"Како што претходно објавивме, настанот се случил вчера околу 11 часот во селото Бачишта во момент кога детето само излегло од куќата каде што живее со семејството и поминувало преку нива сакајќи да појде до соседната куќа каде што се наоѓал неговиот татко. Тогаш, него го нападнале повеќе кучиња скитници, но и кучиња кои се појавиле од соседната штала со овци, сопственост на лицето Ш.В. (49) од истото село кој кучињата ги чувал пуштени односно необезбедени." Разни сајтови, разно пишуваат...не е битно... И јас до некаде не се сложувам да бидат успиени (сепак живи суштества се и тие), ама кога веќе нема прифатилиште или ОдКајЗнамШто за да се згрижат тие кучиња, не преостанува ништо друго. Тие од разни организации за заштита на животни, додека скокаат и ги бранат кучињата нека одат пред влада и нека бараат да се изгради нешто...Како не успеале ништо да постигнат за овие години? Владата се гледа дека со прст не мрда за луѓе, а не па за кучиња...Епа зошто не се упорни тие од анима мунди? Нека се покрене нешто, па ќе се приклучат сите...пошто сите не засега овој проблем.
Не Ели. Во случајов кучето е напаѓач,детето жртва. Сметам дека секој има право на живот се додека не загрозува нечиј туѓ живот или права. Во случајов кучето ги загрозува и затоа треба да бидат превземени дејства. Исто како што сметам дека треба да бидат и кон човек што ќе претепа или ќе се иживува со куче на пример или со човек. Велам дека животот е живот,насилникот е насилник без разлика дали е човек или куче. И дека ако си насилник кон животно,не треба да ти се прогледа низ прсти,па да се реагира откако ќе се стори насилство кон човек само. Коментарот ми беше насочен кон дел од постот на Dust,од каде што се добива впечаток дека ги рангира животите,дека човекот заслужува повеќе да живее затоа што има поголема свест и придонесува повеќе. А,има и луѓе што ете не придонесуваат,што со нив? Не можеме да одлучуваме ние кој има поголемо право за живот или повеќе заслужува да умре. Мислам дека тоа е малку искривена слика за моќта на човекот што лесно може да излезе од контрола. Луѓето и онака веќе доволно си имаат умислено дека се богови,затоа и има толку насилства.
@elimkd Ја вртите поентата на постовите како што кажаа погоре да испаднеме бездушни и дека не ни е жал, а уствари вие зборувате за ладнокрвно убивање на живи суштества исто како вас и дека ние луѓето заслужуваме се бидејќи сме нели епицентарот на универзумот. Инаку еве, прашање до тебе, зошто го чуваш мачето и дали се сметаш повредна од него? Претпоставувам ептен, па ако да, зошто?
@Summerlover секако дека сум повредна од мачето, да ми почине нема да се дрецкам од земја, а да ми почине дете јас не знам што би направила со себе, како би ја поднела болката која би ја носела цел живот (не дај боже никоја мајка да не види такво нешто и да не доживее) Го чувам оти сум љубител на животни, јас не сум повредила животно, ниту сум се изживувала, зашто ме споредуваш со маче? Може ли мачето мене да ми е газда? Тоа е зависно од мене, ако не му дадам да јаде, ако го оставев на студ ќе починеше
@elimkd Па ете така бе газдарице Ете на форум човек и ќе поднаучи секој ден по нешто ново. А ти стварно се замислуваш дека на мачето си му газда? Тешко нему со тебе. Утре ако не ти се свиѓа, фала богу ги измислиле куршумите, па по брза кратка постапка, ко газдите што прават Ој Дано каде си со твојата позната: Скриј се зад мониторот
Добро дали сте нормални со филозофииве кој имал поголемо право за живот? Не дај Боже на никој, да беше ваше дете во прашање ќе Ве прашав дали кучињата или децата се на исто ниво и дали ќе сакавте воопшто да филозофирате? Срамота! На вас што сте израснале во град не ви е сфатливо како детенцето одело само во соседната куќа. Тоа навистина изгледа така од Ваше гледиште. Но, мене како израсната во село, воопшто не ми е чудно затоа што сама имам одено во комшии па здрава жива сум. Мало место во кое сите се знаат и нема многу возила. А и да било поголемо детето еве да речеме имало 15 години, мислите би се спасило од вакви ѕверови? Излегува дека животните во државава имаат право да лутаат по улици, по паркови, а децата дома да си ги затвориме.
Добро ма ти се читаш шо глупости пишуваш Ти правиш ли разлика меѓу газда и милениче? Кој одговара што вдомените кучиња не шетаат со маска??- газдата Кој одговара ако вдоменото куче гризне човек??-газдата ми се гади од твоите коментари што ги пишуваш тука, си почувствувала ти поголема болка во животот освен смрт на животно??Како не ти е срам Не ме цитирај Олку никој не ме навредил и не ме разлутил Што ми фали мене кажи ми? Сакаш јавно сакаш во лп не е проблем Сум те навредила ли со нешто па на ваков начин да ми се обраќаш?
