Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Cuvam i dete i kuce i dvete se dusicki,no koga bi birala se znae sto bi odbrala,ve citam i prosto na nekoi postovi nemozam da se iznacudam,sto i da se napise popusto e,samo se nadevam deka ova ke bide posledna vakva nesreka pozz
     
    На Luna91, *Amethyst*, Јаневски и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Кучињата скитници се резултат на несовесни газди, кои или немале време за своето куче или го оставиле самото да се снаоѓа. Од друга страна има пак и несовесни деца, кои им врзуваат канти на опашките на кучињата, па при една таква ситуација мало дете не знае да распознае агресивно од неагресивно куче. Не треба петиција за заштита од кучиња, треба шинтер за кучиња, и од друга страна, оние кои сте родители не се остава дете само по улица.
     
    На *Amethyst*, LollySky и Dust им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Кучињата се едни од животните кои се непоправливо уништени од човекот, уште од нивното припитомување – од проста причина што, како и останатите домашни животни, сега се зависни од нас.

    Нашата некогашна потреба од чувари и денешната потреба од придружници резултирале со создавање на многу раси кои без човечка грижа воопшто не би можеле да преживеат. Џуџести раси, кои сме ги создале затоа што се „слатки“, раси со различни генетски заболувања и физички проблеми, кои се резултат на нашата желба за „чистокрвни“ кучиња со педигре, и така натаму.

    Мојот став на темава го знаете – само човекот може да биде толку арогантен и да ограничи едно животно во даден простор (стан или двор од куќа, сеедно), да му го сведе контактот на други животни од неговиот вид на минимум, да го врзува, да го дресира, да го кастрира и стерилизира, да го размножува и потоа да му го одзема потомството (и да го продава или подарува) и сето ова да го нарекува љубов кон животните.

    Патем, знаете зошто е човечкиот живот поважен од оној на кучињата? – не е затоа што ние сме некако посебни, подобри или различни од останатите животни, затоа што нашиот придонес кон доброто на Земјата е на некој начин поголем од оној на останатиот жив свет, затоа што сме најинтелигентни или затоа што сме најсвесни – туку, од проста и едноставна причина што ние сме луѓе и нормално е да го цениме човечкиот живот повеќе од оној на било кое друго животно, затоа што сме пристрасни. Аргументот е целосно антропоцентричен.

    Да се вратам на темата – жално е што проблемот за кучињата-скитници и агресивните кучиња кои се во нечија сопственост се актуелизира само откако ќе се случи некој немил настан. А уште пожално е што дури и откако нешто такво ќе се случи, ние не извлекуваме никаква поука и искуство од тоа, туку се случува синдромот на „секое чудо за 3 дена“ – еден краток период ќе бидеме ужаснати и згрозени, медиумите ќе известуваат за тоа, ќе се караме и препукуваме по социјални мрежи и потоа – целосно ќе заборавиме на сѐ и ќе продолжиме со животот како ништо да не се случило. Сѐ до наредниот немил настан.

    Како што кажав и претходно, уште од моментот кога човекот го припитомил првиот волк, и кога тој припитомен волк станал доволно различен од своите диви роднини за да може да го наречеме куче, кучето станало човечка креација. А се разбира, и негова одговорност – денес, повеќе од било кога.

    И сите проблеми кои ги имаме со кучињата, без разлика дали се работи за домашни миленици или скитници, потекнуваат директно или индиректно од човекот. И секогаш е подобро да се третираат причините, а не последиците. Во случајов, причината е ниската човечка свест во однос на кучињата, а последицата се кучињата-скитници и агресивните кучиња.

    И сѐ додека не се подигне свеста кај луѓето во однос на чувањето на кучиња како миленици, залудно е да ги затвораме, стерилизираме или убиваме кучињата-скитници – затоа што секогаш ќе постојат луѓе кои милениците од една или друга причина ќе ги оставаат на улица. А свеста може да се подигне само со едукација, но и со ригорозни санкции и казни.

