Петиција за воведување СМРТНА КАЗНА за силувачи и педофили

Discussion in 'Општи дискусии' started by Keanu_R.Wick, Dec 28, 2019.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,411
    Likes Received:
    59,320
    Gender:
    Female
    Смртна казна е премалку за силувачи, педофили и оние кои измачуваат животни. Направиле толку грозоморни дела и да дозволиме да се спасат едноставно, наместо да се соочуваат со последици цел живот?

    Јас сум за доживотен завтор, хемиска кастрација за тие што не си ги контролираат нагоните и секој ден до крајот на животот да бидат измачувани физички и психички. Кај нас се премногу благи казните. Ќе поседат неколку години в затвор и потоа кога ќе излезат пак си го прават истото што го правеле. Таквите личности нема никогаш да се сменат, затоа мислам дека е најдобро она што претходно го набројав.

    За да не страдаат други жртви и за тие да се соочат со последиците од нивните дела.
     
  2. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Joined:
    Apr 28, 2017
    Messages:
    104
    Likes Received:
    1,277
    Gender:
    Female
    Разбирам од каде иди мислењето дека педофили и силовачи треба да добијат смртна казна и долго време се согласував со тоа, дури не дознав за случаи кои стварно се многу многу полоши и по брутални од силовање и педофилија, но и за нив не мислам дека смртна казна им е соодветна.
    Според мене смртната казна е спас за ваквите луѓе, а тоа дека имаат страв од смрт мислам дека кај многу луѓе кои се педофили и силовачи во поќето случаи чисто се сомневам.
    Друг аргумент шо би го дала е условите при кои е извршено злосторството, начинот на кое е извршено, бројот на жртвите, размислувањето на силовачот/педофилот и неговата ментална состојба и способност, оти едно е да се испијани некој па да е силован, друго е да е издрогирана личноста па да е силвана, друго е да е целосно свесна но не да се спротистави, друго е да се спротистави, мора да се земи во предвид и тоа дали пред или после силовањето имало физичко насилство... Можам да редам примери со деној, но поентата ми е дека не е толку црно и бело има премногу фактори кои треба да се земат во предвид и да се донесе соодветна казна.
     
    Someonespecial, Lella and daylight like this.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,281
    Likes Received:
    4,366
    На многумина им се познати Христовите предупредувања кои по смисла галсат меѓудругото:
    со која мерка мерите и вам ќе ви се мери, кој се фаќа за меч, од меч и ќе загине.

    Душите на погубените поради такви нагонски злодела најчесто талкаат врзани за Земјата, барајќи меѓу луѓето слични на себе си. При тоа се обидуваат телепатски да влијаат врз нив со цел преку нив да извршат исти или слични злодела бидејќи немаат повеќе физичко тело но го имаат силниот порив, и/или пак да им се осветат на законодавците, гласачите, џелатите и подржувачите низ јавноста. Луѓето поради своето незнаење потоа тоа го толкуваат како: „наоѓање на погрешно место во погрешно време„.

    Од таа причина смртната казна нема да ги запре, напротив може да ги засили. Да беше смртната казна решение и мерка за заплашување не ќе имаше наново и наново, па дури и потешки злодела низ земјите каде што истата се применува. Ситуацијата таму не се подобрува туку се повторува па дури и влошува.
     
  4. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2019
    Messages:
    576
    Likes Received:
    1,237
    Gender:
    Male
    Собери си ги дома бе, куќен притвор. Психологија на педофили...жртвите многу ги интересира дали некој им ја испитува психата на тие монструми, кои утре пак ќе создадат жртви! Кој тресе глупости?!? Сѐ нешто да се пишело само. Луѓево искоментираа тука десет опции за казна, ти се најде да пишуваш кој што како!
     
  5. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2012
    Messages:
    350
    Likes Received:
    2,774
    Gender:
    Female
    Хемиска кастрација спомна @theowndemon, не физичка. Што значи отстранување на нагонот за секс. По оваа логика што ја спомнуваш и останатите луѓе кои се без сексуален драјв, т.е. немаат либидо би станале убијци.
     
    candy.cane, SStasia and theowndemon like this.
  6. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Joined:
    Aug 9, 2018
    Messages:
    423
    Likes Received:
    485
    Gender:
    Male
    КАТАСТРАЦИЈА НА ЖИВО ДА ОСЕТИ БОЛКА И НА БЕСИЛКА !!!
     
