Бидејќи во повеќето, ако не во сите песни што ги постирав, владее некој сериозен тон, еве уште овие двете да ѝ дадам еден забавен шмек на листава: Финска 2020 Шведска 2014 Совршена Евровизија за мене е: -продукцијата и сценографијата на шведскиот Мелодифестивален -жанровската разновидност на украинскиот Видбир -и оркестарот на италијанскиот Санремо
Молдавија 2023 Требаше да победи. Пејачкава ја претставуваше Молдавија веќе во 2013 година исто со одлична песна, една прекрасна балада.
Од тие песни Љубена, Го лажам секој нов рефрен се најдобри... Ангел си ти беше баш несреќен избор, може и лично му се допаѓала, не знам, ама еве 20 години подоцна, овие две плус Зошто отиде и Далеку од мене уште се слушаат и пеат, што не е случај со избраната песна.
Јас тогаш малечка бев, и искрено не се сеќавам кои се песни биле во игра, али сеа вака кога гледам, срамота какви хитови испаднале ради Ангел си ти.
Па и јас, 91ва сум, колку сум имала, 13 години. Ама не знам како покрај песниве успеа Ангел си ти, која ни на македонски не е добра, а Life па да не правам муабет да победи... Ама па и жириво едно што го имале, има на Вики да видиш кои се, не би им верувала баш за бирање на хит.
Јас многу добро се сеќавам на изборот на песната. Во трка останаа Далеку од мене и Ангел си ти. Тоше ја одбра втората песна. Односно, и даде најмногу гласови. Подобро ќе беше да ја испееше македонската верзија. Упорна сум во тоа дека Далеку од мене е супер песна. Ама скандалот со Мартин Вучиќ и Александра Пилева не се заборава.