Ај кучињата ке се спасат од луѓето, ама луѓето како би се спасиле од кучињата? Нив кој закон ги штити.Ако човек малтретира куче треба да одговара. Ама кој би одговарал ако домашно куче нападне човек, а кој ако улично куче нападне? Кај се сеа Анима Мунди кои толку често повикуваат на одговорност да излезат со мислење за настанот за детенцето и кучињата, не мора да повикаат никој да одговори. Да сум на местото на родиелите на цело стадо отров ќе фрлам. Нема да ми го врати детето ама бесот тоа би ме натерал да напраам, а не дека овците ми се криви.
Се согласувам јас,ама сите конкретни проблеми што ги имаме произлегуваат од вакви основни вредности.Кај нас и луѓе страдаат од луѓе заради тоа што мислиме дека владее закон на посилниот. Ни недостасува развој на колективната свест за ова и за многу други работи. Во однос на проблемот со уличните кучиња кастрирање ќе заврши голема работа,кај домашните шетање со маски,задолжителна дресура,чипови за да може да се следи цело време кучето и да не може туку така да се фрли на улица. Ама за тоа пак треба некој одговорен да превземе иницијатива,да има чувство за страв,совест и чувство на одговорност не само за себе туку и за другиот.
По илјадити пат ќе повторам дека татко ми го нападаа без причина. Си одел по улица и го напднале од чиста мира... Да... ЗАМИСЛИ ОД ЧИСТА МИРА!! ... Верувале или не песовите напаѓаат кога ќе им текне... Чуден факт И погоре пишав за пример како милениче го касна детето без да биде испровоцирано. Значи непредвидливи ѕверови се, а според вас ако животот на човек, мравка и куче е исто вреден... Тогаш шта речи...
Прво, Бог да го прости невиното детенце што за жал почина на толку лош и безмилосен начин.Колку и да ги провоцирало(или ако ги провоцирало) тоа е сепак 4 годишно детенце кое под никоја основа не претставува опасност за кучињата и да, постајат скитници кои напаѓаат од чиста мира, без да ги провоцираш.Од лично искуство.Бев нападната, ако може така да се каже од пит бул.Домашен беше, вратата од дворот отворена беше и питбулот излезе на сред улица и буквално ме демнеше со поглед.Научена сум да не урлам и да не трчам во таква состојба бидејки поверојатно е дека ќе си поминам многу лошо.Го одминав ама почна да трча по мене и ми скокна за да си игра со ресите од џемперот.Ќе речам можеби беше пријателски настроен, не ми залаја во ниту еден момент, ама животните се неприедвидливи, па и дека пит бул, срцето в петици ми замина.Останав мирна и тој се тргна.Исто мајка ми ноќно време кога се враќала од работа беше нападната од кучиња, едвај се тргна од нив.А возрасна жена, сигурно не и паѓа на крај памет после 9 часа работа да провоцира животни по пат. Така да балално е да се збора дека детенцето ги предизвикало.Исто, многу глупаво е да се обвинуваат родителите.Од каде да знаат тие дека може такво нешто да се случи.Не можеш ти да пратиш 4годишно дете 24/7, па и плус на село луѓето си се послободни од на град, не знам што е толку лошо што детето само сакало да оди во соседната нива.Ајде врзани дома ќе седиме да не не нападни некој скитник.Тоа можело да му се случи на секого, без разлика на возраста да биде нападнат од глутница кучиња.Кога се гладни и агресивни, не разликуваат голем од мал човек, сечиј живот подеднакво боли. Срамота и греота ми е да кажам сите скитници да се убијат.Колку што постојат агресивни, 5 пати повеќе постојат и кучиња кои се толку мирни и кротки што не би повредиле никој.Јас сум огрооомен љубител на животни и редовно галам и хранам кучиња скитници и не се сите за усмртување.најдобро решение според мене е да има прифатилиште за секакви скитници, било мачки или кучиња, и само оние кои покажуваат агресивност и се опасни по живот да бидат усмртени.Исто така, казна за секој оној кој ќе вдоми животно и кога ќе му се здосдади го фрла како партал на улица.Па тоа е живо суштество, на такви лоши услови без храна, без вода, без покрив и на крај малтретирано и тепано не можеш да очекуваш да му лиже прсти на оној на кој ќе му се доближи.самата природа му е таква, тие се најмалку криви.Ние, луѓето сме најмногу виновни, државата, институциите што газот ги боли.
Па секој си има свое сфаќање и мислење, јбг. Татко ти не го испровоцирал, ама од кај си сигурна дека некој друг не го измачувал тоа куче?
Не велев дека сите тие нервозни кучиња се лошо третирани од сопствениците, туку мислев на методи за да се намали раздразливоста кај животното. На некои луѓе им е стресна ситуација лаењето и рипањето. Не е белки вродено, сигурно има некакво искуство во позадина за цело време да биде растревожено и да покажува заби на луѓето кои не ги знае. Ете, ти си била одговорна, ама постојат сопственици кои ги пуштаат кучињата на улица кога ќе решат повеќе да не ги чуваат. Ако некое од овие за кои зборувам заврши така, може да биде лошо по некого. Тие кога се сити не стојат мирни, што ако останат гладни?
