1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Анима Мунди нема финансии, голем дел од луѓето немаат услови или желба за вдомување, многу од тие што обожаваат животни всушност имале едно куче/мачка со кои се поврзале па сега ѓомити сите животни ги сакаат а после него ниту едно друго не вдомиле, улични кучиња усмртуваат мали деца...кое е вашето решение?
     
    На orhideea, ph.orhideja, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    :| Ах бре каков народ, ние за животните ќе зборуваме хах.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    http://www.libertas.mk/deteto-napadnato-od-kuchina-ostana-bez-bubreg-i-e-na-aparati-za-dishene/
    Згрозена сум ! Како што Анима Мунди тужи сега треба да биде Анима Мунди тужена ! Ова не го сакам , ова створи гнев во мене!

    Патем кога сте на страната на кучињата скитници знаете дека на кучето не му е потребно само преку прозорец од кола да му се фрли храна ?! Туку треба вакцинирање , воспитување , љубов , што кучињата скитници го немаат и затоа напагаат !
     
    На orhideea, *Amethyst* и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Починало детенцето;(
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Еве ги кучињата на татко ми, за кои што се грижи за нив во куќа, значи веќе некоку години ги гледа ,
    Сите му се вдомени од мали и си ги чува.Затоа не напаѓајте без да знаете
    Ако нема услови во стан од 60 квадрари да ги лупне 4 волкави кучишта, тоа не значи дека нема желба да ги гледа.

    kucinja.jpg

    едит- Навистина е прежално за детенцето, и тие кучиња реално заслужуваат да бидат успиени, а несовесниот газда треба да плати казна, а дури и да лежи во затвор
    Жално е од нечива неодговорност да плаќа некој невин, стојам до тоа и сто проценти треба да се сноси одговорност
     
    На Dgirlll и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Е сега ке ги видам Анима Мунди , дебело ке платат ! За ова треба и затвор некој да оди. :@
     
    На Lady Leona, oblace1, JollyGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.727
    Допаѓања:
    172.716
    Пол:
    Женски
    Јој, се потепавте:x
    Жени бе(facepalm)

    Како можете да кажете дека 4годишно дете ги испровоцирало кучињата? Имате докази?
    Најчесто 4год дете само сака да погали куче, ама голема е веројатноста дека само сака да избега од толку големи кучиња кога е само, а не да си игра. Затоа што децата иако мали, имаат доволно свест и страв од толкви кучиња.. За разлика од детето, свеста на кучињата баш и не е толку развиена.

    Имам некаде наназад спомнато дека бев волонтер на Анима Мунди и дека веќе со години не сум... Но... Кога ќе ги видам да бараат 6000ден, 9000ден, не знам колку денари за операција или лечење на некое куче, ми иде да ги распарчам јас како некое здивено куче:puke:
    Да апелираа така да се собираат пари за операции на деца и возрасни, како што прават за кучињата, земјава ќе ни беше подобро место.. Памтам во неколку наврати се бараа донации за животинче за кое се гледаше дека нема да преживее, а тие да ги наречам "следбеници" на А.Мунди како слепи донираа пари... го лечеа, го лечеа и умре... Епа извинете, ама денот кога сте ги ставиле ЖИВОТИТЕ на повисока скала на вредност на животот од ЛУЃЕТО, вие и самите сте престанале да бидете луѓе:x

    Човековиот живот, за мене е најсвето нешто.. Во случајов дете..
    Со кое лице бре ги браните кучињата што го нападнале, дека можеби биле гладни, жедни, не знам што?!
    А а а? Утре вас да ве растргнат пак ли ќе ги жалите?!
    Од каде да знам јас кое куче е гладно и жедно па да бегам на 300 метри од него кога поминувам? Зошто воопшто потребата да бегам од некого? Нели имаме слобода на движење? Само затоа што државата не е способна да се справи со уличните кучиња, јас треба да кружам 300 метри за да не бидам изедена?!

