1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за воведување СМРТНА КАЗНА за силувачи и педофили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Keanu_R.Wick, 28 декември 2019.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Сериозен си со муабетов?
     
    На Srckata28, sjdgo, Keanu_R.Wick и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Добро идеја. Треба да има смртна казна, ама тешко да ќе дојде до тоа кај нас. Јас би предложил да се собира потписи за екстрадиција на педофилите во Кина и таму да им се суди за педофилија и смртна казна.
     
    На sjdgo и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно сум против смртна казна.

    За вакви, доживотна самица и тешка, животно-загрозувачка работа под надзор, на пр. рудник, каменолом,поправање кровови на висококатници...
     
    На CameliaMiller, Mrs. Lovett, Keanu_R.Wick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Интересно звучи, ама потсеќа на робовладетелските општества.
    А пишаа и претходно, се трудиме да имаме што е можно поцивилизирано.

    Силувачите и педофилите треба да скапаат во затвор. Доживотно.
    Малце сум несигурна за мојот став во врска со силувачи што биле самите во алкохолизирана состојба (или слична на истата) па не биле потполно свесни што прават. Не дека ги оправдувам ни разбирам, ама не можам во ист кош со другите.
    Исто и педофилите кои не загрозиле нечиј живот. Тука се работи за болни луѓе. Верувам дека ги има такви што се сексуално привлечени од деца, а не направиле ништо затоа што знаат дека е лошо. Можеби гледаат детска порнографија или слики од дечиња, ама искрено не наштетиле некому. Дали стручна помош за овие, изолација.. не знам. Најчесто и траума од детството (злоставување од возрасен) го предизвикува ова кај нив.

    Тешка тема искрено. Ми се гади од овие. Искрено повеќе ми се гади од силувач кој е близок со жртвата, отколку рандом забеган на улица.
    И жално е што има толку мали казни.

    Ама смртна казна не е никако решение. Затоа што да бидеме реални, никој од жртвите не е мртов (физички). Значи и за убијците треба смртна казна.

    За членот што ги спореди овие 2 категории со политичариве т.е спореди силување и педофилија со менување име и крадење... те молам размисли пред да пишеш нешто.
     
    На CameliaMiller и Lella им се допаѓа ова.
  5. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ти што мислиш?
     
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Што мешаш политика во ваква сериозна тема? Сакаш да кажеш дека да украдеш нешто е исто со тоа да уништиш нечиј детски живот оставајќи трајни психички трауми на истото дете?Зарем има нешто друго по вредно од тоа? По муабетов изгледа дека немаш деца.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Сум за смртна казна, само што не го гледам законов кај нас уште долго време.
    Ако се донесе еден ден, би се преквалификувала и би сакала да бидам егзекуторот. Со задоволство.

    Во Србија се изгласа ваков закон по долготрајна борба на таткото на силуваното и убиеното девојче Тијана Јуриќ. Ептен ми е мило што успеаа во процесот до крај.

    Затворите не се центар за рехабилитација, туку логор на концентрирана болештина и изопаченост, кои при контакт со надворешноста, се ослободуваат од злосторниците кои се темпирана бомба и штетата пак ја сносат ни кривите ни должните.

    Пример, пред неколку дена во Србија исто, бивш затвореник кој лежел 15години за педофилија, ослободен тек пред некој месец, киднапирал 12 годишно девојче и им снемува трага и глас. Не сум во тек дали се пронајдени и во која состојба е девојчето.

    Еднаш педофил, засекогаш педофил. Простор за поправање тука нема.
    Единствена заштита е да се лиши од постоење таквиот.
     
    На Amellie13, VDT2906 и oblace1 им се допаѓа ова.
  8. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Македонија е членка на Советот на Европа, и има европски аспирации, така да дискусијава е беспредметна.

    :bandit:
     
    На Mantub и Victorian им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Колку треба да ти се изместени вредностите, за политички игри од типот на име и втор официјален јазик да те разгневуваат повеќе од злодела на монструми кои уствари уништуваат животи и осакатуваат психа на деца за цел живот? (facepalm) Неисцрпен материјал во државичево за да се туфкаш кој сè има исто право на глас како тебе... :drunk:

    Не сум за смртна казна, што од аспект на тоа дека е само прекинување на маки, што во смисла дека нејзиното укинување спаѓа во цивилизациски напредок. Хемиска кастрација и доживотен затвор под строг надзор, па може и напорна работа притоа. А ако жртвата му пресуди во самоодбрана од злоупотребата, да не се соочува со законски последици (во Русија на пример е познат случајот на сестриве што го убиле татко си после години физичко и сексуално малтретирање, и против кои за жал е покренато обвинение за убиство).
     
    На CameliaMiller, Mrs. Lovett, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Уште нешто заборавив да прокоментирам.

