1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Перници за спиење...

Дискусија во 'Дом' започната од Alesii, 22 јули 2012.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    24.434
    Пол:
    Машки
    И јас се прашувам за истото, сакам да ја земам да сменам од сиена, имав прашано во темава никој не сподели искуство. :/
     
  2. Еlinas23

    Еlinas23 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2023
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Перница со семки од цреша
     
  3. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.393
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам мемосан класичната што сте ја постирале погоре, ама не сум нешто најзадоволна. Може требаше анатомската мемосан да ја земам, или некоја полесна.
     
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Прашував пред некое време за Галена перниците со гускини пердуви, земав и се покајав. Се сплескуваат, дупка се прави и делува тврда. А пердувите многу шушкаат. Барам перница како по хотели, висока и мека, ако некоја знае нека кажува кај има.
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Исто и јас ја земав и зажалив. Ако најдеш таква хотелска те молам пиши, и јас одамна барам
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    761
    Од Калина да ги ѕирнеш,јас презадоволна сум скоро пет години ги користиме и се како што ги купив.Околу 600 ден ги имав земено сега се мислам поскапи.
    Е сега секој си има различно барање а ма се баш како што викаш високи,меки.
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    24.434
    Пол:
    Машки
    Е оти ова не го пиша порано. Завчера ја купив, не сум задоволен. Немам проблеми со болки или нешто, но едноставно не ми е по кеиф :(. Ја нема веќе Сиена со мемори пена полнета, ништо не ми ја менува таа...
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.393
    Пол:
    Женски
    Жал ми е, денес ја открив темава. Мене ми се виде висока онака како што сакам, ама е крута малце, не ми пропаѓа доволно главава, не ми е доволно мека, ама мислам тоа е заради што претходно бев навикната на помека перница од пазар (како ти што си бил навикнат на сиена), па ајде и давам на новава уште шанси, да видам за некоја недела како ќе ја осеќам.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    24.434
    Пол:
    Машки
    Скроз исто и мене. За на грб не ми смета којзнае колку, ама на страна кога спијам многу ми е крута.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Каде ги има? Онлајн имаат страна? Со што се полнети?
    Јас се мислам старава од Дормео да пробам да ја дополнам внатре... И тврдам дека порано и Дормео беа поквалитетни, бар класичната Сиена. Пробав и Лимес, се сплескува и таа, а ја платив 3000+ денари.
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    761
    Незнам за онлајн,јас ја земав од локална продавничка за постелнини во Битола,а за полнежот незнам како се вика ама еве не е сплескана воопшто,сите дома на такви перници спијаме.
    Јас кога барав да купам бев баш за дормео ама воопшто не ми се допаднаа вака на допир кога ги видов.
    А калина сега во февруари имаат попусти на јорганите,лани земав дупли за 1000 денари јорганот е пре пре убав,е сега дали имаат попуст и на перниците незнам,барај по локални продавнички за постелнини.
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.179
    Иди земи си у Медикус од мемори пена, 2 и кусур се ама се асални перници.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    11.881
    Пол:
    Машки
    Од Calina перници(ако зборувате за нив) има во Памук Пале мислам, во Беверли Хилс и во Ново Лисиче.
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    А со пердуви ли се полнети?
     
  15. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    11.881
    Пол:
    Машки
    Не.
     
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    257.888
    Пол:
    Женски
    Вреди ли од медикус хелп перницата против хрчење?
     
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    11.881
    Пол:
    Машки
    Немам искуство со конкретнава перница, но би ти препорачал да се испита причината за хрчењето и соодветно да се лекува бидејќи самата појава иако е доста застапена кај популацијата и некако се игнорира, не е баш бенигна.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    257.888
    Пол:
    Женски
    Беше. И точно е се што пиша, има неколку причини кај маж ми ама и перницава како бонус
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Па на таа се спие ли?
     
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    10.489
    Пол:
    Женски
    Дали некој има перница со пердуви, и како сте задоволни?
    Со години користам на Дормео не дека сум задоволна ама од сите тие некако највеќе ок ми се. Моите се презадоволни, маж исто ама јас кога станам пак не сум некако одморена.
    Барам перница што ќе е мека, пријатна, се си мислам да најдам некоја со пердуви таква ќе биде. До сега никако да најдам.
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.