    Шетана сум по Европа па и преку барата.. не да се фалам.. Ама без разлика каде сум била по светов, никаде не сум налетала на улични кучиња.. Наместо да се удираат во гради дека лечат улични кучиња и слично, треба да влијаат врз законодавната власт за донесување и спроведување на закон со кој ќе се реши проблемот со уличните кучиња
    И да се воведат казни од барем 1000 евра по куче, за секое улично вдомено па пуштено на улица куче!
     
    На Lady Leona, Rirri, mimiiiii и 20 други им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    @Dust браво девојко, многу убаво напишано
     
    На Aleksandar1212, Luna91, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Има луѓе што апелираат и донираат и за луѓе и за животни, не знам веќе на кој јазик да се разбереме. Ако пишам дека ги сакам животните, не значи дека ги мразам луѓето и дека нема да донирам за нив.
    По не знам кој пат ќе речам, луѓето се криви што има животни на улица. И 10 дома да чувате и вдомите и сакате, ако ви се шетаат по улица слободно за мене сте неодговорни.
    Одбивни ми се од Анима Мунди ама тоа е друга приказна, ме интересира зошто се бара одговорност од нив? Нели кучињава имале сопственик? Или не разбрав нешто? Како што сфатив не станува збор за улични кучиња.

    Страшно ми е жал за детенцето, сега што и да се направи нема да го врати тој живот. Само да се реагира, никогаш да не се повтори
     
    На Lella, piglet1, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Почина детенцето. Нека му е лесна земјата. Бог нека им помогне на родителите. :( Кај ви се сега тие организации за заштита на кучиња? Што ќе кажат на ова? Памтам пред некој месец кога некој удрил куче на улица, го тужеа човекот. Луѓе за кои е побитен живот на куче од човечки живот не гледам ништо човечко во нив. Хајка под итно и сапун и од кучињата и од неспособниот газда кој земал куче да чува а незнае како. :envy: Да неможе човек на улица да излезе. Пред да почнете да ме правите ненормален, ваков, онаков размислете дека ова штом се случило еднаш може и утре да се случи.
     
    На orhideea, Luna91, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Едно само ќе ви реплицирам:
    Македонија е земја во која јавно се објавуваат борби со кучиња а никој не презема ништо за тоа.
    Македонија е земја во која возрасни лица маваат со камења по бездомни кучиња без да размислат дека после нив може да помине дете и да биде жртва на кучето кое го истрауматизирале.

    Време е секој да го преземе својот дел од одговорноста ( граѓаните, ветеринарните инспектори, општините и Здруженијата за заштита на животните) .
    Граѓаните да пријават напуштање и малтретирање на животно , сопствениците на миленик да ги стерилизираат и чипуваат своите миленици , како и да одговараат за начинот и условите на чување, инспекторите и полицијата да реагираат на пријавите, Здруженијата да едуцираат и во рамките на својот статут активно да се вклучат во намалување на бројот на бездомни животни, преку вдомувања и стерилизации, а општините да ги поддржат локалните здруженија.
    Доколку ова не се примени од секоја напомената група, за следната жртва одговорен е оној кој не го извршил својот дел од обврската.
     
