Јас долги години спиев на некаква си охридска перница, што кога ја купивме беше голема, ама со текот на времето спласна. Особено последниве два месеци ми беше ужас за спиење, секој ден се будев со огромни болки во вратот и рамењата. Многу се превртував во спиење, напнат и стресен ми е периодов, па перницата секогаш ја смачкував. Решив дека редно време е да си купам квалитетна перница. Прво ќе се залетав по Дормео, ама многумина ми кажаа дека не се задоволни. За разлика од Дормеото, Симпо перниците ми ги пофалија, па расчепкав на нивниот сајт и си ја одбрав оваа Кога прво легнав на перницава, ми беше чудно што не ми пропадна главата во неа Премногу ми е удобна, како и да се завртам убаво ми лежи. Немам проблем со вкочанетост, за разлика од претходно кога поради лоша положба на телото имав болки и во р'бетот. Еве линк од сајтот ако сакате да се информирате повеќе. Не знам зошто нема цени, конкретно мојата чинеше 1270, а со некаков попуст ја платив 1140. За Дормео периниците не би можела ништо да кажам и да направам споредба, затоа што не сум ги користела. Ама од овие сум презадоволна. Ги препорачувам
Најубави но и најскапи се перниците од Одеја. Јас имам една со вискозна пена која е стара 11 години и воопшто го нема сменето обликот. Имаме неколку различни од Дормео, но релативно бргу го губат обликот и се смачкуваат по малку.
Анатомска перница имам, не знам што марка е, со години ја користам и веќе редно е да ја менувам (буквално секаде ја носев со мене ако требаше да спијам на друго место, дури и до Америка е шетана перницата моја ). Имам уште една обична, многу е голема и мека, не е убава ич за спиење, ама ми служи за гушкање, или ако спијам со милиот, се наоѓа за него
Веќе 4-5 години ја имам Дормео Силвер онаа против паразити и прав што е наменета за луѓе кои страдаат од алергии (јас не ама што има врска) сама се проветрувала бла бла. Анатомска е што ми е многу битно, несакам премногу тврди ни премногу меки перници, вака мемори пената се прилагодува на тежината и обликот на мојата глава и ми овозможува одлична положба за спиење, не би ја менувала за ништо!
Јас спијам на голема, висока и мека перница со некоја заштита од алергии. Порано спиев на антибактериска од Leo или Lion не ме фаќајте за збор, ама ја сменив, многу ми беше ниска.
Користам анатомска перница за спиење од српски производител.Ја добив на подарок од мајка ми за роденден.Бев скептик дека ќе имам лесен сон на неа ама се покажа дека висината и големината овозможуваат удобна позиција на главата.
Ние дома ги користиме перниците на ТАЧ и сме презадоволни. Јас лично користам полнета со силикон, и по долга употреба воопшто не е сплесната. Одкако ја користам не патам веќе од главоболки и зрдрвување на вратот
Ние имаме од дормео мемосам класик . Јас баш и не сум задоволна бидејки ја губат формата мн лесно.Насабајле кога ја местам спалната треба онака убаво да ги 'истепаш' за да им се врати првобитната состојба.Требаше од ортопедските потврдите да земам .Овие као се прилагодуват на формата на вратот и главата.Инаку имаат антиалергиска навлака.
Ја имам анатомската Мемосан од Дормео веќе неколку години и доста сум задоволна од неа. На почетокот ми беше малку чудна затоа што е помала од другите перници кои сум ги имала (30х50), но брзо се навикнав и не сум имала некаков проблем. Инаку, многу тешко си наоѓав перница каква што сакам - не сакам многу висока, ниту многу мека, ниту многу тврда. Оваа ми е идеална и не би ја менувала.
Девојки каква Дормео перница ме советувате да земам. Јас имам најстарата со мемори пена, но сакам да ја менувам. Имате ли искуство со Пер Дормире перниците?