Тоа и ми беше муабетот. Таков ни е менталитетот. Јас сигурно не би рекол дека не си нормална, ама ќе има и такви. Сите чекаат да им дојде јајцето на газот што се вика, па да реагираат... е сега касно е. Детето нема да се врати, џабе е сега труење на кучињата и некои други фикс идеи. Таков народ сме, секој си гледа за себе како што напишав во претходниот пост, не може целава ситуација да ја решат два - тројца поединци.
@buba4e89 Како бе кого ќе тужи, па општината ќе ја тужи. Се си мислам дали има сврха да се објаснуваме, кога очигледно не се читаме. Анима мунди да даде предупредување дека имало опасни кучиња? Се читате ли што пишувате? А општината што праи у меѓувреме додека опасни кучиња си парадираат таму? Чека и моли бога да не се случи нешто, а ако се случи ај ќе ги отруеме кучињата и вие мислете си проблемот е решен. Па ако пак се случи нешто, пак ќе труеме и се така до недоглед. Да, кај нас секад наместо да се спречи, ќе се лечи работава. Нит некој заштитен, нит проблемот решен. Само маска за смирување на страстите и изземање од одговорност.
И не знам дали некој примети, ама ваква е ситуацијата, оние што се најгласни за заштита на животните, чуваат во просек едно или ниедно милениче и не нарекуваат нас останатите "нељубители" што во просек чуваме едно или повеќе миленичиња. Интересно.
@JollyGirl не се слагам со членот дека станува збор за мал инцидент, напротив, страшно, жално и срамно е дете или било кој да настрада од кучиња. Ама еве кажи начин како да се реши проблемот? Со препукување на форум, не се решава. Дали мислиш дека со труење на кучињата ќе се реши? Со убивање на истите? Значи еве пишете начин како мислите да се реши овој проблем за да не настрада и некој друг. Чуден менталитет сме, нас ни е најбитно да најдеме виновник, и најчесто кога неможеме да удриме по магарето удираме по самарот. Станавме инквизитори, наместо превенција, главна цел ни е репресија. Ок, јавно ќе ги ставиме на клада и ќе ги запалиме живи, сите здруженија и љубители на животни, најзверски ќе иструеме и уништиме се што мрда и личи на куче. Ама кога за два три месеца пак ќе се накотат (зашто некој совесен граќанин ќе ги истресе пред некој маркет малите од кучката) и недај боже нападнат, кого тогаш ќе ставате на клада незнам.
Јас кажав што мислам, не планирам едно исто да пишувам. Ми се повраќа од темава веќе. Не сакам ни да влезам овде. Човечкиот живот е на последно место ставен.
Моите соседи чуваат огромно црно куче кое нон-стоп лае. Мене како возрасна личност многу пати ми е страв да излезам од сопствениот двор прво гледам дали е добро врзано (од далеку) и на некој начин доживувам стрес секој ден. Да не се разбереме погрешно јас многу сакам животни и самата чував и куче и маче и други миленици, но на соседите им кажав да си превземат нешто со кучево, они само кажаа дека кучето нив не ги напаѓало, ги сакало и дека не можеле да го дадат на некој надвор од градот што можеби има повеќе услови да го чува. Моето прашање е дали има некој број на кој би можела да го пријавам, бидејќи веќе слушнав дека некого го каснало само што ситуацијата се обидуваат да ја прикријат.
Пријави во анима мунди тие сигурно неутрално ќе ја разгледаат работата ако е потребно и сопственикот ќе се санкционира
Сериозен си со болдираново? Ако си сериозен те поканувам во Маџари, а после ќе те носам во едно село и ќе те оставам на 6 убави џиновски душички. Подружете се еден саат додека јас испијам еден сок. Кога ќе излезам, ако си сеуште жив ќе ги викнеме Анима Мунди неутрално да испитаат... Ако не си жив, ништо страшно. Само еден мал инцидент Онака само.. Свесен си дека Анима Мунди НЕ МОЖЕ да санкционира? Ниту да глуми држава и извршни органи? Како ќе ме санкционира? Со парична казна? Затворска?
Веројатно затоа што немаат сите исти услови и финансии. Ако некој чува повеќе миленичиња а се залага за убивање на уличните животни, не е љубител на животни. Едноставно се грижи и ги сака за милениците кои ги чува, од едноставна причина што се негови. Тоа е разликата која не ја согледувате и не сакате да ја прифатите. И веќе е време да се престане да се коментира во темава, затоа што отиде во премногу погрешен правец. Константно се напаѓаат оние кои ги бранат кучињата и се обидувате да не убедите дека нешто не е во ред со нас.