    На bambusce, Lella, piglet1 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.333
    Допаѓања:
    41.699
    Пол:
    Женски
    Ама ич ич не сте ми јасни. Луѓе абе од кај знаете што направило детето за да го нападнат, јас лично сум видела мали деца како без причина маваат и удираат по кучиња, може и ова го правело истото и ним им е инстинкт да се бранат, во случајов веројатно никој не ги нахранил со денови и биле гладни. И нам у инстинкт ни е да се бориме за храна. Јас секако не го обвинувам детето фала богу и ептен лоша ситуација, ама кучињата се најмалку криви, крив е сопственикот и општо ние како народ оти немаме свест. Ако отидете у џунглата и влезете во пештера на лав, лавот ли ќе ви е крив што ќе рипне да ве јаде, тоа е инстинкт и ние како посовесни од нив треба да размислуваме во дадена ситуација. Муабетот цело време е дека ние не сме совесни никој не превзема ништо само префрламе вина едни на други. Ако не го сакаш не го мавај, зошто колку повеќе ги малтретираат толку повеќе стануваат агресивни и нормално некој ќе страда. И луѓето психички стануваат растроени ако некој цело време ги малтретира и може да има последици. Работата е што сите велите каде се Анима мунди, работава не е за здруженија, работава е дека треба сериозни санкции и казни за оние кои не се грижат соодветно за миленикот, ги исфрлаат на улица, малтретираат и со тоа уствари прават скитници и настануваат вакви проблеми. Знам дека сега одма ќе рипнете што било детето криво и не е криво. Крив е тој што не си ги прибрал кучињата, крив е оној кој ги тепал и ги направил агресивни, крив е оној кој не зел корка леб да им фрли за да бидат сити и да не се осеќаат загрозено. Крив е системот што не функционира, не е решение тровењето или пукањето во глава. Ајде да земеме да се убиваме сите што нешто грешиле. Кучето нема ум да размисли, има инстинкти, вие имате, свестете се до кого е проблемот.
     
    На andromedae, IronLady, LollySky и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.727
    Допаѓања:
    172.716
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам од погоре, една ненамерно испуштена буква да не донесе недоразбирања...


    Друго...
    Како можете да споредувате ЛАВ и КУЧЕ?
    Сериозно?
    Кучињата се домашни животни, лавовите припаѓаат на дивината..
    Зошто тогаш не се шетаат слободно лавовите по улица?8-|

    Боже боже..што нема да прочитам.

    Домашно животно се вика со причина, затоа што како минале вековиве зад нас, кучињата се покажале дека можат да живеат во заедница со луѓето, а не тигрите, нилските коњи и лавовите(facepalm)
     
    На orhideea, Luna91 и elimkd им се допаѓа ова.
  14. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Како бре сте толку плитки во мозокот не можам да разберам.

    Прво, Бог да го прости детенцето лесна му земја.

    Кривица има и тоа многу. Кривицата е кај луѓето на прво место. Потоа на кучињата. Ние сме тие што ги припитомивме, ние сме тие што сме одговорни за нив како раса.

    Секој зема кучиња, не ги гледа како што треба, не му посветува доволно внимание, кога ќе се размножуваат ги зема кучињата и ги фрла на страна на улица. Ако има закон за стерилизација и кастрација и ако има казни од 500 евра и инспекции- тогаш нема да има скитници. Ако има закон со кој што секој што ќе испушти куче на улица ќе треба да си плати казна висока- нема да има скитници. Ако не му е дозволено на секој сељак да земи пит бул или доберман и да го диви низ дома за да биди јако мажиште низ маало- нема да има агресивни скитници. Ако не јадите лајна дека јас донирам пари за кучињата да се излечат и да се вдомат и некој да се грижи за нив и за ги контролира- нема да имаме скитници. Ако општините вложат пари во стационар каде што ќе одат сите бездомни животни и таму врз основа на евалуација ќе се одлучи кои кучиња се толку агресивни што не можат да живеат во заедница и ќе бидат еутаназирани- нема да има вакви инциденти. Посебно во руралните средини каде што секој зема најголеми кучиња и сака да се тие агресивни за да им го бранат имотот или стадото треба да има ИНСПЕКЦИИ и КОНТРОЛИ.
    Ама живееме во Македонија. И нема ништо од ова да се деси, и за жал ќе има уште многу вакви инциденти оти вие, простата раја на држвата првото нешто што го направивте е КАЈ Е АНИМА МУНДИ СЕГА БЛА БЛА БЛА наместо да речите ШТО ЌЕ СЕ ПРЕЗЕМИ да не се повторат вакви случки.

    ФАКТ е дека и утре да ги убиеме сите до едно куче скитник низ цела држава, и кривите и невините, за 6 месеци време ќе има исто толку скитници надвор оти НИЕ СМЕ НЕЛУЃЕ!
     
