Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Со човек кој нема никакви факти само измислува не вреди да се разговара, само ќе кажам СИТЕ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НЕСООДВЕТНО КОН КУЧИЊАТА НЕКОГАШ ЌЕ ПЛАТАТ ЗА ТОА поздрав и не ме коментирај повеќе погрижисе за кучињата ПОЗЗ
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ударна вест-повторен напад.
    Да не имаат кучињава некое беснило па да е тоа причина за нападите?
    Screenshot_20170320-233524.png
     
    На joy1, kukla21 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Џабе се препукуваме и докажуваме, факт е дека единствен виновник за проблемот со кучињата скитници е државата и локалната самоуправа.

    И се додека ние меѓусебно се напаѓаме и докажуваме дека вие што не сакате кучиња сте криви или ние што сакаме кучиња сме виновни за ситуацијата, проблемот никогаш нема ни да се реши. Зашто? Зашто се дефокусираме и вперуваме прст во погрешен ,,виновник,,.

    Сведоци бевме на немил настан, искасано детенце од кучиња(сеуште се шпекулира дали се домашни или чувани) и цела јавност почна меѓусебно да се обвинува, де криви биле здруженијата за животни, де криви биле родителите, де ова, де она. А вистината е дека крива ни е државата и локалната самоуправа.

    И сега општините почнуваат со труење на најнехуман можен начин да се справуваат со уличните кучиња. И како што сме прост народ, ќе аплаудираме. Ќе помине некое време, ќе се подзаборави на случајот, на местото на отруените кучиња ќе дојдат нови, не дај боже пак некој ќе настрада. Што решила општината со труењето? Ништо.

    И еве што ако после овој случај се случи пак нов немил настан? Дали пак ќе се задоволиме со труење на кучињата? Нели мислите дека е подобро работите да се спречат место да се лечат? Нема ли за сите да биде поубаво? Нели треба општината да сноси одговорност што навреме не го решила проблемот со уличните кучиња?

    А има начини на кој може да се реши проблемот со уличните кучиња. И се додека викате дека ние не сме Германија, не сме Италија и кај нас нема средства и услови да се реши проблемот, ќе биде вака. Секоја општина има буџет определен за справување со кучињата скитници. На тендери фирми добиваат средства за заловување и стерилизација на истите. А резултати нула.

    Епа да ми простите ама додека работите во државата не профункционираат како треба, проблемот ќе си стои. Се додека државните органи не почнат да реагираат и да казнуваат сопственици кои ќе ги истресат своите кучиња на улица, ништо нема да се реши. Се додека полицијата се прави глува на пријава за труење на кучиња, ништо нема да се реши. Се додека фама се дига само после смрт на дете, ништо нема да се реши. Се додека се тешиме дека сме толку сиромашни за да не можеме да стерилизираме 100 кучки, као демек тоа не ни е приоритет, а видовме дека е, детенце настрада, епа нема да се реши проблемот. Се додека најлесно ни е на најпримитивниот начин, да се убие кучето, пошто оно ни знае да збори, нит да се брани, нит да расуди ко човек, ама битно сме нашле виновник, епа нема да се реши проблемот.

    За моите кучиња, ако нападнат некого одговарам лично јас. Исто како што за кучињата скитници одговара општината. Крај на муабетот. Има постапка и начин прифатен од секоја нормална држава како се третираат кучињата скитници. Нашата држава издвојува буџет за тој проблем, а во пракса ништо не прави. Затоа е вака. Епа да ми простите, ама ако било толку лесно да се отрујат кучињата и ако така се решавал проблемот сите европски држави така ќе го решеле. Ама за жал се виде дека тоа не е решение и дека благодарение на таквата негрижа на државата спрема овој проблем, денес имаме глутници кучиња, искасапени деца, труења со отрови кои се забранети за употреба во сред бел ден во центар на град, случаи каде и дете беше затруено со ланата во парк во Скопје.