@elimkd Ели, според твојата логика, мајка/татко на дете е газда бидејќи му обезбедува храна, му дава да јаде, го чува. Сакам да кажам дека едно живо суштество, без разлика човек или животно не можеш да поседуваш, па колку и да се замислуваш дека можеш. И тие се живи суштества и тие дишаат, и тие се размножуваат, пред природата сите сме еднакви, иако ти мислиш дека си му бог на твоето маче, а тоа е и есенцијалниот проблем пример со скитниците. Некој се замислувал газда, го земал за играчка, па кога веќе му здосадило, го фрлил на улицата. Животните не се ваша играчка. За болки, не тргнувај во таа насока, нема да дозволам муабетот во таа конотација да оди. И не се секирај, нема да те цитирам веќе, не би после да ми пишуваш пораки оти сум те лајкнала во друга тема. Толку од мене.
Абе кој рече за поседување бе, јас ли на борби го праќам миленичето? Заработувам ли пари од него?? В циркус ли го праќам?? Алоо јас се грижам за него Ако имаш некој настрана проблем со мене кажи ми отворено а да ме вреѓаш на простачки начин
Тoa сВе требa дa се убие! -Цaцкo Кoнoпишки. Дoстa вaгaте кучки и мaчки сo луѓе дури гнетите свинскo, пилешкo и рибешкo ќе ве мoлaм. Дoстa сo претеризми и филoзoфии сo кoи мoже дa се зaнимa свет кoј си ги средил првo битните рaбoти вo oпштествoтo пa стигнaле дo тoa дa се секирaaт дaли нa кучетo нaдвoр му студи и глaднo е. Рaнo е зa тoa, ред си имa. А дури не се спрoведе ред, немa штo сo свилени мaрaмчињa дa се прaвиме, тoВa е.
Утре и детето ќе биде зависно од тебе,ако не му дадеш да јаде или го оставиш на студ исто така ќе почине. Дали си му газда и на детето?
Бриџит,поентата ми е дека помагаш,чуваш зошто сакаш. Здрави личности тргаат од позиција на љубов и добро. Не се ставаат себе во центар на светот,јас да не сум се ќе пропадне. Јас сум газда,главен. Јас одлучувам кој е поважен. Не споредувам луѓе со животни,туку велам дека проблемот е во чувството кон себе. Овде има чувства на зголемување на себе во однос на друг. Не може да имаме луѓе во полиција,војска,пожарна или медицински лица со чувство на супериорност,семоќност,огромно его. Проблемот е во претставата и односот кон послаб. Послабиот може да биде било кој и било што,тоа е променлива.
Никој не оспорува некој што совесно си чува куче дома. Ги спориме оние другите и скитниците. Претеруваш со филозофии за вака чувствителна работа. Тие ѕверови заслужуваат да бидат стрелани заедно со овчарот и крај на дискусијата.
Јас ништо не реков за чувањето кучиња дома,ниту за скитниците. Јасно кажав дека кучињата што нападнале треба да бидат успиени и сопственикот да сноси одговорност,а ако се улични кој и да е одговорен за тој проблем.
Кучето е куче, сака љубов и игра. Кучето не е магаре, не е коњ, не е вреќа за бокс. Агресивни се заради луѓето. Нека дојдат сите што ги осудуваат кучињата кај мене во маало да видат како малите циганчиња ги јаваат кучињата, како се изживуваат врз нив, како ги клоцаат и сето тоа ради забава. Сигурно и ова малото што почина нешто му направило, а ако не тоа, крив е некој човек претходно што ги чепкал и малтетирал кучињата па тие нападнале. Верувајте дека ако не чепкаш некого и тој не те чепка тебе. За мене е исто човечки и кучешки живот, или општо животински. И тие се мили душички. Чувам дома куче и мирно е дури не дојдат братучедите да го гњават, па да почне да лае, а иначе е почисто и помирно од нив.
Збoриме зa кoнкретен прoблем, ти oдиш мнoгу пoдaлеку сo филoзoфии кoи теoретски финo звучaт, нo имa мнoгу дa се збoри и дa се нaпрaви, a дoтoгaш жртви ќе имa. И пoдoбрo дa тие жртви се кучињa кoи ќе се "успијaт" aкo тoa е дел oд решениетo oти зa сите згрижувaње немa, oткoлку дa збoриме зa кучешки прaвa a луѓе дa стрaдaaт. Oд улици требa дa ги снемa a не ние дa пaзиме дaли ќе ги испрoвoцирaме сo нештo или не. А тие штo ќе вдoмувaaт дa oдгoвaрaaт зa нив. Дoтoгaш немa штo дa се збoри зa oсет, чувствa, куче ли е, дете ли е.