    Казни за сите оние кои обврската на чување на миленик (затоа што чувањето миленик е обврска, а не разонода) не ја сфатиле доволно сериозно и кои поради сопствените дела (или недостаток од нив) предизвикале штета врз општеството или загрозиле нечиј живот.

    Никој не негира дека ова е проблем, но проблемов мора да почне да се решава сега и веднаш.

    Затоа што аргументот дека постоја луѓе-бездомници чиј статус и проблеми не се решени е смешен, а самата споредба на кучиња-скитници со бездомнци е навредлива. Постоењето на еден проблем не значи дека другиот треба да биде тривијализиран и маргинализиран. Во сите земји во светот постојат бездомници, па повеќето сепак нашле начин и средства да го решат проблемот со уличните животни и напуштените домашни миленици.

    А што се однесува до чија е одговорноста, најлесно е да се покаже со прст кон некој друг – во случајов, државата или Анима мунди. Но, не треба да ја заборавиме вистината, а таа е – да не земале луѓе кучиња за чување, кои потоа се решиле од една или друга причина да ги пуштат на улица – кучиња-скитници немало ни да има.

    Така да, најголемиот дел од вината и најголемиот товар на морална одговорност за проблемот со бездомните и агресивните кучиња лежи во нас самите, како индивидуи. Тоа е, за жал, суровата и неубавата вистина, за која ретко кој сака да зборува.
     
    На Annath, MilaP, Florenсе и 13 други им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Почнаа со труење на уличните кучиња. Денес видов 5 веќе отруени, за жал неможеше да им се помогне, и едно кое сеуште даваше знаци на живот. Купив таблети активен јаглен и никој не сакаше да ми помогне да му ги дадеме на кучето кое беше во невидени маки. Среќа наиде еден ром и ми помогна. Со 20 таблети активен јаглен и 3 литра млеко успеавме да ја спасиме душата. Женка, со бебиња во стомакот. За пола час, почна да трча и да мафта со опавчето.
     
    На Annora, andromedae, Oscar Lady и 8 други им се допаѓа ова.
  5. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Ако некое суштество навистина сакам тогаш тоа е кучето. Срцето ми се кине кога ќе видам некое куче како се мачи прегладнето. А овие луѓево НЕЛУЃЕ уште фали да ги трујат. Каде и да одам мора да видам отруено куче. Баш пред некој ден видов едно кое едвај дишеше. Колку можам каде и да наидам на гладно куче го хранам.Немам душа да го оставам така. Па уште и во Битола кога слушнав дека животните во золошката ги хранат со улични кучиња кои ги собираат ми се затемна пред очите. Едноставно ГИ МРАЗАМ луѓето кои мразат кучиња. а и јас пак очекувам некој да ги разбере кучињата како тие што не разбираат нас, но сфаќам дека некои луѓе не се разбираат ни сами. Луѓе свестете седека кучето е најдобриот пријател!
     
    На Dgirlll, Oscar Lady, Maro87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    И јас сакам кучуња како миленици, но има и такви што ги напаѓаат и газдите на крај. А исто што видов една случја пред две години. Бев во грција на одмор и шетавме со мм и едно улично куче се стрча кон фамилија со дете од чиста мира и почна да лае и детето се усплаши и почна да пишти и да плаче и таткото со камења( бидејќи шетавме баш покрај брегот) го удираше кучето. Епа и јас така би изреагирала. Секако детето ми е побитно од кучето. Сакам да кажам дека улични кучиња и те како од чиста мира напаѓаат.
     
    На Luna91, *Amethyst* и Dust им се допаѓа ова.
  7. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Куче не може да нападне човек без причина тие кучина сигурно биле вознемирени од страна на детето или од некој друг претходно, човекот е виновен за ваквите случувања како ќе постапиш кон кучето тоа така ќе ти врати. А дека анима мунди мисли само некоја пара во џеб да пикни не е точно. Да тие се грижат за кучињата скитници им фрлаат преку прозор храна ги хранат за тие кучиња да опстанат оти сне такво општество ги фрламе невините животни на улица. ЕДНАКВА ПРАВДА И ЗА КУЧИЊАТА КАКО И ЗА ЛУЃЕТО доколку сакате да помогнете за кучињата контактирајте не на 048 434 311 075 135 635 , animalprilep@gmail.com
     
  8. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    • Имам дома 6 и доста ми се ! Земи си и ти и останатите заштитеници на кучињата по 6 кучиња и решен проблем !
     
