Зависи колкава си? (Кој месец) Обично таму 8ми и 9ти бар ја како кран се осеќав и само мм можеше да ме дигне. Колкови ме убија и не ми беше никако удобно. Сега сум 5ипол месеци.
Што е разлика мему Лала и пернициве од Сомниа? 2 саати се местам со 15 перници на креветов, никако положба да фатам.
дали со некоја од горепрепорачаните перници за трудници следи екстра навлака? и дали некој нарачал од тука? некако најок ми се со цена, ама квалитетот кој им го знае. може да не е воопшто коузи како на сликава.
Јас не порачав од тука земав од Сомниа шоп еве веќе 3 месеци ја имам жив спас ми е. Таа оди со една навлака не тинтребаат две тенка е брзо се суши особено сега. Сомниа ја земав 1100
@rainbow_bb јас од pillows lala земав , си одеше со една навлака, си доплатив мислам за уште една и се вкупно ме кошташе околу 2100 (150 мислам достава 2250 се вкупно) . Перницата 1600 + 2ра навлака 500. Ако е топло, јас се потам екстремно многу и менувам често.
@Milkiway @LadyC фала на инфо. мене дефинитивно ќе ми треба екстра навлака, најтрудна ќе бидам есен/зима и не секогаш ги перам постелнините веднаш штом ги сменам. знаат да си почекаат и по ден-два.
Имаат да си одбереш какви сакаш. Моите еве ги, такви имаа достапни во моментот. И да ти кажам не се каам за перницата, сега сум како кит, 9ти почеток сум, и да не е она ќе пукнам. После за бебе планирам да ја користам. И па на даље ќе ја користам, оти е предобра.
Добро утро мајки Да споделите искуство со перниците за бремени и од каде ги купувате? Сакам да си купам една, но на фб ми се појави само една страна и имаше мноогу лоши комемтари, па нормално ми текна на нашите труднички муабети време е да нарачам, се полошо спијам. Убав ден на сите ❤️
Јас уште не сум имала потреба од ваква перница а сум 23+. А и на топлово ме фаќа нервоза. Ставам една голема меѓу нозе само кога лежам странично и тоа е засега. Понатаму ќе видиме. Од која недела почнавте да користите? До неодамна странично дури скоро на стомак легната спиев, т.е така се будев, незнам како не ме притискал стомакот.
Јас земав уште 12та недела и од тогаш си ја користам. Супер ми е да се потпирам кога седам на кауч, за лежење ми е нешто ептен добро ми нема поубаво.. ја утепав јавање преудобна ми е и стварно спас ми е за пред тв не ја користам во спална креветот ни е мал. Ја земав од сомниа шоп 1100 ден стигна за 2 дена и деф најдобро вложени пари. После тоа може за бебе да си ја користите при доење хранење држење мислам дека ептен од помош ќе е...
Имав перница од сомниа шоп. Удобна се покажа, ама ме фати жешкото веќе накај 8 месец кога бев и ја кренав, не можев да спијам со неа. Ептен бев голема и стомакот огромен и никако не можев да се наместам да заспијам, а и по 3-4 пати станував да мочам и не можев да се помрднам.
Јас за спиење користам обична перница меѓу нозе ја ставам друго не ми затребало. А оваа од сомниа ми седи во дневна за пред тв кога лежам, за потпирање на кичма, за јадење во дневна на кауч навечер ќе заспијам на неа. Не знам еве 30та недела сум и не ми смета не ми е ни жешко со неа супер ми е баш не знам без неа како ќе лежев и седев
Јас воопшто не купив се мислев од почеток дали да земам, ама се навикнав да спијам со перница меѓу нозе, еве 28ма+ сум и засега ми е океј, и за седење сеуште немам потреба да ставам перница на кичма, а за спиење обична си ставам.
Практична е не велам не. Сега ја користам наместо гнездо за бебе . Го заградувам со неа и си одам во кујна.
Ми позајмија потковица трудничка перница само навлака си купив. Користам обична перница за под глава и меѓу нозе а трудничката ми е супер за да ја напикам позади грб и да ме држи на страна и бочно лево за спиење. Претходно сум спиела само на десна страна или на стомак ми беше малце тешко додека да се навикнам. Сега ако се свртам така одма ме влече стомак и бебе се буни. Многу ме поти иначе трудничката незнам дали од навлаката или материјалот не ми одговара за под врат или меѓу нозе колку и да е анатомски погодна. Би ја користела за бебе понатаму.
Ќе ти служи. Јас мислев да не го заградувам со неа, ама се витка убаво и му оставам доволно простор за да струи воздух, само од едната страна го заградувам.