Песна која заслужува да е песна со најмногу прегледи, но секогаш на врвот се такви глупи песни како Деспасито. Песна на која плачев кога и да ја слушнам. Деспасито? Како бе да не ти стане досадна песна која ја има насекаде околу тебе. Дома имаат забрането пуштање на Деспасито, бидејќи кога и да слушнев дека некој ја пушта, ја гасев одма. На сестра ми и беше ставена на ѕвонење, па кој и да и ѕвонеше им исклучував. Па мораше да ја смени, и од тогаш владее мир во нашата куќа. Песната од Тејлор ми се свиѓа. Искрено со нестрпение чекам да испадне некоја песна, која ќе ја замени Деспасито, па така да навивам за песничката.
Секој преглед на Деспасито е заслужен! Се согласувам дека песнава е преувеличена, да излезеш да прошеташ низ град сигурно барем еднаш ќе ја слушнеш (во некој маркет, кафич, итн.). Но тоа не е причина сите да ја хејтаат песната и изведувачите. Многу е грубо да се каже дека музиката пропаѓа. See you again има подобар текст и силна порака бидејќи се пее за смрт на актер, за разлика од Деспасито, во која се пее за се*с. Но Деспасито е заразна песна и има подобар ритам. Gangnam Style исто така има добар ритам, и мислам дека се прослави со специфичниот танц. Се сеќавам дека пред неколку години сите се обидувавме да играме на песната. Во секој случај ни една од песниве не е за хејт.
Еве неколку: Chantaje,Shake it off, od JB ima mnogu, Roar,Side to Side,Shape of you,Cheap Thrills, itn.
Despacito заслужено е најгледаната песна на youtube, секогаш кога ќе ја слушниш те расположува, те тера да заиграш, има таков неверојатен ритам, многу e catchy, текстот е многу интересен, спотот пресупер, дефинитивно песна која го одбележа летото , ВРВ
Дали сметам дека музиката пропаѓа? Не. Би рекол дека тоа така само изгледа, затоа што музиката ја перцепираме преку топ листи, песни со најмногу прегледи на Youtube и слично, што значи речиси исклучиво преку призмата на поп музиката. Here's the thing: поп музиката никогаш не била квалитетна - ни денес, ни пред 10, ни пред 50 години. Не ми верувате? Еве листа на број еден билборд поп синглови, од 1946-та, до 2016-та. Разгледајте ја и ќе се уверите. За постарите поп песни и изведувачи денес речиси никој не ни чул; а за оние изведувачи кои се познати, ќе приметите дека „најдобрата“ песна која е на листава е уствари сосема просечна за тој изведувач. А ако погледнете по години, ќе се запрепастите која песна е одбрана за најдобра - особено кога знаете најмалце 10 песни кои се 100 пати подобри, а се излезени истата година. Тоа е така затоа што поп музиката е као тренди мода and it doesn't age well. Она што некогаш било ултрамодерно после само неколку години изгледа кичесто и демоде. Така да, ако се водиме исклучиво според бројот на прегледи на Youtube, да, можеби делува како музиката да пропаѓа. Ама, поп музиката и летните хитови никогаш не ни биле мерило за квалитетот на музичката индустрија генерално. И денес има огромен број на одлични изведувачи и групи, само не ги барајте помеѓу видеата со најмногу прегледи на Youtube.