    Keanu_R.Wick likes this.
  7. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Joined:
    Feb 1, 2019
    Messages:
    853
    Likes Received:
    9,994
    Gender:
    Female
    [QUOTE="Briar Rose, post: 4739402, member: 114150" меѓутоа мислам дека прашањето за смртна казна има и поинаква позадина отколку само инстинктивна.[/QUOTE]
    И јас сметам дека има поинаква позадина освен задоволување на животински инстинкти.
    Пред се да напомнам дека не сум за смртна казна бидејќи смртната казна сметам дека би била оправдана само да се применува во утопистичко општество, а бидејќи такво не постои сметам дека и оваа казна не треба да постои.
    Како прв аргумент сметам дека оваа казна се применува во земјите кои кога направиле cost-benefit anayisis од финансирање на затвори со сите затвореници и финансирање на затвори со број на затвореници намален за број на умртвени затвореници со смртна казна им излегло дека поповолно е да поддржуваат смртна казна од финансиски причини.
    Како втор аргумент нема 100% сигурност во непристрасно досудување на истата, а ако се утврди по подолги постапки дека е погрешно спреоведена бидејќи самата казна е иреверзибилен процес нема како се надомести реално штетата од нејзино спроведување. Има многу интересен филм на оваа тема True Crime(1999).
    Повеќе сум за доживотна казна бидејќи во најголем број случаи претходни престапници по основ извршено силување или педофилски напад го повторуваат истото дело и најчесто самите се жртва во детството на таков чин. Затоа сметам дека повеќе треба да се вложи во препознавање и спречување на овие појави и да се подигне свеста за тоа преку поголемо вклучување на социјални работници и работници во областа на семејни студии како и психолози.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Joined:
    Nov 23, 2017
    Messages:
    10,818
    Likes Received:
    97,399
    Gender:
    Female
    Знаеш зошто идејата да собираш гласови за петиција ти е трагикомична? Пошо толку малку ја разбираш темата што мислиш дека сите што не поддржуваат смртна казна сакаат дома да си ги приберат и поддржуваат силување. Е затоа три чисти немаш што збориш.
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,684
    Gender:
    Female
    @RosettaStone се согласувам и поради тоа сметам дека не треба концептот за смртната казна да се гледа од површен аспект.

    Смртната казна, барем според мене, не е толку ефикасна колку што одредени луѓе си мислат. Таа нема да го спречи извршувањето на злосторства бидејќи истите приближно ќе се случуваат дури иако се применува оваа санкција. Причината и нејзината примена не е само спречување на понатамошни злосторства, туку и начело на правда кое не може лесно да се отфрли.

    Интересно е како во теорија се претпоставува дека смртната казна не е општа волја, па следствено на тоа, дека не е ниту волја на злосторникот. Ова асоцира на тоа дека се би претставувало општа волја, освен смртната казна. Тогаш се поставува прашањето чија волја е смртната казна? Како таа воопшто се појавила во законот, односно правото?

    Се мисли дека и смртната казна мора да се смета како општа волја, бидејќи на поинаков начин, најважното човеково добро - животот - не би било заштитено со правото и законите.
    Слична филозофија се применува и за останати злосторства кои се санкционирани. Однсосно, секој би можел слободно да изврши кривично дело кога би знаел дека нема да биде санкционирал или осуден на смрт.

    Тоа се чини како решение кое би било соодветно применливо во едно цивилизирано човеково општество. Со други зборови, решението се согледува во превоспитувањето, кое би овозможило виновникот да стане добар човек кој со своите добри дела ќе ја надомести штетата што ја направил со злосторството и истовремено би докажал дека повеќе не претставува закана и опасност за луѓето околу него.

    Меѓутоа, дури и ова претставува одолговлекувана и оспорувана претпоставка поради две основни причини:

    1. Фиксиран психолошки профил
    2. Општествена стигма

    Првата причина настанува поради човековиот нагон да убива, што не секогаш е препишан на инстинкт, што значи дека човек би убил друг човек ако тој за него претставува животна закана и се наоѓа во опасност.
    Многу аспекти на антисоцијалното однесување, вклучувајќи го и насилството и убиството, бара проучување на мозоци, гени и еволуција, како и општествата кои се направени од овие фактори.
    Временскиот период кога насилството меѓу луѓето опаднало е премногу кратко за да се убеди дека апелирањето до природната селекција е убедливо. Ако луѓето се еволуирале за да убијат, тогаш ми се чини дека тие, исто така, би се развиле да живеат без убивање, со оглед на вистинските околности кои ги опкружуваат.

