Јас од интернет страната нарачав, таму дава различни видови на дезен да си одбереш, доставата мислам дека беше најмногу за 3-4 дена... Инаку ја имам од 9та недела и сум презадоволна, максимално ми го олесни спиењето, ама знам дека маж ми не би се согласил - пола кревет го зафаќа, за него одвај се наоѓа место кутриот
Нарачав сега од страната си пишува се убаво,ќе си ја пречекам за 2 до 4 дена . Само два дезени пишуваше дека има ја одбрав uneven spot. Немаше слика да видам се надевам оваа е. Море да ме спаси од болки во колк каква сака нека биде
Истата и јас ја имам супер е од кога ја земав од првата ноќ со неа одма најдов позиција за спиење додека пред да ја имам неможев никако да се наместам и се вртев цело време на полу стомак а со неа се навикнав странично да спијам си има потпора за стомакот и грбот. Среќа што ја нарачав бар се изнаспав хахах
Што порано тоа подобро хаха јас негде 5 месец ја порачав ама се каам што и порано не ја земав што се мачев за да најдам позиција и сите перници ги собрав по дома хаха и џабе пак не најдов позиција
https://somniashop.mk/product/pernica-za-trudnici/ @Ive13 еве од оваа страна си ја нарачав се си пишува како оди и нарачката и цена
Јас ја имам истава перница од тука е купена ама јас само 2 дена спиев со нејзе кога беше топло времето. После кога почна да заладува не можев да ја користам оти ми сметаше од јорганите и кебињата
Воопшто не помислив на тоа со прекривките,но со толку холеми болки сум во колк да ми помогне па ако треба и не се покривам
Јас ја имам од сомниа преку фб ја нарачав. Уште се дружиме. Имав болки во грб сега е супер. Мм едвај чека да се породам да ја фрлам под спална за да дојде до мене вака перницата ја гушка место мене
Таа од сомниа што е, ја гледав ама некако голема е..ама и јас со мојве 180см не знам како ќе можам да спијам со неа покрај јорган и ќебе Па затоа прашав за од стружанка дали ја има некоја.. ме пишмани бе срцка...инаку како е со големина?
Срце мене не ми врши работа, не е голема,негде до гради ти доаѓа од кога ќе полежиш неколку пати, а иначе демек до колк доаѓаше. Плус многу е тврда, незнам дали да земам да и вадам од тоа пунењата, ама како и е да не чини. Вратот башка свиткан цело време. Не ми прија мене. Ја глеав таа од сомниа големата ама маж ми ме предомислува ми вика и таа нема да ти чини знам, ставај перници од страна А за доење и за потпирање на глава дур си така во полуседачка позиција океј е.
Мене воопошто не ми сметаат прекривките. Перницата ми е под нив и врз мене имам кебе и јорган и спијам нормално како со др перница
Страниве подолги треба да се за да ти врши работа. За да можеш нозете да ги ставиш. Врати им ја и земи си друга.