Само Дормео.Господ здравје да му даде на тој шо ги измислил.Кога одам на патувања, и спијам на скапани перници, вратов ми се распаѓа мислам. Годинава сегде каде што бев, спиев на премеки перници, главата ми пропаѓаше. Се мислам отсега сегде со перничето да си одам
gi naracav od facebook eve vi link https://www.facebook.com/profile.php?id=100082840892371 baraj lux rever
И мене ме интересира за new age перниците ,посебно оние со лаванда ,алое или камилица со мемори пена .Дали некој користи да сподели искуство
Си купував Дормео Сиена со години и ептен сум задоволен само со овие, ама немаат веќе од истите. Имаат дормео сиена класична перница но гледам дека е целосно сменета, сега е од друг материјал и се пере, за разлика од овие јас што ги користев. Ги има ли користено некој двата модели да сподели искуство, дали се многу различни?
Дали некој има искуство со перници од Jysk, не сум од Скопје па последно кога бев во Jysk многу ми се допадна една малечка, имаа премногу избор штета што не зедов никаква, гледам имаат online страна ама неможам да се одлучам што да одберам..
Јас ја купив и не сум задоволна.. многу е празна некако, кога ќе легнеш се смачкува скроз и буквално ко на душек да лежиш само. Имав порано перница со пердуви и каде каде беше пополна, мека ама држеше форма кога ќе легнеш на неа. Оваа врска нема, џабе дадени пари. Сега се мислам дали да земам уште една и да ја дополнам за да ја спасам некако да можам да ја користам или само да ја подарам на некој.
Во некои хотели каде имаат вакви ми биле преубави, една била доволна ама најверојатно убаво полнета. Изгледа ова не е тоа тоа. И јас бев скептик
И јас поради хотелските перници се залетав искрено, преудобни се. Ама оваа е далеку од таква. Ако најдеш некоја друга со пердуви, сподели искуство.
Некој што ја користи да сподели искуство дали е добра? Намалена е сега во Дормео. Станува збор за Мемосан перницата.