Oваа песна кога и да ја слушнам ме растажува, ми создава меланхолично расположение, а сепак ми се допаѓа песната. Во мислите ми ги носи приказните на моите родеители за нивната безгрижна младост, пријателите нивни, дружбите, моето рано детство... Некои од тие луѓе на кои помислувам секогаш кога ќе ја слушнам песнава, веќе ги нема, а со тоа ги нема и тие нивни прекрасни дружби. Сега тоа дружење на тие што останаа е сведено на еднаш во годината, најчесто собир да се назначи денот во сеќавање на некој веќе не е меѓу нас. Оваа ја објавив, но не е единствена, има и уште многу други песни кои ме растажуваат, некои се дури и весели, но тоа се песните на моето тинејџерство, песни кои кога ќе ги слушнам не можам а да не рикнам во плач, сите ме потсетуваат на мојата прерано замината најдобра и најсакана другарка која ми фали секој ден во животот. Еве една од тие:
Со оваа песна се испратив многу близок лик (почина). Никогаш доволно не го ценев и дури сум жива ке ме боли и дури сум жива нема да ја слушам песната.