Имам две кучињa. Гoлемиoт, хaскa е мнoгу темперaментен. Кoн луѓе е пријaтелски нaстрoен, нo кoн живoтни е ѕвер. Кртoви, ежoви, мaчки...живи oд двoр не излaгaaт. Двa пaти се имa слученo дa избегa oд двoр. И двa пaти нaпaднa истo куче. Куче кoе си шетaше вo сoпствениoт двoр. Oдвaј гo рaзделив. И гo истепaв и не се срaмaм oд тoa. Вo првиoт случaј кoгa нaпaѓa вo свoј двoр, не чуствувaм винa. Вo втoриoт случaј и те кaкo сум винoвнa....кoлку и дa не сум. Велaм кoлку и дa не сум, бидејќи јaс не гo упaтувaм или пoттикнувaм нa тoa. СДК жaлнo е, премнoгу жaлнo зa дететo. Нo дaли дететo билo нa теритoријa, двoр вo туѓa сoпственoст, пa кучињaтa чувaри реaгирaле тaкa. Не знaм, прaшувaм. И дa, кoгa мoе куче би нaпрaвилo ... (стрaв ми е и дa пишaм), кaквa Анимa кaквo мунди. Јaс ќе му пресудaм.
Мајката на детето била оперирана два дена пред да се случи несреќата, таткото на веќе починатотото детенце имал градежна фирма и бил во соседната куќа т.е. соседната нива. Е сега прашањето е штом мајката моментално не била способна да го припази, таткото на работно место иако близу сепак далеку за детето, немало ли никој друг дома. Зборувам за баба, дедо, и други роднини, можеби сами живееле што чисто се сомневам. како и да е човекот е најголемиот виновник за ова...
Јас па се срамам да помислам дека има луѓе кои животот на животното го ставаат пред човековиот живот! Сериозно луѓе?! Секој човечки живот подеднакво вреди, срамно и жално е да споредиш живот на човек и живот на куче. Да претставиме една хипотетичка ситуација - пред тебе твое куче и човек што не го познаваш .... твоето куче го напаѓа непознатиот од чиста мира, кого ќе спасиш? Кучето што живее со тебе или човекот што не го познаваш? Можеш да спасиш само еден! Во ниту еден случај не споредувам колкаво ниво на свест има човекот, а уште повеќе не се спуштам на тоа ниво да го споредам со куче ... ниту луѓето со ниту луѓето без попречености во развојот. За мене таквата споредба е крајно неиздржана. Човекот постои за да придонесе со било што кон заедницата во својот живот. И како таков е за мене на највисоката можна скала во општеството. Какви кучиња, какви лавови... Светот ќе постои дури и сите кучиња, лавови, панди и поларни мечки на светов да бидат уништени. А доколку е уништен човековиот живот, денес еден утре 1000, итн, какво место ќе стане планетава? Ненаселено место? Не е важно, не мора да ме разбереш, затоа што не го почитуваш човековиот живот онолку колку што заслужува Коментаров се однесува и на @1209 , да не цитирам се посебно... П.С... зошто не се заложите за правата и животот на црвите?! И тие се душички? Или не се?
Исто се прашував зошто пуштиле дете од 4 години само да шета надвор, ама после сфатив дека никој не знае што се случило и е некултурно да се спомнува во вакви моменти. Нека почива во мир малото, катастрофа од народ сме, никој не пријавуваме кучиња и ете до каде стасавме.
@Dust , јас го почитувам и му се радувам на сечиј живот на планетава еднакво. Не се ставам во позиција на судија,нешто што ти го правиш. Ниту на Бог или на местото на природата,па да одлучам кој ќе живее кој не. Не зборувам за напаѓање не ги изветоперувај тезите за да си го одбраниш ставот.Не зборувам ниту за споредување помеѓу две различни форми на живот. Едноставно сметам дека секој има право на живот. Не може затоа што некој е посилен да има поголемо право на живот.Секој има право да живее и што сака да прави се додека не го нарушува туѓиот живот.
И те како 4 годишно дете може да биде насилно со животни...дете е, не е ни свесно како треба да се постапува. Баш пред некој ден сретнав и 3 годишно дете како своето сопствено кутре буквално го мава од земја и легнува врз него да го згмечи, а баба му ги гледа...не викам дека децата се криви, туку дека одмали треба да се учат како да постапуваат, не само за доброто на кучињата/животните, туку и за свое добро. И да, имам видено и 5 годишни дечиња како мало маче вртат за опаш и го маваат од бетонска клупа и се смеат. Можеби конкретно ова детенце не ги испровоцирало, можеби и кучињата први почнале. Веќе не е ни битно кога детето почина. Нека почива во мир.