    И се додека тоа ни е нормално, вака ќе биде.
     
    Последна измена: 21 март 2017
    На eloves, Lella, bambusce и 15 други им се допаѓа ова.
  4. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Krivi se site so glasaat za ovaa vlada na vmro so nisto ne raboti.
     
    На Afroditaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ме заболе глава читајќи ве :tmi: Особено кога ќе се убаци некој ко џокер и ќе пише нешто што ниту некој го рекол, ниту направил, ама битно нека ве има (facepalm) Да се преброиме кои сме, што сме.
    Нападнало кучето човек и ајде сега сите каде сте вие љубителите на животни, така ли? Моето куче дома е. Ниту има нападнато некого, ниту повредено. Јас не го оставив моето куче на улица. Знаете кој го оставил? Некој кој не сакал кучиња. Некој на кого му сметаат. Некој кој можеби овде се жали од нив.
    Услови ќе сме гледале, така ли? Некој рече, ни крив ни должен бил нападнат од куче додека возел точак. Моите поранешни комшии чуваа едно куче врзано на крај од двор, ќе пројдат еднаш ќе му фрлат леб и завршиле работа. Па кога повремено ќе го пуштеа од ланец, пустото само трчаше по све живо на точак качено на улица. На крај и кола го згази. Дали кучето природно сакало да трча по точаци? Можеби. Ама дека било сакано, чувано и негувано, не било. Дали можеби тоа ќе му го променело карактерот? Можеби. Ама знам дека и чувањето и пуштањето влијаеле да биде едно такво мало жилаво "лошо". И тие, како и ние, доаѓаат од некаде. Читај подобро јас не го оправдувам ова! Да не речете после ова она.
    Условите, така? Еве го гледам законот за заштита на животни, вели домашното животно НЕ СМЕЕ да се напушти. Ако се нема пари за прифатилиште, одма ќе се наполни буџетот. Кој што види дека некој остава куче на улица, одма пријави го. Комшијата до вчера имал три во дворот, сега се две? Пријави го да го најдат кучето и да му пишат казна. Трудна била кучката, ама сега ги нема кученцата? Ајде надлежниот пак казни. Чипови треба сите миленици да имаат? Кој напушти куче, одма се чита од чипот чиво е, казна.
    Ама вашето кутре многу е мирно нели? Што има врска што шета слободно по улица, влегува во туѓи дворови и слично. |( Еве мене ме плашат мали кучиња. На улица бегам од мали кучиња, се вртам по големи. Што да правам, таква сум. Ниту ме интересира колку е мирно вашето куче, ниту зошто слободно шета. Знам само дека не смее да биде на улица.
    Има причина зошто има услови за чување на животните кои треба да се исполнат, не се од ракав дадени. И не, тоа не го намалува фактот дека во светот постојат и гладни деца и дека има војна во Сирија и дека нема вода во Африка. Ама вие овде не се жалите на тоа, вие се жалите, а богами и сите ние, на напуштените кучиња на улица, кои знаат и да напаѓаат. И ве молам со тоа деца има, за кучињата ќе сме гледале. Па сите си приуштуваме одредени задоволства, и тоа не не прави помалку луѓе, затоа што некои луѓе немале. Мислам, не ви е во ред, поопширна е темата.
    За све горе наведено и претходно споменато се виновни луѓето и институциите.
    Ако мислите дека масовно истребување на уличните кучиња е лек, нека ви е. Ама знаете што, во моментов некој идиот што ја оставил кучката да му шета слободно по улица, па се вратила трудна, чека истите да се родат, за да ги собере во вреќа и да ги фрли на улица. И тоа е тоа што треба да се промени. Причината.
     