    На Luna91, Orthophill, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.539
    Допаѓања:
    42.896
    Пол:
    Женски
    @Afroditaaa нема да е решен проблемот. Оти утре нови шест окучени некој паметен ќе фрли надвор. А оние кои немаат услови за 6 како да земат, си запнала со тоа. Решение не е да се посвојат сите улични. Решението е во тоа да се огледаме на другите земји како и што прават за да се реши проблемот.
     
    На Lella, Dgirlll, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Се се може кад се сака ! Али све е бизнис ! Се чека само да биде нападнато некое куче и да се стави паричка у џеб!
     
    На Orthophill и elimkd им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    80% од населението во Мк едвај крај со крај спојува ти си запнала кучиња па кучиња, да сме се огледале на другите земји... Како? Со што? Ајде смени нешто штом си запнала веќе неколку дена исто па исто.
     
    На Orthophill, elimkd и Dust им се допаѓа ова.
  12. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Знаеш ли ти колку напуштени кучиња има, сите да земеме по неколку пак ќе има бидејчи човекот нема свест секој ден се фрлаат нови кучиња. За ова наше безредие е потребно строги закони за бездушниците што фрлаат кучиња на улица и за луѓето што ги малтретираат веќе фрлените. Сите што ги сакаме животните очекуваме од новата домаќинска непрофитерска влада да го реши овај проблем
     
  13. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Ти си член на анима мунди ? Знаеш дека 4 кучиња што ги имам дома се собрани од на улица како мали бебиња? Не може некој да биде застапник на животните а дома му да нема ниту едно куче!
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Не сум на анима мунди туку на друго здружение кое соработува со анима мунди и нај одговорно тврдам дека и некој што не чува куче може да биде поголем љубител на куче од некој што чува и ги малтретира кучињата
     
    На theowndemon и LollySky им се допаѓа ова.
  15. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Абе сега стории отворете , сите ги укривуваат Анима Мунди само ти и неколку души ги браните !

    Се надевам дека ке си преземат одговорност и ке се распадне !
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    вие таквите што сакате да ги нема анима мунди сигурно сте санкционирани од нив и ве боли то што има заштитници на животните. Да дојдиме кај тебе се плашам каква страшна ситуација ќе затекниме за животните
     
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Како, како? На коj начин Анима Мунди се виновни за настанот во Кичевско?
    Не, не верувам дека некоj што чува дома животни би зборувал против организациите кои сакаат да ги заштитат правата на животните :(
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    на кое место ги виде отруените кучиња???
     
    На Rakometar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.539
    Допаѓања:
    42.896
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш дека не менам нешто, заврти малку по темиве ќе видиш колку пати сум прибирала улични кучиња и сум и наоѓала дом. Секој месец донирам храна и плаќам пансиони. Што вие што ја тупите толку не превземете нешто туку само јадете трици како сметаат, мене ми смета да се на улица и затоа превземам работи. Не е решенио отрови оти кај нас од отров фрлен во парк од луѓе како вас се затрови дете и одвај го спасија. Тоа е несовест. Знаеме сите како стојат работите во државата ама штом сме свесни што сте запнале да оправате криви дрини?
     
    На Lella, Dgirlll, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.539
    Допаѓања:
    42.896
    Пол:
    Женски
    Не се може, ајде објасни ми ви стан од три соби како да чувам 6 кучиња? Јас радо и 10 би чувала ама не е само чувањето треба услови да се има.
     
    На Dgirlll, theowndemon и LollySky им се допаѓа ова.