1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Песни од македонските национални избори за Евровизија

Дискусија во 'Музика' започната од Ace Cetvrti, 15 август 2023.

  1. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Ставени се целосните снимки од неколку наши избори на Јутјуб каналот Reactionary Eurovision. Па кој сака нека повели: :)











    2007 има најдобар начин на претставување на резултатите според мене. Би сакал повторно да имаме таков начин на претставување резултати на наш избор ама гласачките центри да бидат осумте статистички региони на нашата држава со јавување од најголемиот град во тој регион: Штип, Струмица, Велес, Битола, Охрид, Тетово, Скопје и Куманово. :) Но, да биде 50/50 со 5 членови во жири комисијата од по секој статистички регион (што значи вкупно 40 жирија).
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    А еве го изборот и од 2004 (но, за жал нецелосен), ставен уште пред неколку години од друг Јутјуб канал:



    Изборов од 2004 го гледав баш на денот кога ја избравме Андреа да не претставува во 2022.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Таа година требаше да не претставува Гиш


    Андријана Јаневска дефинитивно беше подобра од ХХЛ


    И таа година кога победи Каролина, Андријана беше подобра
     
  4. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Јаки песни се овие двете на Андријана. Штета што никогаш нема да знаеме што ќе направеа на Евровизија; во секој случај ќе беа едни од најдобрите во тие мизерни години на Евровизија ама да не заборавиме дека ние сме Македонија. Инаку, иако ја сакам Од нас зависи, сепак би рекол дека подобар избор ќе беше О шери, мон шери бидејќи е побрза, подинамична, некако по-captivating.

    И нејзината песна победничка од Скопскиот фестивал 2001 (Носталгија) е преубава балада, но за жал таа година немавме право да учествуваме.

    Друга работа, „За нас“ на Каролина од изборот во 2000 година е дело на Дарко Димитров и баш ме интересира зошто после тоа тие двајца никогаш повторно немаа соработка и останаа само со таа како заедничка песна.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    Мизерни години?Дечко уз должна почит,мислам дека тогаш имавме многу повеќе избор на артисти,и тоа пред се квалитетни,хитови што публиката ги сака и бара до ден денес..Што друго остана да се каже?:(Кого би пратиле денес?Освен Антонија Гиговска и Лара што можат да не извадат од овој музички мрак,вака ко поквалитетни изведувачи.И евровизија се гледаше од прва до последна минута,со гласање,со телеволтинг,прогласување победник,со се...А ова денес е парада на ексцентрици,на геј популација,на пациенти,на мизерни испревртени европски вредности...Со другово горе-долу можам да се сложам.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки

    Мизерни години за Евровизија. 2000, 2001, 2002 се години кога навистина се ретки добрите песни и претежно припаѓаат на радио-поп жанрот. Мнозинството се ужасни песни и ова е општо мислење меѓу фандомот (барем оној од кој јас бев дел). Знам дека тогаш во Македонија била многу популарна Евровизијава ама тоа е бидејќи тогаш ни беа нашите први учества и поради некоја причина секогаш сме се палеле на Евровизија ние. Од 2004, па во наредните неколку години Евровизијата доживеа експанзија во однос на земји учеснички и жанрови и тоа се всушност моите омилени евровизиски години.

    За твоето мислење за Евровизијата сега се согласувам. (y) Исто така се согласувам дека порано имавме побогата музичка сцена и подобра музика.

    П.С. И 90-тите беа добри, онака 'classy' и културни евровзиски години. Ама политиката/пристрасноста отсекогаш била присутна.
     
    Последна измена: 15 октомври 2023
    На SummerGirl и Sophitas им се допаѓа ова.
  7. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    А со она 'да не заборавиме дека сме Македонија' мислев дека и покрај тоа што на Андријана песните се супер и би биле едни од најдобрите таму, можеби сепак не би имале добар резултат поради тоа што сме политички немоќна и во глобала несакана држава.
     
