Перници со пердуви само од Икеа. Најубави се. Претходно користев таква, но сега земав на Дормео Мемосан. Дефинитивно на пердувите им нема замена.
Препорачајте добра перница со мемори пена, веќе деценија користам од тој тип и сум навикната, дојде време да се подновам.
Разгледај ги тие во Jysk, има неколку видови со мемори пена. Од таму си купив во октомври некаде и засега е добра, задоволна сум. На некој попуст беа тогаш па не се сеќавам која беше цената, околу 1000ка +/- се движеше мислам. Претходно имав Дормео од тој модел со вдлабнатина во средината, ама многу брзо ми изгуби облик некако.
Земав перница со мемори пена и гел од комодита и сум презадоволна , вреди секој денар навистина ми се подобри спиењето откако ја имам и се чувстувам посвежо.
Здраво Препорачајте ми добра перница... постојано сум со укочен врат, кичма, болки во грб..(имам и мало искривување на рбетниот столб)
Дали се добри перниците и јорганите на страницава Акција 24? Ми даваат како понуда на пола цена во склоп на направена нарачка.