Зoштo гo пуштиле сaмo? Oвa не мoже дa гo рaзбере некoј кoј живее вo згрaдa сo 30 стaнa, нa фреквентна улицa. Јaс живееaм вo мaaлo вo Скoпје вo кoе пoминувaaт 5 кoли дневнo. Дететo oд 2 гoдини ми беше нa улицa, сo пoгoлеми децa (тaкoв е сoстaвoт нa децaтa). Никoгaш не ми билo стрaв декa ќе и се случи нештo. Седев нa терaсa и гледaв. Не јa oсудувaјте мaјкaтa. Гo пуштилa преку еднa нивa и нaјверoјaтнo гo прaтелa сo пoглед, нo сигурнo oд стрaв дa не пaдне, дa не фaти нa другa стрaнa. Зaрем мoжелa дa пoмисли декa ќе гo рaспaрчaт кучињa. Амaн луѓе не збoрувaме зa Мoгли и некoјa прaшумa.
Ете за детето не знаеме зошто го напанале...ама јас знам за татко ми дека ништо не направил, само поминувал покрај нив, а тие му скоканле да го јадат. Татко ми не е малоумен да застане и да ги провоцира кучињата, туку си поминувал само најнормално....па ете на инекции заврши...Зошто го нападнале? Пошто песовите се опасни ѕверови за секој од нас...пошто во секој момент може да ти скокне и да те напдне па дури и да е твое куче....пошто немаат осет и чувства, ко што ги споредувате вие со луѓе. Тие не размислуваат чекај овој ми е симпатичен, овој е дете, а овој ми е грд па ќе го јадам...Не, туку во секое време може да ги фатат бубачките и да ти скокнат. Пред неколку години на пријатели детето им го касна сопственото куче. Детето тогаш имаше 3-4 години, па си го галело и си играло со кучето (што им е домашно милениче), а тоа од чиста мира за лице го фатило и малку месо му откина под око....Се тоа се случило пред очите на неговите...Виделе дека од чиста мра го нападнало, значи не било испровоцирано. И ден денес детето има мала лузна, ама ОГРОМНА траума. Како да се има доверба во животно?
И сега ти тумачи за кутрите кучиња зошто биле нападнати и агресивни ( што се прашувам од каде ти пак знаеш) а детево изедено што е ? Ма нема везе тоа , Анима Мунди сакаат кучиња ,кога ке ги видат нападнати да си наплатат некоја оштета у џепче , а фрлаат храна на скитниците од кола , дома им немаат ниту едно куче , што да кажам освен дека се срцки . Имат скапо да платат за детево , и да не постои како организација ! Ако сака некој кучиња нека си има како мене 6 во нивните домови ! Одговорност барам лично од нив бидејки ги хранат скитниците од кола преку прозорец !
Мислам дека е редно да се направи малку пауза на темава. Патем не биле улични кучиња во прашање, туку кучињата на комшијата, кои не биле врзани.
Прво улични кучиња го нападнале, а тие од комшијата им се придружиле...Значи имало и улични и домашни...За домашните ќе си одговара газдата, веќе поднесена е пријава, а за уличните нема врска тие се сВатки суштества што инстинктивно го изеле детето.
Грешиш. Иако сум магистер по безбедност, работам во областа на графичкиот дизајн. Но тоа нема никаква врска со твојот заклучок затоа што пред се јас сум ЧОВЕК.. Јас го бранам сечиј човечки живот, а богами сум била ставена во ситуација да бирам - мојот или неговиот живот, а сепак го обрав туѓиот, за да заштитам човек .. Но сепак, како крајно неприфатлива ја гледам споредбата на вредноста на човековиот живот наспроти вредноста на кучешкиот (животинскиот општо) Можеш ли да ми објасниш како тоа ги ставаш на исто рамниште тие 2 животи, кога и самите тука велите дека кај човекот е развиена свеста, кај животните не е на овој степен, луѓето придонесуваат за општеството, животните придонесуваат пред се во ланецот на исхрана, да дури и кучињата се специјалитет..за жал.. Животните го имаат инстиктот, луѓето ја имаат и свеста, баш таа свест треба да ја искористиме.. ама очигледно не ја користиме.. И јас НЕ ЗБОРЕВ за напаѓање, ниту извртувам работи, само ти го поставив прашањето - кого ќе спасиш, а со оглед на тоа дека кучињата ги ставаш на исто рамниште со луѓето, а кучето ти е блиско а човекот непознат, а и поради одбивањето да одговориш, ќе заклучам дека сепак ќе го спасиш кучето.. Секој има право на живот... оди кажи им го тоа на црвите што ги користат за лов на риба, на гуштерите, кртовите, жабите и слично што се на мени на мачките, на газелата што е доручек за лавовите во дивината, кажи им го тоа на рибите што се ручек за ајкулата.... Секој има право на живот, ама секој човечки живот е крајно неспоредлив со било каков животински живот. Дури ни со животот на мајмуните, како животни со најголема развиена свест.
