Гледам темава актуелна, си викам ај да видам што има и...... греота, да даде Господ рацете да им се исушат, потпишав секако...!!! Едит: Го почнав видеото, ама потоа веднаш го прекинав, не можам да го гледам тоа, одвратни луѓе, одвратни мозоци, одвратен свет, ѓубриња некои , кутрите кутриња...
Овој може да се најде по куќата видов клипче го снимал некој има доказ и е сведок и лесно можат да го најдат.
Колку вакви петиции сум потпишала,Господ знае,и оваа ја потпишав,ми се грози од монструмиве вака што им праат.Да им се врати на најмилото!
Уф, колку силно сакам да се направи SPCA во Македонија!!! Да ги затвараат сите гадови, но исто така и ќе нема глад тука зошто од секој кој малтретира треба да си плати висока сена и да оди 90 дена во затвор ако е многу озбилно!!! Но еве нашава политика не се интересира за нас, а камо ли за животните!!!
А бе,стварно ами јас дома што не можам да си одам од кучишта уличарски цела банда собрани и лаат сите(кога и да е ке ти се нафрлат)???!!! Ај не заебавај,едно е дома да си го чуваш, да си е вакцинирано,дресирано и се таму, да го чуваш врзано и во двор, ама овие се друго, дивурија, и не можам,ама не можам да ги сакам, има некои стварно се мили ама поради овие скитнициве ми се уништува убавиот поглед кон кучињата.
А, мене па баш ми се слатки. Секој ден кога одам накај дома си носам и кучешка храна и им давам па ми прават друштво до дома и само некој да ми се доближи да ме киднапира салата ќе си стане!
Епа не можам кога се враќам дома од нокен клуб во 4 сабајле јас кучешка храна да си носам со мене,така да овие твоите миленичиња не одбираат па јас салата ке си станам...
^^ Не се они криви што се бездомни, што секогаш се бореле за храна и опстанок и што животот ги направил агресивни за да се одбранат од злото на улицата
Овие кинезиве и корејциве отсекогаш сум ги сметала за изроди. Испадна дека и тоа се. Месото од измаченото куче ќе ги направи помаженствени? Тие немале и нема да имаат ни М од Мажи. Само, имам едно прашање, каков Zip code се бара?
^ Кучињата ги жалите, а кокошките, рибите, прасињата, зајаците, ... не. Ако толку многу ги сакате кучињата, нема да ги мачете затварајќи ги во вашите домови. Тие сакаат слобода. Ако сакате да ги спасите пуштејте ги да живеат слободно.
Кучињата сепак имаат потреба од нас, и тие имаат емоции и истовремено умеат да ни ги покажат. Не се дволични за разлика од луѓето. Тие се само незаштитени и беспомошни суштества, а ние како разумни и совесни луѓе, сме тие кои треба да ги заштитиме.
Што сега кокошки, риби...? Што мешаш баби со жаби? Не е вистина дека кучињата се најсреќни кога се слободни. И тие имаат потреба од дом, внимание, љубов. Некој мора да се грижи за нив. Ти мислиш дека слободните кучиња(скитниците) се најсреќни? Тие како под прво, немаат храна, немаат љубов, немаат кров над главата и на улица кој стигне ги шутира и мава. Верувај, тие повеќе би останале заврзани со синџир отколку без храна, без љубов, без топлина. Него му е сосема доволно 3 во неделата да го изнесат на прошетка и да се изнатрча. И тоа е добивање слобода. Тие се нашите најголеми пријатели.
Не мешам баби и жаби. Кучето е животно исто како и кокошките и рибите и која е разликата меѓу јадење куче и кокошка? Да не се разбереме погрешно, јас сакам кучиња ама ова што го пишавте за кинезите е дискриминација на животните. И тие се живи суштества како нас. Замисли тебе да те врзат за синџир да те хранат, да си играт со тебе, а цел ден да седиш врзана во некој двор или стан. Јас искрено ретко гледам некое средна големина или пак големо куче да не живее врзано со синџири. Никое живо суштество не сака да живее врзано со синџири, а во замена да добива храна.
Јас пишав дека поубаво би му било да излегува на прошетки барем 3 дена во неделата отколку да биде бездомник. И не те разбирам, каква дискриминација ние правиме на животните? Оваа петиција е со цел да собере повеќе гласови за да престанат кинезине да го прават тоа што го прават. А, ако си против јадењето месо од било кое животно, изјасни се во темите кои се наменети за тоа. Оваа тема е за да се заштитат кучињата.
Бог да чува и да брани, какви не се гадови шетаат по земјата! Господ гледа, кога тогаш, ќе ги стигне казната.Премногу ги сакам животните и не можам да поднесувам кога тие се малтретирани.Чудовишта, идиоти! Да даде Господ дупло да им се врати! Го отворив линкот сакав да потпишам ама не знам што треба да се напише кај што има Zip code и на телефон кај што е треба мобилен или како сакаме зошто гледам во заграда пишува optional?И видеото го уклучив, собрав храброст ама пак го стопирав откако ги слушнав како цимолеа и плачеа кутрите кученца.. Целата се наежив уште кога ги читав мислењата...Се согласувам до негде и со BlackPiano, поради што и не ни јадам месо.Само сметам дека не е во право што вика дека кучињата треба да се пуштат на слобода??? како тоа на слобода??? Да бидат кучиња бездомници е подобро??? Добро кажа HollyWoodGirl, тие единствено имаат потреба од многу љубов и од внимание, да се прошетаат и да се истрчаат.Тие не се дволични,себични и знаат да ценат и искрено да се радуваат, што кај луѓето тоа веќе го нема...
Која е разликата меѓу јадење куче и кокошка ? Ако за тебе нема разлика, тогаш земи си милениче на пример како кокошка или свиња. Нели да не се праве дискриминација на животните...
ја потпишав петицијава и ја споделив на 2000 пријатели, се надевам и останатите ке потпишат. незнам што да кажам за видеово, ама барем моето кученце си доби +15 мин галење и 4 бисквитчиња
Има пот бели пиг тоа е домашна свиња, а јас чував бројлер пиленце како мала и беше многу мило. Животните немаат право да се раѓаат за да умираат! Ти убаво што си сакаш кучиња, но дали сакаш животни? Не си ни прашала дали постои свиња како милениче, а ти уште си кажуваш има разлика меѓу животните. И тие се живи суштества и им треба нашата почит кон нив. Кога бев мала дедо ми ми донесе едно јаренце, но, тоа мораше да оди назад кај сопственикот за колење. Леле, колку сум се поврзала за него сакав да спијам со него дури. Мојата најдобра другарка како мала ми кажуваше: -„Ти стана мајка на маче, на куче, на пиле, сега и на коза. Ќе видиме што ќе се случи понатаму...“ И од тогаш сум „мајка“ на бездомните животни и животните кои бараат надеж. Зар нема да ти биде мило ако се чувствуваш поврзана со животните и природата?