Ве молам кажете каде можам да најдам декоративни перничиња, жолти за во дневната ? Гледав убави во веро центарот, меѓутоа ги имаше во сите бои освен во жолтата така е секој пат кога ќе се одлучам за одредена боја, мислам дека доколку сега се одлучам да сменам и да барам зелени перничиња, магично ќе исчезнат сите зелени перничиња а рафтовите ќе бидат преплавени со жолти хахахахахах
Thanks Ќе проверам викендов ... јас вчера силом прилике си купив едно портокалово, како најблиско до жолто, ама планирам да го дооплнам со 2 жолтки
Феминки знаете ли каде има убави квалитетни перници за спиење. Врат искривив веќе сакам да се убаво полни и големи , да не се сплескаат од 3 спиења
Дефинитивно обожавам перничиња.Го разубавуваат домот и рабиваат монотонија, а малите ми се многу симпатични.А тие од кадифе па... прекраснотии !!
Ги имате видено некаде овие цели со ружички како ова белово скроз десно? Може не е најсоодветна сликава ама...
Мене цела соба ми е со перничиња. Од најразлични бои до најразлични форми. Како помала бев колекционер во собирање на перничињата и уште ги обожавам.
спијам на Дормео перница и си ја обожавам, прво треба да се навикните малку па после да спиете. Инаку имам перничиња со штрумфета, и штрумфовите и не ги користам многу само ми ја красат собата
А видам перница одма се фрлам, било да е на кревет,на подот.. Не дека сум голем љубител на перници ама сум толку голема мрза, се движам со брзина на една желка и што е до мене да видам перница би легнала и на улица Имаме перници во дневната, заедно си одат со гарнитурата, добри се за гушкање и одмарање, некои + перниња од типот на ,,џиџи-миџи‘‘ немаме, ич не сакам такви Јас спијам на дормео, добра перница е, ниска е па често си ставам и обична перница под Не ми е од особена важност шарката, бојата, важно ми е да ми дава добар сон затоа што тој зависи и од перницата
Каде да најдам/направам убави големи украсни перници за на гарнитура во дневна? А да се со навлаки или лесни за перење или барем навлаки. Нешто вакво барам.
Женами е опседната со перници, а мене па ме нервираат. Дур да ги тргнеш сите за да легнеш ќе се раздени. Сега сака вакви како со клавир. Каде може да најдам, сте виделе негде?