    Не е точно дека доживотниот затвор е посурова казна од смрт. Изгледајте било кој документарец за death row, и ќе видите дека повеќето осуденици се борат од петни жили да бидат помилувани. А помилувањето во нивниот случај значи намалување на казната од смртна казна на доживотен затвор без условна.

    Кога стоиш настрана, така слободен и безгрижен, многу е лесно да се потцени стравот од смртта. Да знаеш дека утре ќе те врзат за столица и ќе ти вбризгнат непозната течност во вените, доживотниот затвор ќе ти изгледа како спасение.

    :angel:
     
    На Mrs. Lovett, Angie1432 и sjdgo им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не поддржувам смртна казна.
    За ни едно кривично дело.
     
    На CameliaMiller, Anon и daylight им се допаѓа ова.
  12. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Самата идеја за смртна казна за луѓе што со своите дела згрозиле некого ми е одбивна зашто во самата суштина е мотивирана пред се од емоции.

    Штетата што одредени индивидуи ако не и самата класа на политичари ја има направено е поголема од таа што овој конкретно или сите педофили во мкд колективно ја имаат направено.
    Можеби не знаете. Еве ќе ви кажам. Педофилија и силување се исклучително ретки кривични дела. Собери ги на куп сите уништени детски животи и сето страдање предизвикано од силувачите и педофилите и спореди го со тоа од корумпираните политичари и ќе ти стане јасно кој повеќе заслужува смрт.
     
  13. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Леле дај среди се малку.
     
    На CameliaMiller, Mantub, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Како прават така да ги снајде. Ако се зголеми бројот на такви опасни психопати ќе треба да се воведе смртна казна или блиски на жртвата да земат работа во свои раце. Недај господе ама што ако на ваши блиски се случи тоа? Ќе сакате да го одерете и да живее во агонија.
     
  15. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    11.224
    Го следам случајот со киднапираното девојче од Србија, цело време ми излегуваат новости на фејсбук. И се нервирам како е можно толку многу полиција да има, со кучиња, дронови, хеликоптери и уште да не ги најдат.
    Како е можно еден таков човек да успее да се крие девет дена, а постајно наоѓаат траги каде спиел, каде јадел, каде барал вода. :^)

    Три пати лежел затвор, ама секогаш по пуштање го повторувал делото.
    Еве сега што е следно, да го најдат девојчето убиено негде...

    Со такви психички пореметени личности не треба ни лечење ни ништо. Само доживотен затвор.
    Никакво помилување за добро однесување.

    За смртна казна не сум.
    Ако на зло одговориме со зло, тогаш што сме подобри од нив?
     
    На CameliaMiller, WildMk, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Пд каде знаат дека он ја киднапирал читам и јас статии ама не можам да сфатам што точно се случува..
     
  17. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    11.224
    Еве сега објавија, ја нашле.
    Скриена во некоја гробница. А педофилот го немало. Избегал.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Џабе е. Ене оној во Србија беше осуден за педофилија пред да вкезе во затвор, па ене го излезе и пак истото го направи.

    Смртна казна за жал е најдобро за таквите.

    Непрофесионални ѕидари што ги вработиле во полиција. Исто и кај нас е.
    Затоа и го бараат 10 дрна. Да беше во Германија ќе го најдеа за 10 минути.

    Девојчето Моника е најдено, педофилот е во бегство, но опколен е од сите страни и се очекува да го фатат.
    600 полицајци го барале, а го нашле кога дури по 10 дена го уклучил телефонот.
    Значи полицијата мизерна. Со 600 полицајци, кучиња и хеликоптери не можеа да го фатат.
    Девојчето е со скратена коса и многу измачено.
    Пред да избега и рекол дека нема да го фатат жив (најверојатно сакал да се самоубие).
    Тргнал да оди во Бугарија, ама тешко дека ќе стигне до таму.
     
    На Kimberly11, Feminka22 и wendy2 им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Само ме интересира дали кога гледаш фудбал се дереш на екранот и не можеш да сфатиш како може светските фудбалери кои вредат милиони да не го прават очигледниот потег кој ти посочуваш?
     
    На CameliaMiller, WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Се трудам со сите сили да сфатам зошто после вториот пат е пуштен од затвор наместо да биде осуден доживотно. Еднаш направил такво дело, во затвор, излегува,го прави втор пат истото и пак му даваат одредени години, наместо доживотна казна. Таквите луѓе не ги менува затворот, што значи не смеат да бидат после такво дело на слобода.

    И сега ме интересира ако го најдат пак ли ќе му дадат 15 години, пак да може кога ќе излезе да го направи истото.
    Еве ова е еден од многуте закони што не можам да го разберам.
    Во вакви случаи поддржувам смртна казна и те како. Затоа што девојчето е истрауматизирано за цел живот, па монструмот не заслужува ни минута повеќе.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.