Ја нарачав јас од Прилеп, Сомниа беше? Не сум задоволна, се спласнува. Треба 3 дена да не ја користам да се врати или да ја перам на секое едно. Зимово шипки варени што ќе се исуши. Ја имав и од Стружанка таа помала што е, не беше лоша ама и таа се спласна со тек на време. Мислам дека со тие ситните топченца е подобра опција ама тоа е. А за доење оваа мислам дека ќе ми се најде, се тутка лесно, ќе и најдам чаре. Особено во лежечка положба. Е за воља на вистината подобро се спие од претходно со миљарда перници околу мене.
Исто мислење делам. Од позитивни искуства што ги читав тука се решив за неа. Првите два дена си беше супер и уживав, после една недела секаде каде што сум се навалувала, потпирала нозе, раце, се имаше спласнато. Пред секое спиење ја местам во почетна состојба за сабајлето пак сплескана да е. Сега спијам со неа плус перници каде што се потпирам најмногу
Да мека и удобна ама јас си ставам уште една перница одоздола затоа што само таа ми е малку. Инаку кај мене само кај главата е малку сплескана, надолу е буквално иста како кога ја купив, ко нова ми е и многу си ја сакам, се изнаспав со неа
Сега ме замисливте, а баш мислев од Сомниа да ја земам. За првата бременост имав од Лала и бев многу задоволна, не можев без неа да спијам. Ја фрлив бидејќи вратот ми се потеше и имаше сменето боја, па си реков од Сомниа да ја пробам. Колку се сега од Лала, знае некој?
2200 + dostava. Mene mi bese preskapo i si kupiv od sitnik 1350mkd preubava, prezadovolna sum. So topcinja e, ne se spleskuva nikade a eve 1 mesec spijam na nea, plus mm znae da ja zeme pod lakti ja stava i cel potpren na nea, mislev ke ja pukne ama super e. Ja mestev i kako za doenje i taka mi izgleda prakticna ama za toa doprva ke vidime. Vaka za spienje e preubava.
Девојки, ве молам препорачајте ми перница што може да се купи низ ЕУ. Разгледував ама навистина не можам да одлучам.
Ама таа не е со форма како потковица, така? Во смисла, само една страна има? Не можеш и грб да си потпреш ако си ја ставиш напред? Не е ваква?
Ne, ne e vakva Kako potkovica e ama kratka. Ako ja ispravis se pravi kako kifla i e taman odgore do dolu samo na edna strana (ako lezis stranicno) A ako ja svitkas kako sto e kako potkovica, samo pod glava mozes da ja stavis i kraevite stigaat kolku racete. Edit Mnogu e prakticna posle za doenje, pod gradi stoi idealno.
Ништо, таква не ми брка работа, ми треба долга од двете страни. Цело време спијам на страна, па ми треба потпора и за грбот, а и напред за нозете. Од Сомниа перниците за колку време ви стигнуваат дома? Како што гледам, исти се како на Лала.