И јас ќе ти препорачам рутина од Магнолија, 2-3 години сум на нејзина рутина и секогаш сум добивала одговор.
Здраво девојки, како сте задоволни од рутината на Magnolia Glamour? Колку е безбедно да се препишува на тој начин средства што очекуваш подобрување на здравствена состојба на лицето?
Не ти препорачувам општо од никој таква рутина, не може преку слики некој да знае за твоето лице што и како му треба. Јас од кослов земав рутина ама не ми се погодија воопшто производите, џабе 200 евра имав дадено , најубаво сама направи со рутина истражи со производи.
Не најдов таква тема, слушнав некаде со апаратче испитувале тип на кожа на лице и спрема тоа што козметика да користиш. Дали случајно некој знае каде?
Нешто како анализа на лице. Не можам да си најдам соодветна козметика, дури и на кожно не ми погодуваат.
Го имаше и во дм а и во аптекиве на зегин ако не се снајдеш почекај кога ќе има некоја промоција објавено и оди секако е бесплатно Мене лично во зегин ми правеа
Денес бев на анализа со 3Д скенер во Елокси во Рамстор мол. Презадоволна сум од анализата, професионалниот однос, советите и препораките. Треба да се закаже термин, затоа што консултацијата е со фармацевтот, закажав преку нивниот инстаграм профил. Топла препорака
Козлав девојките се закон! Многу се обучени и информирани. Прават рутина,даваат совети и се многу приступачни и пријатни за разговор. Убаво искуство. Топла препорака! Работат со закажување на термини,но може да ти “ускокнат”. Мене ми ускокнаа така,ме примија без закажан термин кога немаа работа. Културно си прашав,не ме одбија
Не се плаќа ништо. Се закажува како што кажа @koritsaki на тој линк,или телефонски сигурно можеш. На постот на инстаграм им пишуваше дека анализата ја прават само во центар дуќанот