@Dust како можеш да речеш дека ако изумрат сите животни светот ќе продолжи да постои? Мислам сериозно учеше биологија и еколошки систем нешто? Господ дал живот на сите, не сме ние оние кои треба да судиме кој да живее а кој не, што сме тука сите имаме еднакво право на планетава, забораваш дека и ние од животно сме створени? Не го вреднуваме повеќе животот на човекот од кучето, ама на моето куче некој човек намерно да му направи нешто, да го убие и слично, јас сум спремна на се. Мешате ептен баби и жаби и се правите дека не разбирате што упорно сите сакаме да кажеме. Туки давате тези и се ударате во гради колку многу ние луѓето сме моќни се ни припаѓа нам. Ние владееме, се е наше, ќе правиме што сакаме. Епа не е така.
Сериозно? Кај спомнав цел животински свет? Спомнав панди, поларни мечки, лавови.... загрозени видови на животни што реално ако продолжи вака нивното уништување може и да ги снема... и ние нема да преживееме без поларни мечки? Најсериозно? Немој те молам... Господ дал живот на сите, но свест не.. Затоа тие со развиена свест треба да си ја вршат својата работа....да ја користат ...за промена
"Четиригодишното дете во моментот кога било нападнато излегло од својот дом и сакало да премине преку нива и да стигне во соседната куќа, но во тој момент било нападнато од кучиња кои дошле од соседната штала со овци, во сопственост на 49-годишно лицето со иницијали Ш.В. од истото село, каде ги чувал кучињата пуштени, заедно со други кучиња скитници. " Во ред е Џолке, знам дека си емотивна и знаеш да избувнеш, барем така ми делуваш, и те разбирам. Не знам по кој пат ќе повторам, уличните не се створени од воздух, некој ги оставил таму и некој не ги згрижил од таму, ама продолжете да мислите дека јас го бранам крволочното суштество. Не го бранам. Само упорно алудирам дека вината поаѓа од човек. Од тој што го пуштил од дома. Од тој што го напуштил. Од тој што ги фрлил кученцата на улица. Од тој човек/институција што не реагирал и не го тргнал животното од улица. И ете сега, ќе се усмртат овие кучиња претпоставувам. И други. И трети. Дали човекот ќе се смени е прашање? Уште колку луѓе треба да бидат нападнати за да биде превземено нешто?
Не осудуваме, само дискутираме и проценуваме ситуација за во иднина да се покрене колку толку свеста околу соживотот со животните и да се научи како да се функционира без жртви. Според тоа што прочитав не биле само кучиња скитници туку и овчарски кои сите знаеме со каков нарав се и на кој начин се дресирани. Да бидат агресивни и територијални. Тоа ако не го земе една мајка во предвид или кој и да го чува тоа дете пред да го пушти само во таква средина и треба да се стави под знак прашалник дали нема дел од вината. А детенцето нека почива во мир, џабе се исправаат сега криви дрини.
Да баш оти сме со развирна свест не треба да чекаме друг да ни ги реши проблемите туку да почнеме од себе. Цело време упорно го извртувате тоа што ние го збориме. Никој не рече дека не треба да се превземе одговорност, никој не рече дека требло детето да го раскинат оти се нашло таму. Туку проблемот е што ние како со свест не покажуваме дека нешто многу сме свесни за животот околу нас, туку само на зборови сме силни. Ете ајде нека кажат оние кои толку многу им сметаат скитниците дали презеле нешто во врска со тоа? Туку само галамт како им смета, а кога треба да се превземе нешто за да нема скитници, уво ги боли. Тоа ми е целата поента.
Го избришав тој дел од мислењето за тоа во која професија си,зошто ми се виде малку некоректно од моја страна да вадам заклучоци,ама изгледа блиску бев. Кој ја дава таа вредност на животот? Ти? Јас? Нели е во најмала рака претенциозно да лепиме вредности на животот. Затоа ја спомнав свеста и многу луѓе немаат свест па не значи дека имаат помало право на живот,многу не зборуваат па го имаат сетто право на светов за живот,многу не придонесуваат не работат. Сакаш да кажеш луѓето што не придонесуваат за општествово не треба да живеат? Од ова испаѓа дека луѓето што се посилни,попаметни,побогати,поработливи имаат поголемо право на живот. И луѓето имаат инстинкти не само животните. А,да точно треба да ја искористиме свеста. Човек,животно се е еднакво важно за опстојувањето на светот.Екосистем,едни без други сме ништо.
Значи само бараме одговорност за детето , и да не се случуваат повеке вакви катастрофи ! Утре недај боже ке биде вашето дете, моето дете , недај боже некој да ја осети оваа болка па ке го превртува светот однопаку ! Од домашно куче до скитник има голема разлика ! Јас имам шарпланинец Роки на рамниште со мечка , никогаш не нападнал човек ( само мачки) али од мало го имаме и заедно порастивме , растено е со љубов а не само со храна преку прозорец или ставено само чадор над него или картон ! Правда и одговорност!!!