И јас ќе треба да земам перница. Која е поголема од Лала или од Сомниа? Барав димензии не можам да најдам па вака да сликнете да видевме ..
Ау, навлаката е тешка за ставање, се препотев кога првпат ја местев. А сега кога е за менување, на маж му давам да се мачи, јас само суфлирам отстрана
кај мене па се прави демек знае он како се мести и вика чекај да видиш ја сега како ќе ја наместам и по 10 секунди се откажува не можел уште и мисли име на перницата , кошница ја вика сега за сега не може да ме гушне од нејзе
Какво гушкање, нема гушкања сега до пролет Мене ме тера да си купам уште една. Дали за да си имам нова или затоа што сака една за себе, не знам @RAK91 Сега видов во пораките кога ми вратиле. Вечерта околу 10 сум им пишала, ми вратиле утредента во 9 сабајле.
@0ли сигурно за него е кај мене веќе почна едната страна да си ја приспособува и само го чучкам да се премести инаку тие што се мислите дали да ја купите,да си ја купите обавезно, навистина е преудобна за спиење
Хаха и мојот мм ми викаше не можел да ме гушка од перницата. Се тепаше на почетокот преку неа да ме гушне
Здравоо Да прашам од кога почнавте да користите перница за спиење, значи неколку ноќи не можеме да спиеме не знам никако да најдам положба амаа цел ноќ се вртам лева, десна страна на грб се два минути сум на стомак легнала ама буквално секоја вртеж ми е на 2 минути, а и сеуште не сме толко големи да ни е проблем па не знам до што е до сега немав проблем си спиев на една страна или пак на грб, некој совет ?
Јас не живеам во Мк па не би можела да ти препорачам некоја добра во Мк,нека пишат поискусните,инаку јас од Амазон ја земав.
Јас ја имам од pillows_lala, најди ги на инстаграм. Многу сум задоволна, уште од 8ма недела ја користам
Не можам некако да се навикнам на перницава за трудници. Ја имам две недели. За преку ден за одмарање ми е супер, ама навечер за спиење нервоза ме факја од неа.
Мојата е од pillows lala по ваша препорака и е ПЕРВЕРЗНА. Само син ми ми ја злоупотребува за спиење навечер, а преку ден јас како крава и се тегнам. Презадоволна сум.