си дозволиш нешто поскапо а ептен квалитетно: https://jysk.mk/public/ck/prd/4300004/fd2d41a2-00e5-11eb-9a6a-02004c4f4f50
Колку време ја имаш перницата од Jysk и дали се деформира лесно? Не знам за кој модел зборите, но ми треба и мене нова перница, а овие од линкот сите изгледаат ветувачки.
Ние земавме перници од Јуск, и презадоволни сме, земавме од поскапите што се околу 3500 и нешто, супер е спиењето само што јас сфатив дека малку ми е висока и сакам да си побарам малку пониска, ама за удобноста нема збор.
Има ли такви кога легнеш главата како во памук да ти пропага? Јас не најдов што ми одговара. Менував неколку и спијам на Дормео ама не ми е убава. Некако вратот ме боли. Сакам такви меки кога ќе легнам главата да ми пропадне без да ме боли вратот.
Јас оваа што ја меркам баш таква ми личи, нека каже некој ако ја има земено. Ако ја земам ќе пишам мислење, ама не ми се брза. Исто и јас таква мека барам зошто имав спиено 2/3 пати на една премека од Дормео, ама ја барав кај нив од поодамна и изгледа не ја носат/произведуваат. https://jysk.mk/public/ck/prd/4241700
Од јуск не сум пробала, ама ваква слична имав од дормео. Најискрено јас се искривив од оваков модел. Од дормео ниту една ми се нема погодено, пробани неколку модели, последната откако ја испразнив успеав да се навикнам. Ама проблемот е што таа не се пере, па и дојде време за промена. Од Јуск такви меки и пријатни ми личат моделите со природно полнење со пердуви од патки и гуски. Има ли некоја пробано?
Ја имам скоро цела година. Ја имам оваа https://jysk.mk/public/ck/prd/4300004/fd2d41a2-00e5-11eb-9a6a-02004c4f4f50 Со природен пердув е. Делува како хотелските соби премиум што се перниците, кога ќе легнеш да пропадне главата. Мислам дека немам подобра инвестиција во перница направено. Инаку и другите две пред оваа што ги објавив погоре се исти, само што се со вештачки пердув полнети, таква зема сопругот. Има разлика, не многу голема ама и тие се одлични
На веб пишува дека можат да се перат и сушат во машина, перење на 60 степени, а и сушењето да не биде на повисока температура од 60 степени.