1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за воведување СМРТНА КАЗНА за силувачи и педофили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Keanu_R.Wick, 28 декември 2019.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    За жал балканчето оваа вест ја свака како обична и морбитно е тоа што луѓето ова не го свакат толку озбилно ама објава за гејеви и геј паради за тоа протестираат со крстови по улици и молитви, а за ова ништо секако ке се заборави за некој ден....
     
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Каква смртна казна, па тоа милост би било. Да ринта некоја тешка работа од јутра до сутра. Голи Оток.
     
    На Feminka22, Amellie13, Nithya и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Смртната казна, во принцип, не е казна, туку одмазда.

    Кој/а од вас би се нафатил/а да биде џелатот?
     
    На CameliaMiller и Mantub им се допаѓа ова.
  4. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Почнувам да мислам исто како повеќето, дека смртна казна е спас за нив. Отсекување на јајцата, двете стапала и двете дланки, вадење на сите заби и јазикот. Тоа би му го направил на тој монструм што киднапирал девојче и тоа со пеејќи песна би го унаказил. Да живее во агонија цел живот и затворен во објект каде нема да може да се самоубие.
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Ништо не би направил. Пошо прејаки сте само на форум како и увек.
    Да си способен со пеење на човек да му отсечеш мадиња, раце, нозе и јазик значи дека си сериозно за на лечење.
     
    На Bitter-Sweet, crimson, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    јас не го гледам тој чин како одмазда, туку како правда. Правда и предупредување.
    Баш пред некое време читав за поедини федерални држави у Сад кои до пред некоја година имаа смртна казна, монструозните криминали беа во огромен процентуален пад, и откако беа укинати, пак во пораст.

    Не ми иде у глава дека монструмите т.е непоправливите штетници кај кои нема апсолутен никаков простор за напредок и продуктивност во општеството, треба да имаат одново шанса.
    Да се влечат по судови, да глуматаат добро поведение, да им се намалуваат казни и пак да излезат меѓу невин народ, во кој таргетираат одново друга потенцијална жртва. И пак уште една фамилија и општество завиено во црно.

    Друго, затворите ги финансираме ние. Не сакам од мои ( наши ) пари да издржувам монструми.
    Граѓаните им овозможуваат легло, јадење и пиење и пак ни се враќа, ама не во форма на благодарност.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    На човек НЕ, на психопат кој уништил млади животи, кој силувал, мачел, убил, на педофил, да, со песна ќе му го направам тоа. Ти и би го помогнала таквиот претпоставувам. Посебно ако ти е близок, ќе го помогнеш, не?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Одговорот на ова прашање е многу посложено отколку што се претпоставува, бидејќи истото не е разгледувано само од филозофски аспект, туку и од аспект на криминолози, психијатри, педагози, правници итн, меѓутоа разбирам зошто филозофијата во овој случај се претпоставува како појдовна точка, односно како појдовна наука поради фактот што истата би требало да ја образложи присутноста, примената и оправданоста на одреден елемент (смртната казна) во позитивното и објективното право.

    Оваа тема, барем од лична перспектива, ја сфаќам како дискусија за тоа дали кривичното дело силување, каде жртвата е малолетно или полнолетно лице, е соодветно да биде санкционирано со смртна казна;

    Дури и инструментацијата за одмерување на казната подлежи на многубројни фактори и начела кои треба да се земат во предвид, бидејќи ниту еден случај не може да биде целосно идентичен со друг.

    Најважниот метод кој мора да се примени е начелото на индивидуализација, а следствено на тоа, индивидуализацијата на казната нужно налага запознавање на личноста на злосторникот.

    Доколку претпоставиме дека живееме во држава каде смртната казна е применлива санкција во казнениот систем, дали би било еднакво на таков начин да се казни човек кој силувал поради психичка болест или под дејство на одредени супстанции од една страна, и лице кое свесно и повеќе пати силувал, од друга страна?

    Неопходни се општите правила за одмерување на казната, кои не треба да се третираат ниту како олеснувачки, ниту како отежнителни околности, бидејќи тие по својата природа се дефинираат како амбвивалентни: една околност во еден случај може да се третира како олеснувачка, во друг - како отежнувачка.

    Како прво, степенот на вината е примарниот факт кој треба да биде утврден бидејќи самата вина претставува основа на казната и логично е повисок степен на вина да води кон потешка казна и обратно. Секако, кога станува збор за силување, скоро секогаш делото е дефинирано дека е извршено со сторување, а со тоа и самата кривична одговорност е поголема, односно дека сторителот пројавува посилно изразена злосторничка волја.

    Потоа, мотивите од кои е сторено делото се внатрешните двигатели на човековото поведение, а критериумите за нивното вреднување го дава моралот. Меѓутоа, постојат и дела зад кои не стои класичен мотив, туку само фрустрација, односно натрупана психичка напнатост пред непремостливи пречки на кои наидува човекот и негово ослободување од неа со насочување на својата дејност кон цели што ја заменуваат, а што може да бидат реализирани.

    Сепак, мотивите зависат од околностите под кои е сторено делото и личните прилики кои злосторникот ги имал, и истите се подразбираат како семејни, економски и воопшто социјални прилики.
    Во конкретнен случај на силување, на пример, судовите како олеснителна околност често го третираат фактот дека злосторникот е женет и има деца, наместо да биде обратно, бидејќи од еден pater familias се очекува поголема моралност, отколку некој млад ерген.

    Меѓутоа, и поранешниот живот на злосторникот мора да се земе во предвид бидејќи истото претставува околност кој е резултат на сознанието дека човекот, како и неговото поведение, е продукт од влијанието на најразлични ендогени и егзогени фактори. Ова може дополнително да помогне во предвидувањето дали злосторникот повторно ќе стори кривично дело откако ќе биде санкциониран или не.

