Здраво девојќи како сте? Ми беше малку досадно па решив да напишам нешто. Сите вие сигурно сте пробале да напишете некоја песна/расказ/фраза епа напишете дел од неа еве ја мојата(имам многу напишано): Пишувала сум за живот,осаменост,радост.... ОСТАНАА САМО ЗВУЦИТЕ НА МЕЛОДИЈАТА ВЕЧЕРВА ПОВТОРНО ги слушам звуците на мелодијата ,,Бакни ме за разделба`` и сакам да си покрај мене. Тивко и нежно влезе во моите мисли и го исполни моето срце. Звуците на мелодијата ми внесуваа некаква тага,а пред мене блескаа ѕвездите на ноќта кога случајно бевме заедно на роденден.Се сеќаваш ли на тие ѕвезди? Се сеќаваш ли на мелодијата ,,БАКНИ МЕ ЗА РАЗДЕЛБА``? Твоите очи трепкаа како ѕвездите во ноќта. Игравме,а јас ја чувствував топлината на твоите раце.Те чувствував толку близок.Лесно забранувана од звуците пропаѓав во јама,а на дното се стопив од светлината на твоите очи. Кога ѓи отворив очите,ти повеке не беше покрај мене.Ги видов само ѕвездите,а на грамофонот се вртеше друга плоча.Сакав да заплачам и да те најдам во длабочината на распраното срце. Но знам,знам дека сум безимен дел од твојот живот.Знам дека секој мој поглед е залуден.Но и понатаму ке сакам секој миг да се најдам во твојот клас,да се сретнат нашите погледи,да го задржам твојот поглед до едната средба... :geek: