@AnonimnaDevojka Јас сум висока 1,60, ја купив, ама не ја користам од причина што имам и наддушек дормео и треба или него да го тргнам или неа од причина што пропаѓам па не успевам да се свртам, ама ја пробав во дневна на тврд кревет и супер е. Се надевам ти помогнав со одговорот.
Дали некоја од вас мамички користи трудничка перница за спиење? Дали вреди да се купи и од која недела е најкорисна?
Јас си ја купив од старт па се до сеа сум презадоболна си ја местам и секоја вечер ко бебе спијам Купи си ја не се мисли
Женски, тие што сте ја земале од Сомниа перницата дали е згодна и за доење бидејќи гледам дека е прилично долга..? Друга препорака за перница за спиење, плус да се користи за доење?
Јас користам две перници, ама не за трудници Ако не се тие неможам да спијам, трудничка не ми ни треба
Јас имам една долга и мека ,од Анжи ја купив,не е толку долга како тие од Сомниа,ако сакаш ќе ти ја дадам да ја користиш ,да не купуваш ако те бендиса
За спиење, така? Јас од минатиот пат ја чувам таа од Стружанка но ми се сплеска, плус нема навлака, ќе треба цела да ја перам, а не ја собира во машина...абе компликации И така некако решив дека ми треба нова, посебно за доење, ги гледам новиве полукружни се баш дебелки и полнички. Со таа од Стружанка се искичмив.
Да за спиење е многу убава,и оваа нема навлака ама поголема е од таа од Стружанка и помека,ќе ја најдам и ќе ти ја дадам па ако ти одговара земај и бегај
Еве и јас ќе ти потврдам како @kukla21 за спиење ми беше одлична, ама за доење не се снајдов баш со неа и не ја користам. Гломазна е, нема како да влезеш во неа со бебе во рака, ниту па можеш да ја наместиш.
Ја немам конкретнава, но иста форма е и мојата и неколку месеци веќе ја користам, од кај 3-4. Мене многу ми се погоди за спиење и легната и сега веќе полуседната а претпоставувам дека ќе ми помогне и после при доење.
Мешиња го пратив муж да земе перница за трудници во стружанка му дале за доење перница. Е сега оваа е кратка како за спиење плус крива ама ме држи исправена колку толку да не го гмечам мешлакот . Вас оваа ви вршеше работа или од подолгите за трудници сто се?
Сликни ја ако не ти е тешко, јас незнаев дека има два типа на перници од Стружанка. Мојата е од пред 4 години, форма на потковица но не ми се најде за доење, многу е сплескана, но затоа за спиење сега во бременоста ми е супер!
Како ми расте стомакот така се ме боли особено грбот и кичмата,вака не ми беше првиот пат,уште сега се чуствувам како тенк Користете ли перници за трудници и од кои? Гледам од тие огромните ама скапи ми се 1000 и нешто денари.
А и оваа ме интересира. Кога легнувам без перница меѓу нозе не можам да заспијам а наутро перницата не ми е потребна уште поубаво ми е без неа. Си мислам од ствднување на пупето ќе е ??? Ви се случува тоа ???