    Причина за извршување злосторство можат да биде поради, на пример, поради непресметливост како што се алкохолизирана состојба, состојба под опојни и наркотични средства често доведуваат до убиство, за кое човекот не е свесен или пак е полусвесен.
    Но посоодветна причина се психичките болести како психопатија, социопатија се исто така начини кои предизвикуваат луѓето да имаат одредени карактеристики или пак недостаток од нив, за да стане потполно имун на вина или пак да му даде некоја бизарна причина зошто би сакал да изврши злосторство.

    Втората причина настанува поради третманот кој злосторникот го добива откако ќе биде пуштен на слобода да живее меѓу луѓе повторно. Општествената стигма исто така игра голема улога во психологијата на злосторникот. Човекот е социјално суштество и поради тоа за него претставува потреба да биде прифатен од општеството.
    Личноста што е носител на стигма се соочува со предрасудите кои ги има околината кон носителот, кои се најчесто генерализирани и кои имаат влијание врз неговиот идентитет. Со други зборови, се смета дека поранешниот злосторник има "дамки" на карактерот и токму тие придонесуваат тој да биде третиран како девијант, со што се ограничуваат неговите легитимни можности. На пример, бившите затвореници не можат да добијат работно место со своите квалификации, тие се сметаат за опасни и недоверливи. Тоа уште повеќе ја зголемува нивната склоност кон девијантно однесување.

    Меѓутоа, ако го земеме убиството како основна штета, тогаш јасно е дека истата не може никогаш да биде надоместена - таа е ненадоместлива, затоа што е убиена една личност, а таа личност е неповторлива, не можат да ја заменат ни безброј други личности.
     
  10. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2019
    Messages:
    576
    Likes Received:
    1,237
    Gender:
    Male
    .
    Тоа за дома го пишав после твоето непотребно, бесполезно, евтино, критикување. Во демократијата законите се носат во парламентот, а до таму стигнуваат на неколку начини. Еден од тие е опишан горе и можат да го коментираат само писмени членови.
     
  11. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2019
    Messages:
    576
    Likes Received:
    1,237
    Gender:
    Male
    .
    Не, луѓе без совест и без страв од последици би станале убијци. Затоа викам да се кастрираат во мозокот наместо меѓу нозете. На крај, мислам дека нема да се воведе ваква казна сѐ додека не се случат неколку жртви блиски на функционери.
     
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,684
    Gender:
    Female
    Човековиот инстинкт за убивање во денешно време не може да биде толку површно и генерално дефинирано. Оригинално, фактот што човекот започнал да го убива и сопствениот вид само означувало дека според когнациите кои се развивале кај него, тој започнал да прави дистинкција меѓу луѓето, споредувајќи се со нив и одлучувајќи кои луѓе за него се опасни и му го загрозуваат животот, а кои не.

    Со други зборови, преку еволуцијата на истинктот и развојот на мозокот, ситуацијата каде порано некое диво животно му претставувало опасност и човекот го убива, се создала слична симулација на истата ситуација само каде што во овој случај друг човек му претставува опасност на предиспозицираниот и потенцијален убиец.

    Меѓутоа, од друга страна, човековиот инстинкт за убивање може да се активира, односно нагоните да излезат на површина поради следниве битни фактори:

    * принципот на задоволство
    * "сенката" или ID
    * самоодржување (инстинкот за преживување)
    *психичка болест
    * непресметлива состојба

    - Принципот на задоволство претставува инстинкт кој бара задоволтво и избегнување болка со цел да ги задоволи своите биолошки и психолошки потреби.
    Така, ако некој најчесто има некоја емотивна болка, која е во најголем број случаи нерационална (како љубомора, алчност, одмазда) убиството може да настане за психичката болка да престане и да настапи задоволството со тоа што одредена личност повеќе не е меѓу живите.

    - Сенката е позната како темната страна на човекот, дел од неговиот карактер кој главно се фокусира на оние нагони кои не препознаваат никаков морал но се појавуваат за да ги задоволат сите наши инстикти, вклучувајќи глад, жед, односи итн.
    Сенката е причинителот за сите оние дејствија во кои сме постапиле лошо или злобно, дејствија кои при наш свесен ум не би ги направиле, односно не би постапиле на таков суров начин - па меѓу овие злобни дејствија може да припаѓа и убиството.

