Не дека се измислуваат нови песни, ама со едни исти песни на репертоар, ја би ја прогласила вашата свадба за досадна и конвенционална. Па толку немате сопствен вкус па копирате репертоари од мал милион свадби? Ај песни ко песни, ама и музичарите колку можат да унаказат атмосфера со нивните импровизации - тоа е чудо нешто. Може младоженците и гостите се у занес, ама мене ми се иде еден тањир од глава да им акнам од нивниот непрофесионализам. Убаво вика Трендафилка, кога ќе чуеш почетна песна за валцер Од овој ден, знаеш што те чека.
На нашата свадба групата свиреше според нејзиниот репертоар. Сите песни што ги свиреа ми се допаднаа. А и на гостите исто така. Не свиреа забавни песни, затоа што бевме малку млади. Имаше и нарачки. Има и групи кои што незнаат да направат добар сплет на песни и кои што цело време свират само ора.
Јас сега со тоа се занимавам , ако има некој спремни листи за забавни песни нека ги пише тука, тоа најмалку ми текнува. А за народните одев по листа од една песнарка и еве што одбрав, може ќе му се најде и на некој друг 4 месеци свадба се спрема Сношти сакав да ти дојдам Свадба македонска Бело лице љубам јас Бил бил рано пее Павле ми пие Во влашкото маало Врана коња јавам јас Дедо мили златни Доста време ерген одев Налеј налеј налеј Ја излези стара мајко на пенџерето Крушево абер пристигна Ајде што си бевме големото друштво Заврти се мила Магде Не кажувај либе добра ноќ На срце ми лежи мила мамо Пара бери киселец Пилето ми пее По друм одам мајче Не стој Доне Донке С каменички фрлат мамо Сестра кани брата на вечера Деспина Сторил ниет зајко зајко да се жени Сум се родил мераклија Фато мори душманке Черешна се од корен корнеше Четворица комити од Балкан ми слегоа За забавниот дел имам проблем, и за македонски и странски, да имаше од кај да бирам ќе си одберев што ми се допаѓа а вака сам кога треба да ти текнат не ми текнуваат
Феминки дајте некои предлог македонски, српски и странски песни за забавен дел, зашто не би сакала да оставам на конвенционалните песни за овој дел, бидејќи се веќе стварно досадни.
Jas si imav spisok koi pesni ne sakav da mi gi svirat i im kazav na sviracite i tie ako se uporni gostite sto ke pravime i im rekov sto sakate pravite jas ve plakam i tie pesni ne sakam da gi svirite.Do 11h bea pozelbi neli od domasnite kumot,starosvat..posle vecerta imavme zabavna muzika veruvajte i postarite uzivaa isto kolku i mladite
Абе ја отворив за совет овде ама коа видов кои бљувотини од песни се турени -пошандрцав Без навреда, секој со свој стил и вкус. Јас сега средував листа, прво ќе оди саат време на почеток од Cant help fallin in love (Елвис) до Ета Џ. Нина С. Дин МАртин и сл...па ќе се префрлиме на латино. Негде саат време пред крај ке оди нешто од Џорлев инструменталка и то је то. П.С. да, за свадба се спремам
Женчиња помош со листа на песни... Да има и македонски и српски... Ама никако да не се патриотски... Не сме на митинг