    Последна измена: 21 март 2017
    На bambusce, MilaP, LivingGlam и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.919
    Животните во Мк дури дојдат до тоа државата да им обезбеди убави услови -ќе страдаат. Не е само прифатилиште во кое ќе бидат кучињата сместени за да не се на улица и таму едвај вода и храна им се дава, ниту вакцини, ниту грижа...оставени да умрат од глад и жед, или убиени под изговор -болни се. За третман за каков што вие зборите, да им е подобро таму отколку на улица, требаат пари (не знам од каде дојдовте до бројка од 100 кучки погоре, не најдов податок колку улични кучиња има во Мк, ама 100 сигурно не се) , требаат организации како пример споменатата Анима Мунди која гледам се трудите да ја оградите од одговорност, а по мое таква организација треба најмногу притисок да врши врз државата за да се среди овој проблем. А споредбата со деца малтретирани, гладни, бездомници и слично за кои на државата не и чуе, а вие сметате дека не и е место во темата за кучиња, јас мислам дека е клучна. Ако државата не е агилна да за своите граѓани првенствено обезбеди услови за достоен живот, како да се надеваме дека во блиска иднина ќе се погрижи за кучињата a со тоа и безбедноста на луѓето по улица? Верба имате дека до следниот пријавен случај на повреда или смрт ова ќе се среди? Или мислите дека досега ова е единствен случај па као ајде, жал ни е за детенцето ама ете се случило.
    Не е прифатлив ниту ефикасен начин да граѓаните почнат да ги трујат уличните кучиња наоколу (никогаш ова не било прифатливо, уште порано уште мала кога бев, се гледаше со презир па и страв кон соседот пример за кој се расчуло дека отрул куче или маче), но кога дискутираме на вакви теми, кога имаме примери каде луѓе страдаат од агресивни кучиња (а докажано е дека со тек на време уличните кучиња стануваат се поагресивни) и знаејќи ја ситуацијата каква е во државата, очекувани се реакциите на луѓето такви какви што се. Кој колку ќе се потресува и за што попрво ќе се потресува кога за жал избор во моментот да не се потресува за ништо нема, зависи од човекот.
     
    На eloves, 1209, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.747
    Допаѓања:
    172.957
    Пол:
    Женски
    За промена почни да се интересираш како живеат луѓето и врати се во реалноста:!:
    Притоа можете вие кучкарите да формирате и едно здружение за заштита на луѓето нападнати од кучиња...
    Затоа што кога веќе сте загрижени за благосостојбата на четириножните пријатели, ред е да бидете загрижени и за нивните жртви.
    Па тогаш ќе кажеме дека сте праведни и работите на кантар ги ставате..па правдата победува!
     
    На elimkd, Rama и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  8. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Во темава јасна е поделбата на луѓе кои сакаат и луѓе кои не сакаат животни. Тоа е во ред, но да се очекува никогаш повеќе да нема напади од кучиња скитници, или барем додека државата посериозно да се заангажира за нивно згрижување (хумано, не било какво) е исто како да се очекува никогаш повеќе да не се случи ниедно убиство во светот. Разликата е во тоа што во случајов си дозволувате да покажувате надмоќ и повеќето од вас се изјаснија дека да се лично инволвирани во случајот самите тие би се пресметале со кучињата, т.е би ги убиле. Да ве прашам, исто би постапиле доколку сторителот е човек? Или во случајов ќе го направите тоа само затоа што е легално истото кај нас и нема да сносите никакви последици? Сфаќате колку ѕверски звучи тоа од ваша страна? И го заборавате фактот дека и човекот е животно, исто како и кучињата. Колку и навредливо да ви звучи истото вас и на вашето супер-его. И секако, има еднакво право на живот како и вие. Прочитав дека неколку луѓе се згрозени од тоа како ги ставаме животните на исто рамниште со луѓето. Јас пак сум згрозена од вашата слобода со која сметате дека имате право да му одземете живот на едно суштество без никакво размислување. Кој е ѕвер во случајов, кучињата или вие? Тие се суштества кои реагираат инстиктивно, човекот има памет со кој може (и треба) да размислува. Од тоа произлегува дека ние како суштества со поразвиена свест треба да ги заштитиме кучињата на соодветен начин, соодветно да се згрижат за да не доаѓа до вакви немили настани. Проблемот е што нашата држава не презема ништо со децении за да го реши овој проблем и сега вие проблемот го наоѓате кај кучињата? Ве читам и се обидувам да разберам, ама одредени мислења на темава почнаа да фрустрираат.
     
