Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Каде беа овие информации пред случкава со детето?
    Сум приметил и во други теми. Чекате да се случи некој инцидент, тек тогаш се освестувате, се правите на темата една - две недели паметни и после оп сè тоа се заборава, живот иде даље. Така и ова ќе се заборави за некој период, уличните кучиња ќе си останат на улица и така цело време ќе си се вртиме во круг. Повеќето од вас сигурно пред ова не ни размислиле за опасноста од уличните кучиња, ама ај.
     
    На eloves, Silver.E, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Темава е одамна отворена.

    Зошто одвај 5-6 страници беа напишани досега ??????

    Зошто никому не му беше гајле за кучињата и за да се среди тој проблем ??????

    А, сега, се случи немил настан и одма ајде во темава да се пиши се и сешто. И што треба и што не треба. Треба да чекаме да се случи нешто за да реагираме ???
     
    На eloves, Lella, IronLady и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    А мене баш ме интересира ако куче нападне некој од Анима Мунди, како ќе реагира човекот?
    Аааах мило кутре, гризај си ти слободно :D
    Болни сте, жими све, ако го ставате животот на кучето пред човечкиот
     
    На eloves, orhideea, duffi и 10 други им се допаѓа ова.
  4. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Ne setaat kucina samo vo Kicevo tuku vo cela Makedonija!Noke gi slusam copor laat a ziveam vo grad.Duri e vmro na vlast uste poloso ke bide,kojznaj uste so ke ne najdi.
    Ne sme site nezainteresirani,porano imam razmisluvano otkade tolku kucinja i zosto nikoj ne gi trgni od ulica no sto mozam jas dete da napravam?Koj ke me slusa mene,ke me pravat budala.
     
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Кажи убаво што мислиш, затоа и сме на форумов.
    Секојдневно во градот Скопје има по 5-6 напади од кучиња, минимум...секој ден јас одам на работа со и велосипед и секој ден мака мачам и се штрецнувам кога ќе ми излезат од некоја грмушка или пак ке ме начекаат на сред патека..ај оди помини ги да те видам.
    Сакам да кажам дека во цела држава се премногу напади врз граѓаните од улични кучиња, има и од домашни, чии газди не им ставаат маска, така да бројката од над 1000 напади нека не те буни, земи множи-дели што сакаш прави, факт е дека се премногу.
    Како и да е, мора Анима Мунди навистина да превземе чекори и да стори нешто со нив, оти каква е ситуацијава хорор станата, никаква безбедност нема ни за деца, ниту за возрасните, останува единствено решение да ги труеме или да ги убиваме.
    Секојдневно да ме плашат кучиња и да трчаат по мене богами без око да ми трепне ке ги застрелам(ама немам со што).
     
    На Afroditaaa, butterflysk, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Зашто упорно барате Анима мунди да превземе нешто?!? Анима мунди е здружение на граѓани кое работи од донации и со добра волја од љубители на животни - активисти. Со 0 денари од државата!
    Ако треба некој да превземе нешто и ако треба кон некого да се впери прст тоа се општините и градот Скопје. Секоја општина има буџет определен и наменет за решавање на проблемот со уличните кучиња. И треба да го реши, на начин и со постапка предвидени со закон.
    А законот, кучињата и сите други животни кои ги набројавте како штетници, на ваша жалост не ги третира како штетници. Напротив, секое непотребно мачење и изживување врз животни е кривично дело.
    Ама не, во нашата држава примитивизмот е навлезен до тој степен, да веќе нема назад.
     
    На eloves, Lella, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Stellata

    Stellata Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Каков народ = такви кучиња.

    На кој не му е јасно едноставно не знае што е куче. И така.
     