Кој би го измачувал кога ко мечка е кучиштето...огромно, 100 кила... Редовно седеше по улица и само страв сееше. Мислам го удри кола и сите се спасивме пошто никој ништо не превземаше секако.
Значи, некои од вас сакаат да кажат дека дури во оваа земја не се обезбедат пристојни услови за луѓето, не треба воопшто да се помислува на животните? Епа, еве од таквиот игнорантен однос кон животните што му се случи на човек.
@Summerlover пишав во погорниот мој пост дека и јас како растена во село, во кое сите се знаат меѓу себе и нема голема подвижност на возила, сум одела сама во соседната куќа, па и во училиште. Не можеме одма да ги обвиниме родителите кога не ги знаеме околностите. А и да било детето поголемо пр. 15 год мислиш ќе се одбранело? И што е детето криво ако претходно некој ги малтретирал тие кучиња? Ако од човечки фактор станале агресивни што се виновни некои недолжни луѓе што случајно се појавуваат пред тие Ѕверови?
Јас вината во однесувањето на моето куче си ја пронаоѓам во мене. Затоа што јас сум го размазила така, немало причина зашто така да се однесува, ниту било тепано , баш напротив . Ама сум пазела, 4 очи сум отварала да не ја загрозам безбедноста на луѓето недолжни да го трпат тоа. А не може неодговорни, пушти го во село одврзано, кучиште од преку 30 кила да беснее. Вината си е само во газдата, се знае куче на ланец во двор, или ограден двор да не може кучето да излезе. треба да си одговара газдата , затоа што толку неодговорно се поставил , крајно.
@Luna91 И јас знам на село како одат работите, селските кучиња не се питоми, туку диви, прилагодени на средината, за чување на стадо и баш затоа, не само дете, туку и возрасен човек треба да внимава И конкретно за случајот, точно е дека не ги знаеме околностите, но детето, а особено кучето се најмалку виновни. Од една страна се родителите што за толку мало дете, во таква и било каква средина требало да бидат повеќе свесни, сигурно не живеат од вчера таму, за да не знаат какви се кучињата, а од друга страна, најверојатно оној што го чувал кучето воопшто не водел грижа за него, не го хранел. Баш затоа спомнав погоре, дека трагедијата е голема, ама причинител за истата е човечкиот фактор, а не кучето.
Да беше мое дете ова јас немаше правдата по закони да ја барам.Ко они на детето така јас на нив ке им пресудев.Крволочно нападнале и распарчале дете,вие тука за кучешки емоции ми зборувате.И јас куче чувам ама ова е
Ако поради лошо воспитување човек стане убиец, кој треба да лежи во затвор? Родителите или убиецот? Како кучето не е криво жити се? Оди дома земиси ги ако ти е грев и превоспитај ги.
Во последно време кај мене во населба врие од кучиња. И јас сум за тоа дека напаѓаат без да ги чепниш. На татко ми го нападнаа кога одеше на заболекар од чиста мира. Мене во последниве две недели ме нападнаа три пати додека се враќав од продавница , среќа што ги видов на време и што влегов во двор кај комшиите . Нозе ми се пресекоа. И сега што треба јас секое сабајле со лебот во раце да "трчам како улава" зошто има кучиња на секој ќош. Да ми е страв да чекам бус, да одам кај другарка . Значи ова е хаос. Во понеделникот брачед ми кој има 8 год вришти, пишти низ улица кога гледам го бркаат кучиња едвај го смиривме. Јас имам хаска дома , мирна е и сум љубител на кучиња и кога ќе се пушти веднаш ја собирам па макар да е и после 00.00 h да не им е страв на останативе. Но има и безобразни што им е гајле и со денови не се сеќираат а ова со кучиња скитници е страшно. Незнам колку пати се јавив да ги соберат кучињава кај нас и никој не реагира на моите зборови .
@Luna91 Поентата на муабетот ми е дека треба од самиот почеток да се направи превенција и да се посвети големо внимание, за да подоцна нема простор за извршување на лоши дела, па нај на крај казнување, т.е да не се доаѓа воопшто до ситуација на лошо воспитување на дете и малтретирање на животно, кои подоцна ќе резултираат, секако не добро. Тоа ми беше целта на постот, ама кој да разбере
Ќе изреагираат кога не дај боже ќе се случи ваква трагедија... Така функционираат работите кај нас. @Summerlover те разбирам јас многу добро, но грдо делува за куче што растргало невино дете да кажеш дека не е криво. Сите криви само кучињата гревчиња.
Море за сите кучиња скитници лекот е само отров или куршум. Колку пати не можам да си стасам до дома од насобрани, разлаени кучиња, морам да ѕвонам некој да ме пречека. А за оние што повеќе им значи кучето отколку еден човечки живот, освен срам да ви е друго немам што да кажам. Само дали така ќе ги браните ако ве нападнат вас или ваш близок. Срамота
Океј, ние сме злобни и без душа, а вие со куршумите и отровите, не. Се разбравме, уште прееска Едно е револт, кој го разбирам, ама да не прави до толку слепи и на Тошо дека човекот под ниедна точка не е крив за целата ситуација со скитниците и ваквите ситуации, е тоа веќе е врв на ирационалноста.