    На Lella, Ketchup и BoaVista им се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    17.679
    FB_IMG_1490097479228.jpg
     
    На eloves, orhideea, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    ООООО, да... да ми доаѓа човек да ме нападне, ќе се бранам колку можам, и со камења ќе фрлам, и ќе го давам, и ќе мавам каде што треба и не треба, и ич нема да мислам дали ќе го повредам човекот или не. Исто би било и со куче. Од шо мака куче да ме напаѓа јас да си седам и да чекам да ме растргне?
    па ми кажувате инстинкти, природа, ова она.... баш така, мој инстинкт, моја свест, и моја природа е да се бранам од напаѓачи, а тоа е и природата на секое живо суштество, дури и на голем дел растенија.
    Според вас значи, кучињата треба да прават партали по улици, а ние никако не смееме да се одбраниме оти греота се?
    И која си ти да ги делиш луѓето на луѓе кои сакаат и кои не сакаат животни. Јас многу сакам животни, премногу!!! Ама тоа не значи дека сакам и да ме растргнуваат кучиња болни од беснило, така? Вие 'сакачите' на кучиња, гледам со насмевка на лице би умреле од напад на куче, нели?
     
    На Dust, anastasijaki, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  11. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Сосема поинаква беше поентата на мојот пост, ама сите си сфаќате како што ви одговара....како и да е, не планирам да продолжам со дискусија, уште помалку да се расправам...кучиња болни од беснило? Правите вие разлика помеѓу беснило и глад?
     
  12. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    На овој свет страдаат и кучињата и луѓето...глобализација не може да се направи по никоја основа. Хуманите лица им помагаат на сите, без разлика дали станува збор за куче или човек....сите имаме подеднаква потреба од помош.
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Нормално е да се искаже револт кон „Анима Мунди“, затоа што тие се најодговорни што општинските власти не можат да си ја вршат работата и да ги ништат животните кои ја загрозуваат безбедноста и здравјето на луѓето. Ќе ве потсетам на две случки кои особено ми оставиле впечаток:
    - пред 5-6 години, во Драчево, некој пес-скитник нападна дете кое било на прошетка со татка си. Таткото му вратил на песот и го убил. Паметњаковиќите од „Анима Мунди“ му поднесоа тужба на таткото поради свирепо убиство на “мило и невино“ куче.
    - исто пред неколку години, општина Прилеп организираше ништење на градските чавки. „Анима Мунди“ веднаш реагираше и го осуди тој “крвав“ “масакар“ на кутрите, “корисни“ и исклучиво интелегентни чавки.
    (преписката може да ја најдете овде:
    http://www.plusinfo.mk/vest/4857/anima-mundi-da-se-kaznat-ubijcite-na-cavkite-vo-prilep
    http://www.plusinfo.mk/vest/4942/mukos-cavkite-se-divec-bez-zashtita
    )
    Ако ме прашате мене, најдобро би било да се вратат старите добри шинтери, кои ќе ги фаќаат кучињата и ќе ги носат на привремен престој во некое прифатилиште, каде би претстојувале одреден период, но не повеќе од 2 недели и ако не се јави сопственикот во тој период или човек кој би го вдомил животното, истото да се донира во зоолошка градина како храна за месојадните животни. Одлична е идејата на општина Битола.
    Патем, додека пишував се сетив на една случка. Еден другар сакаше да земи куче за баба му која живееше на село. Госпоѓата од „Анима Мунди“ која ги делеше кучињата му направи интервју какво не му направија ни кога се вработуваше и одвај му дадоа куче.
    За крај јас плаќам данок и комунални такси за да живеам во чиста и безбедна околина, а не за да се борам со пци и разни други штеточини (мачките, иако и тие пренесуваат разни зарази, барем директно не напаѓаат).
     