    И покрај тоа што овие претставуваат основни фактори за одмерување на одредена санкција, сепак кога станува збор за смртната казна, самиот концепт е доста контроверзен и критикуван на меѓународно ниво. Поради тоа, за оваа санкција постојат посебни фактори и околности кои треба да се анализираат, во комбинација со гореспоменатите.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    7.686
    Пол:
    Женски
    Ако за силување и педофилија казната е смрт, тогаш на силувачите и педофилите повеќе би им се "исплатело" да ја убијат жртвата за да не ги идентификува.

    Размислете малку и од тој аспект.
     
    На CameliaMiller, daylight, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Каква правда е, одземање нечиј живот?
    Одмазда: Око, за око - Заб, за заб

    Не.
    Прво од морални причини не би сакала да има смртна казна, второ, од практични.
    Што е со погрешно обвинети и егзекутирани?
    Знаеш дека има и такви?

    САД нека не ти биде референца за правда.
    Кај нив се' е бизнис, и затворите, и егзекуциите, и се'.
    Европа нема смртна казна, па има даааалеку помалку криминал од САД.
     
    На CameliaMiller, Billy Idol, Sejfullai и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Кој век сме? Ќе се дознае сѐ, има начини. Проблемот е казната не доказите.
     
  12. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Во 1987 година, кај нас била пресудена смртна казна со стрелање за татко монструм Маље Зекири од селото Зајас кој прво ја силувал 15-годишната ќерка Беглија, а потоа со најлонско јаже, коешто го носел во џебот, ја задушил правејќи јамка околу вратот и на крај го запалил телото. Телото не изгорело како што се надевал, било пронајдено, смртната казна донесена и три дена после пресудата Маље бил стрелан на смрт.

    И што ќе му правиш на овој ако не го убиеш? Ќе го чуваш на топло и ќе го храниш? Дете свое си силувал и убил. И на крај го запалил. Дете. И свое плус. Од друга страна никакви маки нема да види. За секунда ќе умре. Ваквите да се соберат во една просторија, да им се даде некоја инекција што премногу ги буди нагоните и без контрола да се испосилуваат и исколат меѓу себе, па така неколку недели па после да бидат убиени. Зошто реално иако заслужуваат мачење, кој нормален што ќе биде вработен за тоа ќе го направи тоа своеволно и рамнодушно? Само вака и тоа народ да гледа.
     
    На Keanu_R.Wick и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Поради оваа причина постои јачина на загрозувањето или повредата на заштитеното (правно) добро, каде покрај основното дело (силување), истовремено се проценува вредноста што одговара на конкретната тежина на штетната последица. Така, зависно од случајот, можеби злосторникот првично планирал само да ја силува жртвата, но потоа се одлучил да ја убие или се обидел да ја убие.

    Исто така, постојат последици кои се земаат во предвид и истите не се предвидени во битието на делото, но се надоврзале на неговото извршување. На пример, обид за самоубиство на силуваната жртва.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    7.686
    Пол:
    Женски
    И што ако се дознае на крај се, кога силувачот ја убил жртвата пошо му било сеедно дали ќе ја убие кога и вака и така казната е смрт?

    Сфаќаш ли воопшто што сакам да кажам?
     
    На Tan4ence, CameliaMiller, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.689
    Допаѓања:
    42.873
    Пол:
    Женски
    Јас
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Not good... :(
    Според мене..
     
    На crimson, CameliaMiller, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    @Keanu_R.Wick јас гарантирам дека ова што го опишуваш дека не си способен да го сториш, а ако си способен ондак треба да имаш исклучено секаква емпатија во себе, да си против човечкиот живот, најсилниот инстинкт да го имаш исклучено и да си многу јак психијатриски пациент. Работите што ги опишуваш се грозни, и никој осуден на смртна казна не го добива тоа, со оглед на тоа што смртната казна е огромна работа и детално анализирана и истражувана од препаметни психолози, доктори итн.
     
    На CameliaMiller, Sejfullai и daylight им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не мора да значи..
    Може едноставно да биде психопат-садист.
    Не се лечи.. Карактер е.
     
    На CameliaMiller, candy.cane и Mantub им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Би сакала само да се надоврзам дека санкцијата, односно казната, без разлика дали е манифестирана преку смртна казна или не, со векови низ еволуцијата на кривичното право ја задржала својата основа суштина: зло што се применува врз злосторникот поради злото што го има сторено, или со други зборови, одмазда поради стореното, без оглед на тоа дали намерата на оној кој ја предвидува или на оној што ја изрекува е одмазда, воспоставување правда, застрашување или ресоцијализација.

    Во основата на механизмот на реагирањето на државата спрема кривичното дело несомнено лежи човековиот нагон за самоодржување: секој се стреми да му врати на другиот "мило за драго", бидејќи тоа е предуслов да се опстане. Тој нагон е исто толку жив кај современиот човек, колку и кај неандреталецот.

    Одмаздата, колку и да ја оправдуваме, сепак предизвикува насилство на другата страна на кое повторно мора да се возврати со насилство, а ова понатаму само води кон бескрајна борба за живот и смрт.
    Токму поради оваа причина, ставањето на правото на одмазна во прецизно одредени рамки, преку талионското начело "око за око, заб за заб" е дефинира како победа врз варварството, односно се воведува сразмерност во реакцијата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Имаш некој познаник, близок или роднина што работи во МВР или работел во некогашната УДБ? Таму има(ло) такви.