    - Самоодржувањето или познат и како инстинктот за преживување најчесто е причина за убиство кога се обидуваме да се одбраниме од некого. Ова претставува човеково однесување кое го обезбедува преживувањето на еден организам и е универзално меѓу живите суштетсва, вклучувајќи го и homo sapiens.
    Така, во одредени околности човекот е приморан да убие за да го спаси својот живот.

    - Психичките болести како психопатија, социопатија се исто така начини кои предизвикуваат луѓето да имаат одредени карактеристики или пак недостаток од нив, за да стане потполно имун на вина или пак да му даде некоја бизарна причина зошто би сакал да изврши убиство.

    - Непресметливоста како што се алкохолизирана состојба, состојба под опојни и наркотични средства често доведуваат до убиство, за кое човекот не е свесен или пак е полусвесен.
    Сепак, верувам дека и одреден човек кој има намера да убие некого, намерно се доведува во дрогирана или пијана состојба за да добие поголема храброст да го изврши делото, како и да се надева дека ќе се извлече по закон ако се прогласи за непресметлив.
     
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2019
    Messages:
    576
    Likes Received:
    1,237
    Gender:
    Male
    Ти си ми омилена форумџика оти си едуцирана, смирена и љубезна :) но, што со педофили и силувачи? Што предлагаш како казна за такви злоставувачи?
     
    Briar Rose likes this.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,684
    Gender:
    Female
    @Keanu_R.Wick тоа повторно зависи од самото изведување на злосторството (закани, со/без оружје), психолошкиот профил на злосторникот, возраста и положбата на жртвата, како и правниот систем на државата.
    Сепак, сметам дека според националниот кривичен законик, за сите посебни околности мора да има дефинирано одредена санкција.

    На пример, мене воопшто не ми се допаѓа што во Канада, а особено Судот за Правда во мојот стејт, се толку попустливи во врска со "sexual crimes against children". Тие дозволуваат жртвите максимално да страдаат пред да ги казнат злосторниците, особено ако тоа се нивните родители.

    Така беше со еден случај, каде таткото со иницијалите "P.M." вагинално и анално ја силувал сопствената 13 годишна ќерка “approximately ten times” преку скоро целата година. Исто така, полицијата при претресот на домот нашла скоро 2000 слики со детска порнографија на неговиот компјутер, а дел од нив вклучувале слики и видеа во кои таткото ја силува ќерката.

    Мнозинството сметаа дека таткото добил премала казна за сексуалните напади, односно пет години за силувањата и една дополнителна година за детската порнографија, што значи вкупно шест години.
    Можеби од страна некој ќе каже дека пет години не се мал временски период, меѓутоа проблемот е што, базирано според случајот на "P.M." пресметано е дека едно силување се казнува само шест месеци, што се смета за премногу блага казна.

    https://c2cjournal.ca/2013/03/why-are-canadas-courts-soft-on-sexual-crimes-against-children/

    "Ontario courts have consistently held that rape of a child by a parent is appropriately punished by a sentence of only three to five years imprisonment. In order to be sanctioned by more significant periods of incarceration, simply raping a child isn’t enough: Ontario appellate courts have generally required additional aggravating circumstances in order to exceed the five-year barrier."

    https://www.lakinafolabilaw.com/what-is-the-minimum-sentence-for-sexual-assault-in-canada/

    Во нашиот кривичен систем имаме нешто што се нарекува "mandatory minimum sentence" и таа се изрекува само ако жртвата на силување е под 16 годишна возраст и мислам дека најмалку трае една година во затвор. Ама ако жртвата има 16+ години, тогаш можат да се изрекуваат само "maximum sentences". Генерално кажано, силувачите и педофилите се казнуваат со притвор од неколку месеци до неколку години, зависно од самиот случај.

    Слично како мојот претходен коментар за човековите нагони и инстинкти за убивање, така треба да се разгледаат, односно анализираат и сексуалните злосторства, но и последиците и штетите од истите и според нашите сознанија, да се размисли какви санкции би биле најсоодветни за злосторниците.

    Така, ако го земеме силувањето, односно сексуалниот напад како основна штета, тогаш ќе забележиме дека истата, и покрај тоа што нема целосно ненадоместлива природа, сепак постојат бројни вредности и добра кои на жртвата и се одземени, плус можност за предизвикување сериозни психички и физички последици. Односно, жртвата можеби ќе остане жива, но квалитетот на нејзиниот живот и целокупно здравје ќе бидат значително оштетени, кои на еден или на друг начин, мора да бидат надоместени или целосно или делумно, зависно и од нејзиниот капацитет, волја и способности.
     