Не може да санкционира, ама ако увидат дека кучето не соодветно се чува и на Монт Еверест ќе се качат за да докажат. Е сега не знам што значи соодветно за нив. На пр. во една во темите партал ме направија дека кучето го чувам врзано со ланец и на сајла во двор. Врзано не чини, го мачам кучето. Пуштено во двор, може да излезе (ете минатиот пат беше пуштен, па дојде мајстор да монтира клима и немарен ја остави вратата отворена) па пак не чини, ќе направи можеби беља. А и што да кажам повеќе кога тука на форумов се пропагира исхрана на кучињата со свежо месо и коски. Нели тоа по логика значи дека го заучуваш кучето да препознае мирис на крв. Е после ќе не гледаат како оброк, епа да. ЗОШТО СМРТЕН ГРЕВ Е ДА ХРАНИШ КУЧЕ СО ДЕХИДРИРАНА ХРАНА или како и да ја викаат. Јас истата ја викам ХРАНА ЗА КУЧИЊА.
Yeah...that`s the problem... Надлежните органи кај нас не функционираат... Да функционираа до сега Скопје ќе беше како цела Холандија, без улични кучиња! Слободно нека се качат Ќе им аплаудирам... Ти како СОПСТВЕНИК на кучето верувам дека си и самата свесна како треба да го одледуваш. А кој се осуди да ти пропагира нешто што не е во склоп со твоите ставови, слободно игнорирај го. Сметај го како дискусијата за широк повој на бебуши затоа што тука членкиве децата ги ставија на исто рамниште со животните, па посликовито да им објаснам колку ме "боли" мене што имаат да кажат за начинот на одгледување на милениците... Секој има нешто да каже и секогаш ќе има 2 страни..нели
Какви саможивници од луѓе постојат, тоа чудо невидено. Јас имам трауми од кучиња, бегам кога само ќе го видам, не па да ми се доближи. Уште па кога ќе видам распуштени од каиш, без маска со коментар „ништо нема да ти направи“, така ми иде еден на газдите да им удрам. Дома што сакаш прави со него, на јавна површина се знае што се прави. Па ко ќе ги стават да се лигават на јавните чешмички за вода, а таму после дечиња пијат. Саможивници.
Ајде важи, ќе се разубедуваме сега.. Не можат да постигнат затоа што се толку кадарни.. И способни... Црно ли е, сино ли е, златно ли е Спојлер: сино е
Прочитав само неколку коментари и имам ова да го кажам: Стока невидена се оние што не знаат да си ги приберат кучињата у двор или ако веќе чуваат расни кучиња да си платат дресирање како цел читав свет и да не ги загрозуваат животите на оние околу нив. Стока невидена се и оние што ги оправдуваат. Стоки се и оние што скоро 30 години наназад не можат да најдат решение за уличните кучиња, Бог да не чува од нив - особено зимно време. Сестра ми веќе 2 пати ја напаѓаат на улица, а мене пред 1 година ми ја испокршија цела хауба на сред Партизанска. А за Анима Мунди коментар немам, полицемерна организација у државава мислам дека не постои. Толку од мене
Кога веќе сопствениците решиле да земат огромно куче, а не сакаат да го хранат редовно, не го вакцинираат, ниту стелиризираат, тогаш на сопствениците (во конкретниов случај моиве комшии) да им стигне една така поголема казна па главата да не знаат кај им е. Најлесно е да се убие кучето, но тука одговорност гледам најмногу кај нив, кај сопствениците.
Како само успеа да ја селектираш љубовта спрема животните не ми е јасно. Јас сум љубител на животни. Ама оние животни што преставуваат опасност по живот, нормално е да им се плашам и да не ги сакам во близина. Исто и со луѓето. Оние што се нелуѓе, нормално е да ги игнорираш. Ама не може некој што не чува никакво животно да ме убедува дека тој ги сака животните повеќе од мене. Па доволно е кришка леб со млекце на ден отколку кутрето да е оставено само на себе на улица. Ако си толкав љубител нели, ќе го заштитиш. Дури ромите во куќите што им се распаѓаат делат кришка со кучиња. А овде ми кажуваш дека секој не можел. Не, секој не сака. А секој може. Ама полесно е да се збори. Вистина е дека едвај се прехрануваме себе, и вистина е дека не можеме да ги нахраниме сите, ама во мало дворче и кришка со леб, оној што сака може да заштити животно. Зошто и да немаш доволно време да му посветиш, милион пати е боље тоа мало дворче и дневниот оброк него ли улицата. Епа како рековте, промените почнуваат од себе. За промена, земи кутре или маче сеедно па дојди тука и збори. Со Анима Мунди имам 3 лични и персонални искуства. Далеку се од она што се преставуваат.
Сите се батки со модниот аксесоар т.н куче, ама освен периодично бањање ништо друго не прават. И мене ме касна „расно, домашно“ куче и јас убедена дека е вакцинирано, тоа само бебе кога било, немало потреба после