Предлог за мека перница? Ја имам на Дормео онаа класичната ама ми иде да ја џитнам, мислам од неа уште толку здрвена станувам.
Исто ако ја пронајдеш кажи ми и мене. Јас ги меркам овие на Галена, ама уште не се одлучив да порачам, барам искуства.
Дали се меки, онака кога ќе легнеш глава да пропага на меко, не како на Дормео? На овие кога легнам се чувствувам како на асфалт да сум легнала а глава на тротоар да сум ставила, почнав цела укочена да станувам
Да меки се и тоа многу,имаше повејке модели и цени најефтината мислам беше 350 таа беше помалку полнете а овие од 600 повејке мада што и навлаката за полнежот е со патент па можеш да извадеш од полнежот ако ти е висока,можеш да си видиш по продавнички како се,и јас тогаш ке земвав од дормеа ама кога ги видов вака на допир воопшто не ми се допаднаа а барав и јас нешто меко и стварно супер се покажа,првен зедов една потоа за сите тројца и еве ги не се нит деформисани нит собрани како некој перници што се прават.
Јас од Комодита си купив лани и ептен ми се погоди. Ваква имам. Уште нема сменето облик, ни е пропадната, а на неа спијам само. Имав проблем со укочен врат често, па затоа земав ваква. Супер ми е вратот и спиењето сега. Обожавам вака високи перници. А и дома си купија, но нив им била цврста и многу висока и ич не ја користат, не им била убава. Се е ствар вкус, очигледно.
Ми треба ниска перница како овие детските од Дормео дали може да најдам некаде таква ама да не е со детски дезени?
Како сте задоволни од Комодита класичните перници? Гледам на попуст му се сите. И некоја дали го имате нивниот јорган за 4 сезони? Јас го имам на Дормео за 4 сезони и ми е преубав ама и го подарив на мајка ми, а гледам Дормео веќе не прават таков, па ако некоја го има на Комодита, би ви била благодарна да ми кажете искуства
Имаме анатомски перници од Комодита, не знам точно кое име беше, ама околу 1200ден беа, онакви вдлабнати. Една година ги користиме и се екстра.
Ти благодарам за мислењето Порачав сет од 5 перници на Комодита класичните, за 590 денари. Се надевам ќе бидат добри.
Јас на тераса имам вакви обични од Комодита, ама ги земав на парче, беа на акција по 80 денари ако добро се сеќавам. Мораше да отстојат за да си го добијат обликот. Мене ми се ок, две години ги користиме не се сплеснати. Ама не спиеме на нив, па не можам да кажам какви се за спиење.
Ги гледам перниците на галена и не знам за која да се одлучам? Можи некои предлог...ниска перница ми треба.фала
jas si kupiv dekorativni pernici i raner za na masa i sum prezadovlna od kvalitetot i kako mi go osvezia izgledot na dnevnata soba