Јас само навлаката ја имам перено, целата перница тешко да ја собере во машина, не знам не сум пробала.
Хмм ,се мислам дали да го извадам полнењето, па да го исперам и тоа и навлаката засебно нешто алергија ми искочи ,два дена спијам на нејзе и цели раце ми се осипи.
Здраво дечки, сакам да го споделам моето искуство со перница за трудници купена од baby.mkkk. За жал не истражив доволно пред да нарачам, тешки преваранти се, перницата што ми стигна врска нема со тоа што го имаат на слика, а кога пишав да се пожалам не ми ги отвараат пораките... Се надевам ќе помогнам на некоја од вас доколку се мисли да нарача од таму да не се прелаже како мене...
Некоја да сподели искуство со Лала перниците? Вака ми изгледаат супер, ама не е баш евтина да не се зезнам
Јас имам порачано од оваа страна на фб пред 4 години за првата бременост, ја користам и сега за втора бременост и сум презадоволна.
Здраво девојки. Ме интересира дали знаете каде може кај нас во Мк фа се најде перница во облик на прашалник?
Јас купив од Лала 2500 со две навлаки, се препородив со спиење додека бев бремена сега бебла спие на неа и доаѓа како гнездо
Јас си зедов од сомниа шоп мислам 1600 дека беше.Искрено без неа незнам како ќе поминав. И после пораѓај ја користев на почетокот дека царски бев па полесно ми беше со неа да спијам
Дали и вашите перници од Лала после недела-две се преполовиле? Буквално не е ни пола од тоа што беше, на почетокот едвај ја ставав навлаката од што беше полна, сега е како тост смачкана? А преудобна ми беше првите денови дур беше нова.
Скроз разочарана од перницата за трудници од Сомниа. Со намален волумен е, сплескана и празна. А толку и се радував првите две недели, топ беше
Има ли некој користено перница за трудници од Bebehome да сподели искуство дали се добри? Јас ги меркам на Pillows Lala, гледам дека се и доста фалени тука ама и за овие на Bebehome ме интересира мислење.
И преку слика личи како удобна, мека, да можеш да си ја гушнеш. Јас имам на Сомниа, огромна е, со цена се тука некаде како на бебехоум ама навлаката претешко се става заради формата. Мислам дека помека е многу позгодна, затоа што оваа што ја имам повеќе од пола спална ја зафаќа пошто е ептен полнета.
Здраво, јас почнав болки во кичма да добивам па сакам перница да си купам, се надевам ќе ми помогне. Гледам ја спомнувате перницата од Лала, дали се уште сте задоволни од таа перница или би ми препорачале некоја друга? Фала
Јас ја користев некаде од 6ти-7ми месец, иако немав видлив стомак ме болеше кичмата и затоа се одлучив да ја земам. Искрено ја скапав користење, секоја вечер до крај спиев со неа и ми беше многу поубаво и за кичмата и за карлицата понатака кога почна да ме боли.