    Keanu_R.Wick likes this.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4,364
    Likes Received:
    19,953
    Gender:
    Female
    Смртна казна, ама неколку години во затвор нив малце да ги силуваат. Во многу држави педофилите не многу добро си поминуваат во затвор и така им треба да осетат како е. А не после неколку години ќе го пуштат и пак некое дете да унакази. Џабе кастрација кога силување може и без " Алатот" да направи.
     
  16. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2019
    Messages:
    576
    Likes Received:
    1,237
    Gender:
    Male
    Различни земји, различни закони. Еве на пример, во Норвешка, злосторникот би бил чуван во комфорни објекти и со него би работеле психијатри, за да направат функционална личност и безопасен граѓанин.
    Во средниот исток, ги бесат или им ги отсекуваат главите на плоштад, за да дадат пример на другите и да спречат следно потенцијално злоставување.

    Прашање на филозофијата е, како да се казни виновникот, зошто да се казни на одреден а не на друг начин, дали да се казни или да се воспитува итн. Такви злосторници јас лично гледам само како (не знам со што да ги споредам а да не навредам друго суштество), ете како возрасно месојадно животно кое изело човек, истото е фатено и ако се убие - премалку и блага казна; ако се чува во кафез - ќе убие пак; ако се припитомува (норвешкиот метод) - нема да успее, формирано е како такво...

    Сите опции испаѓаат и останува само една, смртна казна со претходно страдање (затвор, самица).
     
  17. referentka

    referentka Moderator Staff Member

    Joined:
    Nov 13, 2012
    Messages:
    14,793
    Likes Received:
    323,771
    Смртна казна -не.
    Колку и да сме гневни на некого, поголема казна е да го оставиш да живее бедно и мизерно во затвор отколку да го лишиш набрзина од маки.
     
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Joined:
    Oct 5, 2018
    Messages:
    841
    Likes Received:
    3,165
    Gender:
    Female
    Овде не станува збор за педофил, тука станува збор за многу посериозен профил и сериозно психичко нарушување или психопатија со предиспозиции за сериозен сериски убиец. Ги има сите параметри кои водат кон тоа почнувајки од самото детство каде што бил тепан од својата мајка и од децата во маало и исмејуван од девојчињата. Плус се верува дека човеков има ај да ги наречеме така слаби сексуални компетенции ии плус со тоа што сите жртви (3 и обид за 4, нерачунајќи ја Моника) ги шишал барал од фризерки коса значи дека истово лице покрај животински нагони, висока интелигенција и прорачунатост (што е утврдено од вештак) има и потреба од трофеи (што е присутно скоро кај секој сериски убиец). Имам разговарано со тогашен директор на затвор во Босна и самиот кажа колку уствари затворите немаат ресоцијален карактер и неговото истражување покажа дека скоро сите престапници (па дури и некои кои што направиле несакано кривично дело) стануваат мастери во тоа што го прават и излагаат со поголемо знаење искуство или како што кажа он ако ограбил некој 3 коли кога ќе излезе ќе ограбува и коли и станови и фирми. Исто сакам да кажам дека според законот во србија комонто може да се извади дека е луд и да помине мн полесно. Многу деликатна тема е ова, но мислам дека постојат начини и за вакви монструми.
     
    Keanu_R.Wick likes this.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Joined:
    Sep 27, 2015
    Messages:
    6,687
    Likes Received:
    25,272
    Gender:
    Female
    Зашто смртна казна? За полесно да си поминат? За таквите гнаси треба доживотен затвор и секој ден да се мачат до тој степен самите да молат да умрат.
     
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2011
    Messages:
    830
    Likes Received:
    1,792
    Gender:
    Male
    Педофили и силувачи... :)
    Кај е идејата за смртна казна за политичари што против народна воља менуваат име и идентитет на еден народ, воведуваат странски јазик како втор официјален, лажат и крадат од народот и се генерално причина зашто четвртина од Македонија е иселена од осамостојување до денес?
    Овие луѓе уништиле илјадници животи. Ама ај ќе ги убиеме овие од кои ни се гади, водени чисто од емоција. Уби куче скитник што те нападна? Ајде на бесилка.

    Ова башка чисто како хипотетички муабет. Се разбира дека никаква петиција или израз на народна воља не вреди ништо во Македонија.
    Не сме Швајцарија ок?