    На Antebellum, sjdgo, Afroditaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Ова не е народ стока е заради еден мал инцидент почнаја да се трујат кучиња. Институциите треба да превземат мерки против овие трујачи на кучиња и да почнат да се применуваат европски закони.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.876
    Допаѓања:
    176.948
    Пол:
    Женски
    Мал инцидент?! За тебе 4 годишно дете со пола изедени внатрешни органи е мал инцидент?! А ти имаш ли дете? Да беше твоето дете искасапено до смрт, ти пак ли ќе ги правдаше животните дека не знаеле што праат и немаше да сакаш да ги отруеш сите до едно?!
    Се читате ли некогаш што пишувате?
     
    На eloves, orhideea, christinnn и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Па зошто Анима мунди тужи некого заради куче? Кучето ниту е нивно ниту го виделе некогаш, ниту го провериле дали е самото агресивно , и дали е ваквионирано ?!! Ако е здружение за заштита треба тие да ги заштитуваат кучињата лично од цела држава штом се осмелуваат да тужат некого !!
    И да се разбериме сите , домашно воспитано куче не може да се спореди со скитник од улица !
    Скитникот не е растен со љубов не воспитан , и треба да им се изврши стерилизација на сите такви кучиња , а тоа да го плати Анимамунди со парите од судските спорови и парите од членовите!
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    А нормално ли е од чиста мира да се разговара на вакви теми?
    Еве ако пред еден месец пишував тука - “ уличните кучиња се многу опасни. Може да се случи да нападнат човек, па дури и дете. Да го распарчат како гладни хиени, да му ја распараат утробата и да ги јадат неговите бубрези, слезинка, да го убијат...
    Што ќе речеше тогаш?
    Оваа не е нормална.

    Едноставно е, свесни сме за опасноста, но не сме моќни како поединци да нешто смениме.
    И да, имаме право да осудуваме, зошто во буџетот на државата даваме и јас и ти и сите ние, а тие кучиња се државни...колку и да звучи смешно.

    Срамота е својот народ да го нарекуваш стока.
    Скалата за големината на инцидентот ти е нешто расипана.
     
    На Antebellum, eloves, jacqueline.s и 11 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.237
    Пол:
    Женски
    pod narod spagjas i ti
    taka da i ti si stoka
     
    На orhideea, jacqueline.s, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  13. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Breej stoka sme bile... Ami samo stoka kako tebe ke rece deka smrt na malo dete e mal incident. Evropski zakoni zboris? Odi proshetaj tamu, vrati se i vidi dali ke vidis copori kucinja ko tuka, pa spodeli.
     
    На jacqueline.s, anastasijaki, JollyGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    :rofl: ко џокер :rofl:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    17.679
    Мал инцидент? :puke:
    Абе иди лечи се. Кучињата греота, а детево испокасапено, мал инцидент. Ако немаш, еден ден можеби ќе имаш дете. Размисли малку со тоа мозокот, ако воопшто го имаш.
     
    На orhideea, elimkd, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Па види вака, штом тужи некого ваљда има основ да тужи. Убивање и мачење на животни е кривично дело. И јас да откријам кој ги отру кучињата што ги споделив пред некоја страна и јас лично би тужела, не ми требаат здруженија. Е сега пошто незнам, можам да поднесам пријава против непознат сторител, ама знаејќи дека нашите институции нема да решат ништо, затоа не ни поднесувам.

    И незнам зашто толку препукување на темава, кога се е јасно. Факт е дека на вас ви сметаат кучиња на улица. Ве разбирам, има луѓе што се плашат, има деца, стари лица итн. И ја несакам кучињата да бидат на улица за да секој ги потшутнува и труе. Ама кучињата се таму кај што се и во толкав број благодарение на негрижата на локалните самоуправи. Секоја нормална држава прави стерилизации на улични кучиња, значи се заловуваат, се вакцинираат против беснило, женките се стерилизираат, оние кој покажуваат висок степен на агресивност се успиваат, а другото се обележува со маркица и се враќа на улица. Статистиките покажуваат дека баш овој метод залови/стерилизирај/врати се покажал како најуспешен и 90 % од државите во Европа го применуваат. Труењето/убивањето со пушки и други примитивни методи кој што се користат кај нас, а се забранети со закон, покажале дека проблемот никад нема да се реши. Зашто денес ќе отрујат 20 кучиња, вие сите задоволни и среќни дека нема кучиња на улиците. А за 2-3 месеци иста прича и пак ќе се чека некој недај боже да настрада, па пак да се трујат.
    И што е решено? Апсолутно ништо.

