Девојки што ја имате перницата од Сомниа дали со неа има резерва навлака или има само една? И дали материјалот е памучен? Плус кога сме кај Сомниа сакам да го порачам и комплетот (бебешко јорганче + перничка) дали некоја од вас го земала и дали се добри?
Јас ја имам нарачано белата перница од Somnia. Материјалот на навлаката е многу убав. Нешто како плиш е, многу е мека. Јас сум презадоволна. А резерва навлака нема. За бебешкиот комплет и јас сакав да го нарачам, убаво изгледа. Ако го нарачаш ќе споделиш искуство
Јас не можам да спијам или пак незнам да спијам на оваа перница. Поукочена сум, понезгодно ми е за станување. А башка што е огромна па сирот мм бега у ќош. Некако нит стомак потпирам, ми бега страната и паѓа на земја...ќе видиме при крајот како ќе користи ама сеа за сеа џабе ја имам.
Јас ја и имам и многу ми се погоди. Резервна навлака нема, а и јас сакам да се јавам да прашам дали воопшто имаат. Мојата навлака е памучна, се вади и се пере. Јас колку што знам шијат за странски пазар и држат до одреден квалитет. Само незнам дали исто е производството за тука и надвор. Ако дознаеш повеќе сподели.
Дури и внатрешната навлака има патент. Ако сакаш можеш да ја испразниш од полнењето и да ја испереш па да ја наполниш повторно. И не се плаши во прв момемн ако малку ти е тврда. После кратко време се прилагодува. Со здравје да си ја користиш.
Перницата од стружанка, таа и за доење што е како ја користите/местите? Нели е мала и не сфаќам кај би ја ставила. Таа па од сомниа ми изгледа огромна, не знам дали ќе ми ја собере на спалната а и не ми се допаѓа што има дел и за главата, не знам колку е удобна. Вака око ми фати една на Чико, пишува дека е во три дела и ми изгледа најпрактична ама 3000 и нешто кога видов цена се откажав. Постојат ли други перници освен овие или пак да ми кажете која е најпрактична.
Дали сте задоволни од пернициве? Јас немаше да купувам ама имам болки во грбот и некако во спиење несвесно се вртам на грб и маж ми само ме кара, неодговорна сум била и денес се изнервира, вели да ги купиш сите перници на свет и да си ги наредиш околу тебе , па сега гледам да нарачам една од овие.
Добро утро девојчиња. Дали знаете негде да се продаваат навлаки за перници? Вчера добив користена, а таман разгледував да си купам и баш каква што сакав, само без навлака. Па ако некој знае негде да се продаваат вакви навлаки ке ми биде од корист.
Каква перница имаш конкретно? На пример ако е од Стружанка перницата таму има и навлаки. Иначе јас си земав од Стружанка за почеток, си реков секако за доење ќе ми треба па еве колку толку брка работа. Ќе видиме колку ќе врши работа кога ќе ми порасне повеќе стомакот, па ако треба ќе си купам уште некоја .
Во Германија сум и преницата е од тука, ке прашам во една продавница каде што има добар избор, ако не еве размислувам да си купам сепак иако оваа е каква што сакав со перли. Сестра ми ке доага на гости па мислев ако има таму да ми донесе она.
Користена добив од пријателка, неможела да ја најде навлаката па ми ја даде така затоа барам навлаки. А и цела не ја собира во машина па на рака ке ја перам.
Здраво на сите, ве читам и гледам има доста задоволни од перницата за трудници од сомниа, сакам и јас да купам ама претходно да си прашам дали од тие што купиле има некојa околу 155cm висока? дека универзална е перницава и за 180см високи и за 150см, па не знам дали ке одговара за пониски како мене