  8. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Се сеќавате на „победниците на Евровизија 2008“, штета што МРТ ги дисквалификува.
    :D:D:D:D
     
    На ЀѐЍѝ и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Мислиш на Боки 13, Биг Мама и Ферус?

    Штета што ги дисквалификуваа. Сигурно ќе отидевме во финале. Баш ме интересира кого ќе пратат оваа година на Евровизија.
     
  10. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Да, нанив мислев самите на пресконференција рекоа дека се „победници на Евровизија 2008“.
     
    На ЀѐЍѝ и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Колку што знам тогаш МРТ имаше покането 6 изведувачи, а останатите учесници беа избрани преку конкурс. Боки бил специјално поканет. И овие што биле избрани од конкурсот се бунеле да ги дисквалификуваат овие шесте посебно поканети и затоа МРТ се решиле на тој чекор. Штета, бидејќи нема ништо спорно во тоа националниот емитер да покани специјално некои изведувачи. Португалската телевизија на пример исклучиво поканува композитори да напишат песни за изборот и самите тие да си најдат изведувач.

    Ама тоа е, некои наши автори (Копров, Калиопи) исто така негодувале кога Тоше бил интерно избран за 2004 (ни едниот ни другиот не напишаа песна за Тоше во 2004).
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Е па, сигурно ќе беа победници да не ги дисквалификуваа. Штета. Јас сакав они да бидат претставници таа година. Секоја година нашите избори ги следат скандали.

    Сега скоро прочитав за Калиопи.. Дека се бунела за изборот на Тоше. Таа година имаше многу што се бунеа. Демек... Не бил само он пејач кај нас.
     
  13. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Да.
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Оваа песна лани беше пратена на српскиот конкурс, но не беше примена да учествува на изборот. 1) Им беше страв дека ќе победи бидејќи не сакаа повторно да пратат песна со фолк звуци; 2) Им беше страв дека ќе победи, а сакаа повторно да пратат нешто алтернативно и нетипично за Србија (Лук Блек).



    Бомба од песна. :l:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Кога сме кај одбиени песни, еве една убавица која беше одбиена на хрватскиот конкурс/избор во 2021. Бидејќи од старт наместија за Албина, Тик ток и Михаљевиќ, а тој избор е поврзан и со други скандали поврзани со местењето ама ај да не тупам непотребно.



    Нека се шири убавината. :l:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Лук Блек беше катастрофа. Најлош претставник до сега што го имала Србија. Не знам што им стана. Какви претставници имаа - Жељко Јоксимовиќ, Јелена Томашевиќ, Марија Шерифовиќ, Милан Станковиќ... И песните им беа добри. Ги следам националните избори. Нема саглам песна. Истото го мислам и за Хрватите. Еден период и они испраќаа добри претставници. За Албина се согласувам дека беше наместено. Откако заврши националниот избор имаше доста негодувања за победникот. Лани го достигнаа врвот. На што личеше тоа. Мислам дека и таму имаше местенка. Мораа да бараат начин да влезат во финале. Денес читав дека на крај на декември ќе го објават конечниот список на земји учеснички.
     
  17. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Кај го прочита ова?
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    На некој од евровизиските сајтови. Ако најдам ќе објавам линк. Секако мора до Јануари да бидат објавени. Тој месец ќе има и ждрепка за полуфинале.
     
  19. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Еве некои преубави песни од странските избори. Ќе направам и втор дел.

    Dotter - Bulletproof (Шведска 2020)


    Elsie Bay - Love You In a Dream (Норвешка 2023)


    The Kolors - Frida (Mai, Mai, Mai) (Италија 2018 )


    Tanxugueiras - Terra (Шпанија 2022)


    YUKO - Galyna guliala (Украина 2019)
     
  20. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Италија 2017


    Финска 2014


    Унгарија 2017


    Шведска 2021 (Ја обожавам Дотер, можеби ќе ја видиме на домашен терен во 2024. Песните ги прави со нејзиниот партнер/сопруг кој има босанско потекло)


    Италија 2020


    И уште многу други. :D