    Друго, и државните органи треба малку посериозно да си ја сфата работата и конечно да видиме дека некој е казнет зашто исфрлил кучиња на улица. Јас имам две кучки. Првата ја собрав од улица една зима. Се окучи кај мене дома и сега го чувам и тоа куче. Не отидов да го истресам пред некој маркет. И двете се вакцинирани и чипувани. Ако недај боже нападнат некого, по чипот веднаш се утврдува сопственикот и јас ќе сносам одговорност. Чипувањето на кучиња е законска обврска, ама кај нас дали 10 посто од кучињата се чипувани.

    Да сумирам, за да се реши проблемот мора да се почне да се работи етапно и да му се посвети внимание цело време, на само кога ќе се случи некој напад. Зашто тогаш е касно за решавање. И тогаш се пристапува кон такви примитивни методи, со кои се залажува населението дека ете проблемот некако се решава, а не само што не се решава, туку и се трупа уште повеќе. Ама локалните власти битно ќе отрујат 20 кучиња, а народот ќе остане во заблуда дека случајот е решен. Виновникот е најзверски отруен, на тоа се пали нашиот народ, а проблемот ќе си стои. И децата пак ќе бидат во опасност. Ама битно општината се ,,ослободила,, од одговорност што ја има за немрднување со прст за да го реши проблемот цели 25 години.
     
    На Bender Rodriguez, Lella, bambusce и 7 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И во центар имаме огромна фонтана, а некои села во МК немаат вода за пиење, и некој вози мерцедес, а некој нема кров над глава, и некој купува најскапа пудра за лице, а некое дете нема што да облече за во школо итн. Не дека ми е симпатична вторава слика, меѓутоа сите со својот буџет одвојуваме пари за нешто што не ни е неопходно да преживееме, ама на еден начин си се луксузираме па не гледам прсти да се вперуваат за тоа :?:
     
    На Bender Rodriguez, Lella, andromedae и 5 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Дете почина... Друго дете напднато... Вчера во истото село уште една жена БЕЗ РАКА останала... Пред некоја недела друга жена во Струга нападната.... МАЛ ИНЦИДЕНТ???

    Засрами се!!

    Ако за тебе е мал инцидент детенце здраво и прво да умре од кучиња, тогаш оди лечи се.

    Убаво рече... Народот е СТОКА... Поголема стока од тебе, кај има?
    Ѓубриња.
     
    На orhideea, jacqueline.s, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Не викам за сите луѓе дека се стока туку само за оние шо ги трујат кучињата( се извинувам ако навредив некого)
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    ^Кога велиш "на вас" кажуваш за сите општо во множина. Така да сметам дека тоа не е соодветно избран збор. Точно е дека се поделени мислењата.
    Еве сега кого да тужат родителите на детенцето?
    Зошто кога Анима знаеле дека тој реон е опасен го оставиле така без најава, без предупредување? Кого сега да тужи жената што е изгризана од истите кучиња?
    Не очекувајте секогаш тие да бидат во право и секогаш човечкиот фактор да биде виновен за напад на куче.
    Мене сеуште не ми е јасно што чекаат за да реагираат во тој реон уште еден напад?
    Ниту едно соопштение,ниту еден аргумент не може да ја замени болката на родителите и да ги залечи раните на жената.
     
    На *Amethyst*, JollyGirl и Rakometar им се допаѓа ова.