Ја го имам користено само гелниот чистач. Лесен е, лесно се измива не ја суши кожата. Мене лицето ме беше ужасно слободно пиши ми ќе ти пратам слики од пред да почнам да ги користам работите што ми ги кажаа и од сега
Јас ги користам истите производи (место rich хијалуронската ја имам light) задоволна сум , само мислам гелот ќе го заменам , а и маслото за нешто друго, имам чувство дека не ми е добро исчистена кожата како што треба особено по шминкање. Само кремата на Mary&May ја немам пробано
Неколку пати сум пишала, најдоброто нешто што и се случило на мојата кожа, проследено со професионална поддршка во секое време, што резултираше со крај на сите мои проблеми со кожата. Луѓето навистина знаат да си ја работат работата, имаат образование за тоа, искуство, беспрекорна грижа за клиенти, нешто сосема различно од тоа што е вообичаено и просечно, друго ниво, моја најтопла препорака, каде да стигнам зборувам, а и мојата кожа исто така
Малце касно, ама и јас имам исто искуство со магнолиа. Од тие нејзините производи ми се појави текстура на лицето којашто никогаш не сум ја имала. Лицето лом ми се плаче. Наместо да оди кон подобро, цела сум комедони или фунгални акни и стварно не знам дали воопшто ќе ми се оправи лицето.
не се секирај, може треба време производите да дејствуваат или во краен случај ко мене, не ставав ништо и си помина тој период ужасен што беше резз на ту мач состојки и ден денес мислам. Таа жена мене ќе ми остане како тешка с*љанка пок*ндурена, без разлика на сите дипломи. Ако немаш однос и култура основна се е џабе. Во однос на козметика за мене највеќе ми помогна само мед. козметика и храна. Никакви серуми есенции више не експериментирам
Не сум ѝ ги користила, само знам еднаш пишав во порака. Тоа што ми го препорача не го ни погледнав, зашто ми стоеше ко за 50+ годишна жена. Тука беше толку фалена на времето.
Дефинитивно. На фб една девојка во една група бараше помош за акни. Една и ја предложи баш магнолиа. Јас коментирав најкултурно дека ми е влошено лицето од нејзината рутина, но дека тоа е само мое искуство.Ја не знам од кај се откопачи магнолиа и таму да ми пишува како секогаш ќе имало лоши коментари и да сум ја контактирала да видела што е проблемот, демек не можела да го најде мојот меил. Душо не фала неам ја уште 50 евра да давам на глупости и да те пунам тебе со пари
Морам да го потврдам истото, ме блокираше и на инстаграм, бедно. И кословметикс скроз истото ми го направија. @sleepingbeauty
Хахаха мене и на стори ме објави господичната. И ме блокираше па луѓе ми праќаа. Страшно. Само зборува за Културата нејзина Европска. Инаку девојки јас откако ставам само мед.козметика и не шлакам глупости, по некој третман на ливце некогаш лицево ми е топ, да не се подречам.
Што си ја налутила толку? Хахаха, мене ми кажа дека НЕ СУМ ЈА ЗАСЛЕДИЛА НА ИНСТАГРАМ, а сум барала рутина, а тоа што по нејзина препорака купив СЕ не важи. Чекав рутина 3 недели и пишав кои продукти не ми одговараат, ја немаше да врати. И пишав на мејл: "после да не те чуди зошто не те следам веќе". И ме блокираше. А, кословеметикс имав искоментирано под пост за некои продукти и ме блокираа. Спојлер: Стори објава
И јас не сум задоволна од рутината на кослов. На почеток ајде ок, треба време, ама буквално никаква промена нема кај мене. Им пишав, дрско ми одговараат на емаил, и ме убедуваат дека треба време. А поминаа скоро 4ри месеци. Другарка со сосема друг проблем со лицето, и ја дадоа скоро па истата рутина како мене. Изгледа што ќе им трефне, тоа кажуваат. Верував дека сликите на инста им се реални, ама по се изгледа не ќе да се.
А како може да помогне рутина само преку слики од лицето. Згора на тоа дадена од непрофесионалец. Ама на овој начин си ја зголемуваат потрошувачката препорачувајќи скапи производи.
Јас се прелажав со магнолиа поради тоа што еднаш држеше семинар на медицински факултет. И си викаш ај штом ја викнале има појма жената. Ама ете… памет за друг пат.
Ме предомислуваш сега, и јас сакав да барам рутина од нив. Иако ми треба само за обична хидратација. Најчесто земам мини продукти од кај нив за да испробам.
Ако ти е само за тоа и сама можеш да си направиш, разгледај им ги убаво продуктите, прочитај опис и што содржи, и ќе знаеш што ти треба. Мене двапати ми правеа рутина и двапати лицето ми фифна од црвенила ми изгоре. Сама си направив после тоа исфрлив се што купив.
Побарај рутина, ништо не губиш, колку да видиш што ќе ти кажат. Не мора да ги купуваш баш тие производи..
Јас користев производи на кослов од лани август месец, бев задоволна од неколку производи, ама многу масно ми го правеа лицето некои од нив, па убедуваат како е потребно време, и секој месец треба да се сликаш и известуваш, е сега кај мене гледаа дека во однос на флеки и нема некое којзнае какво подобрување и само ми трупаа производи,коридтев серуми пептиден, хијалуронски, ретинол и кога се пожалив дека имам доста митисери на брадата ми дадоа и салицилна и се откажав , милион работи искрено да кажам не сакам да воведувам ,подобро ми е лицето доколку користам помалку работи , мн комплицирано ми стана. Кога им кажав за митисерите ми рекоа добро ќе биде да одам на дерматолог на чистење за таа проблематика За сликиве, јас имам една познаничка што користеше нивна рутина и единствено со една флека имаше проблем и за година и исчезна па,продолжи сп нивните производи.