    На buba4e89, baba Rada, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ако ме нападне човек си има затвори... Судења... Лудници и ќе си му пресудат таму надлежните, а за скитник?
    Абе нема тоа мозок и нема врска што те изело (facepalm)

    Сега кој е крив дека детето го изедоа кучиња?
    Никој...
    А детето ако го убиеше човек, тогаш ќе си одеше во затвор.
    Плус ако немаат мозок и чувства тогаш што е проблемот да се успијат, во случај ако убијат човек?

    Немало свест па ај нека прави што сака по улици.

    Еднаш не признавте колку се опасни скитниците за сите нас... Посебно ако си со мало дете или милениче... Кога ќе ти се пушти сите ќе ве изеде во еден залак.
     
    На eloves, orhideea, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Те имам читано дека се декларираш како религиозна личност, зарем ова што го напиша го сметаш за религиозно и хумано? Луѓе дали сте сериозни? Јас се одјавувам од понатамошна дискусија. Но, едно не заборавајте. Постои карма :)
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Се извинувам што ќе бидам надвор од темата, но сум прашан и ќе одговорам.
    Јас не се декларирам како религиозна личност, јас сум верник.
    Според Светото Писмо (и според Православната вера), кога Бог го создаваше светот како круна на сето создание го создаде човекот (видете во книгата Битие, Прва Мојсеева, во Светото Писмо), Он му даде на Адама да ги именува животните. На почетокот луѓето не јадеа месо, зашто не им беше благословено од Бога, но на Бога Му принесуваа жртви сепаленици (видете исто во Битие, Авел и Ное). По потопот Бог му благослови на Ное и на неговите потомци да јадат месо и [Бог] им вети дека крвта човечка, а не животинска, ќе ја бара и од животните и од луѓето.
    Потоа во Светото Писмо читаме за жртвите кои ги принесувал избраниот народ Израилот. Во Светото Писмо читаме дека и самиот Христос јадел и месо (на Пасхата, Тајната вечера) и риби (дури и воскреснат јадел мед во саќе и риби).
    Јас од кармата не се плашам, се плашам од гревовите кои викаат за одмазда кон Бога.
    Да се убие животно не е грев, грев е истото да се измачува. И јас сум строго против оние кои непотребно ги измачуваат животните.
    Од друга страна, кучињата не јадат месо? За храната која им ја купуваме не било потребно да се заколе некое теле, прасе, јагне итн? Зарем кучињата не убиваат други помали животинки од нив? Зошто не ја повикувате и непостоечката карма и за кучињата и мачките?
     
    На Rama, Chica.Loca, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ок,напишавте реферати,го покажавте вашето размислување ама проблемот си тапка во место.
    Кучињата слободно си шетаат низ Кичево. :)
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Преубаво, точно, јасно и свесно кажано..нема што повеќе да се млати празна слама(y):)

    КАКО ПОДАТОК САМО ДА КАЖАМ ДЕКА ЗА ДВА И ПОЛОВИНА МЕСЕЦИ,НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА СЕ ИМААТ ЈАВЕНО ПОВЕЌЕ ОД 1500 ГРАЃАНИ КОИ БИЛЕ НАПАДНАТИ И ГРИЗНАТИ ОД КУЧИЊА
     
    На *Amethyst*, Orthophill и elimkd им се допаѓа ова.
  19. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Кога веќе има опција за хуман третман, зошто да не ја избереме истата? Не ја повикувам кармата кај кучињата бидејќи нивното ниво на свесност е помало за разлика од нашето....тука е суштинската разлика. Ние имаме секогаш избор. Поентата е јасна.
     
  20. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    (facepalm) Само толку имам да кажам.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.