    На cooll, Oxymoron, IronLady и 10 други им се допаѓа ова.
  15. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Stanavme i kuceska drzava. Nasekade kucinja kade da se svrtis. Uste kucinja falea da ne izedat site i taka ziveeme mizeren zivot ovde.
     
    На Lady Leona и elimkd им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Имајте барем малку почит и не го спомнувајте починатото дете.
    Што направило детето? Сигурно со пушка ги гаѓало, ама не го погодило па овие му се пуштиле и го изеле (facepalm)

    Аман прекинете.

    Мртво е детето, разбирате?
    Ама сигурно ОГРОМНА опасност било за тие песови и затоа го распарчиле на сите страни.

    Кај ви е човечноста не знам...Се испотепавте за обични ѕверови што можат и вас и сите заедно да не изедат за 2 секунди, наместо да прифатите дека се опасни за човкеот и да поќутите кога гледате колкав револт се јавува кај останатите.

    Наместо да се ставите во кожа на неговите најблиски и да пазите што зборите, вие сте се запнале кучињата та кучињата биле сонциња најмили.
    :headbang:
     
    На orhideea, black-angel, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Што ти се криви анима мунди тие барем водат контрола во рамките на нивните можности. Подобро е да се запрашаат тие со слични мислења како тебе зошто овие кучиња се насилни насилни се затоа што некој пред тоа ги нападнал нив и што не сме освестени како народ и држава да се казнува секој што му наштетува на животните
     
    На LollySky, Summerlover и Dgirlll им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.333
    Допаѓања:
    41.699
    Пол:
    Женски
    @Dust слободно ме цитирај, не мора да ми се обраќаш во множина. Јас не споредувам лав и куче, јас споредувам инстинкт за преживување со совест за превземање мерки и постапки во дадена ситуација. Не знам како не разбирате што сакам да кажам или така ви одговара. Муабетот ми е дека кучето нема совест која би му проработила во одредена ситуација, тоа е гладно и бара храна или има малечки и брани територија или се осеќа загрозени и инстинкт ми е да напаѓа и да се брани. Луѓето кои веќе ги припитомиле нека ср понашаат така, нека се грижат за нив, а не да се понашаат како простаци ко во примерите на @s1a1n1d1r1a1 и поради тоа да настрада друг. Не треба вина да се префрла на поединци, треба да почне секој од себе да си рече, чекај бе дај јас да направам нешто со што ќе помогнам да се реши проблемот, не сакам скитници ама не можам да чекам да исчезнат сами од себе, дај да потпишам петиција, дај да се борам за закон. А не само ќе лаам ама ќе чекам друг да ми речи проблем. Не може. @ЈоllyGirl aман не не прави бездушни, не можеш да ми велиш дека не ми е криво за детето, само велам дека не напаѓаат за џабе, која е причината не можам да знам. Велам дека не е решението да се потепаме кој е у право, туку да поченеме од себе да смениме нешто за да не се повтори.
     
    На IronLady, LollySky, Trxmx и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Само јас ли се чудам какви се тие родители кои оставиле четиригодишно детенце така да шета без надзор во таква опасна околина во која е јасно дека се шетаат глутници со овчарски кучиња кои сите знаеме дека се опасни и територијално настроени?

    Ова е стрикно производ на родителска негрижа. Запрепастена сум.
     
    На celineparis, andromedae, IronLady и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Dust,кој им дал поголемо право на живеење на луѓето за разлика од животните? Ако си човек,ќе знаеш дека секој живот еднакво вреди. Еднакво не боли повреда,еднакво не плаши смртта.
    Ако одиш со тоа дека човекот има повисоко ниво на свест,па затоа има поголемо право да живее,помисли на деца со пониско ниво на свест,на стари со веќе подзагубено ниво на свест или на луѓе со ментална засегнатост.
     
    На andromedae, IronLady, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.