@Ano преку фејсбук ја порачав ,им пишав во инбокс која перница ја сакам , адреса и тел број им дадов . За 24 часа ми ја доставија ,околу 14 часот беше. Ептен брза испорака . Си плаќаш кога ќе ја земеш ,плус 130 ден на каргото .Може и на работа да ти ка донесат ама бајаги големка е
Благодарам @ada21 , Јас мислев дирекно преку страната на somniashop, ама ај ќе им пишам на fb за да видам како може да се договориме за после 5 да ми ја достават. На работа ми е малку непријатно да ја примам.
Ада , добра е перницата ? .Јас мислам деновиве да ја нарачам. Не бива веќе, не сум отспиена . И колку сум смотана, земав перници од топ шоп, не оти ми требаа беа на акција, место да земам ваква
Јас кликнав на страната , одбрав перница и чекам некоја да пише и да нарачам Ама тоа е тоа, сите се исти. Оние на групер беа поскапи и не ми враќаа кога им пишав кога им заврши понудата. А изгледа исти се.
Има пишано ада дека е добра. Има и слика ставено на претходната страна. И јас ја порачав чекам да ми стигни
И јас нарачав од Somnia Shop, им пишав во inbox и денес ми се јавија да ја потврдам нарачката па ја чекам овие денови да стигне.
Мене ми пишаа од страната да нарачам, нарачав оттаму. Еве овој модел Имаат и јорганче вакви бои да ми стигне перницата па и тоа да го нарачам . Ми стигна меил дека е примена нарачката, карго 130 ден. до врата.
@eli25 здраво Ели. Задоволна сум ептен е убава перницата . Само првата вечер ми беше малку неудобно дека ми е висока за главата ,навикната сум да спијам на ниска перница . Инаку супер е немам замерка
Еии супер штом е висока, јас пак неможам да спијам на ниска перница и баш на тоа мислев цело време каква ќе биде.
Ама не чекаш ништо. Јас на страна на сомниа. Го пратив во кошничка и потоа од таму ја завршив нарачката со детали. сега чекам достава само.
Што убава е перницава. Само што не знам колку ќе ми е од корист затоа што сеуште немам проблеми со спиење.
Овие перници се мултифункционални. Обично после ги лористат за доење или потпирање на бебето. Ака ако не ти треба сега ќе се снајдеш и за другите намени
Јас се распрашав кај колешка од Прилеп за фирмата имале супер квалитет. Ми ги препорача и јорганите па следно и тоа ќе нарачам
@Ano ти стигна ли перницата? Мојата уште ја нема, сигурно е рано. Едит дури зборевме се јавија од курир и човекот нејќеше да се качи до горе на 4 спрат ми рече да се симнам да си ја земам и му викам бремена сум ( башка лифтот не работи нема струја) аааа вика ништо не смеам комбето да го оставам така Карго до врата оставаат. Овие ко на пазар симни се!
И јас нарачав од somnia shop. Ми стаса вчера. Навлаката е прекрасна, многу е мека. Ви ја препорачувам на сите.
Мене ми стигна вчера, исто со каргото ајде слези и ајде јас слегов па освен перницата имав порачано и мали перничиња, па се сама влечкав по скали Инаку перницата изгледа супер, ја немам пробано, перев навлаки, па вечер ќе ја пробам каква е за спиење.