Јас спијам со ваква перница за доење и мене многу ми врши работа. За првото ставав голема тврда перница меѓу нозе и така немав болки во колковите. Сега за второво ја користам оваа. Не знам како ја местиш ама на оваа не можеш и со главата да легнуваш, мала е за така. Пробај да ставиш перница под глава а оваа да ја ставиш помеѓу нозе и делот што ќе ти излезе од меѓу нозете да го наместиш под мешко. Ако ме разбра Се надевам ќе се наместиш, ако не чувај ја за доење
Се мислам срцка многу дали да ја порачам таа од сомниа, што ако не ми се погоди во спиењето..дур си дремнувам во дневна си ставам перница дормео од страна и не е лошо има разлика, ама не знам дали би можела цела ноќ да спијам со неа, ќе нема многу вртење
Да бе девојче па со глава легнувам па незнам поинаку. Ја ставам помеѓу нозе така што ќе ја отворам некако цела и ќе ја бутнам странично под нога едниот дел или? дај спаси ме те молам, незнаев дека има начин да се искористи чудово
Еве @*Лорена* пишала еден начин ама не ја разбирам баш Ај ти кажи ми како ја сфаќаш со методов на користење на перницава?
Да не мисли едино, да ја ставиш обратно..округлиот дел што е, наместо под врат околу меше да дојде ... Или и јас погрешно разбрав
Иии па вие цел елаборат сте направиле на темава Округлиот дел (или делот спротивен од двата краеви на потковицата) ставете го помеѓу нозе (како да ја јавате перницата). Половина од перницата ќе ви дојде зад грб а другата половина наместете ја под меше. Посликовите од ова не знам како да ви објаснам. Секако дека перницава не може и нозе и стомак и глава да покрие, мала е за така. Не знам како и под глава ја местите ама се надевам ме разбравте.
Баш како јавање. Поубаво објаснето амин. Од сомниа е мека ама мене ми е ниска ставам перница па неа, многу се вртам ама со неа убаво се угнездувам дали 2,3 пати се вртам ради бебе што клоца у ребра па боли
Еве вакво јавање така? Втората слика? Само јас ќе ставам обична перница за под глава а другава меѓи нозе...Сконтаааав, ќе пробам вечер баш! Thankssssssss
Така така да, обична перница под глава ќе ставам! Леле ко Америка да ја открив се осеќам Дај Боже да успее, незнаете колку ме боли левиов колк
И јас си нарачав Пред два дена кога пишувавте тука имаше два дезени на залиха, сега само еден и уште 12 се. Што прави форумов сите изгледа читаат и фрчат нарачки
Ми стигна денес од сомниа перницата. Ќе пишам сабајле како сум спиела. И нека шарнст тука за нашите феминки гратис една две за волкава реклама и нарачка
Јас нарачав од таа розевата како карирана- барбери модел што е. Уставри само тој модел им е останат други нема Ја имаше вчера и таа со точките шарените и таа е интересна. Ај каква е таква е само нека врши работа.