Да се разбереме, човек кој не сака животни, по мене не е човек. Сите би сакале да се најде решение за кучињата скитници. Може ли да не го сакаш? Сликава ја имаше постирано @ninja35 ...се надевам нема да се лути
И кај нас во комшии пред неколку години имаше МЕЧКА... Мал збор е да пишам куче. Сопствениците си ги сакаше и не ги напаѓаше, а ти кога поминуваш прекрсти се три пати и најбрзо што можеш трчај. Врзан го чуваа, ама тој сам си се пушташе и си шеткаше по комшии... Додека се вратат сопствениците од работа, тој веќе лом направил низ населба. Не знам колку поштари и комшии нападна... Сопствениците си плаќаа оштета и никому ништо. 100 пати беа предупредувани за да си водат поголема грижа, а тие си придилжуваа. Еден ден му дојде преку глава на еден комшија и ја отру мечката. И кога мислевме дека сите се спасивме за век и векови, ете ги тие уште поголема мечка купија Не дека го сакаа толку и првото куче туку ги купуваат за крадци да не им одат дома... А за кучињата им е гајле... Само им фрлаа по 5 кг месо да јадат на ден и толку.... Ни ги шетаат, ни си играат со нив. Сега се тужат со останатите комшии и не знам што прават.... Едноставно на надлежните не им е гајле, па може и ова куче ќе им го отрујат разбеснатите комшии.
Не се секирај за мене, имам милениче Во секој случај, не е во ред да вршите директен напад кон оние кои сакаат да чуваат животни а немаат услови за истото.
Јас сум огромен љубител на животни. На секакви, не само кучиња. Кога бев мала мојот град имаше огромен проблем со кучиња скитници, плус во соседството имав комшии кои чуваа агресивни кучиња. Едно неколку пати се обидуваше да не нападне. Вие што ги обвинувате родителите на детето веројатно не сте виделе како изгледа бесно куче и не сте свесни дека родителите најверојатно не би ни можеле многу да сменат во врска со исходот од ситуацијата. Знаете како викаат, не треба да се плашиш од куче, ако почувствуваш страв тропни со ногата, наведни се и преправај се дека ќе земеш камен, покажи му доминација, ќе го подисплашиш и ќе се тргне. Ахам, пробај го тоа на диво куче. Пробав и јас еднаш, уште се тресам при помисла на ситуацијата. Најлошо е што тоа куче се обидуваше сите да ги нападне по ред, сопствениците ништо не сакаа да превземат и си го пуштаа слободно да си седи пред двор. Што се случи? Го убија. Дали ја оправдувам ситуацијата? Можеби не, ама се прашувам дали требаше да оставиме некој да убие па да се превземе нешто. Еднаш 10-15 кучиња се навртеа околу мене, не ми даваат чекор да направам. Јас пробам да прочекорам, тие почнат да лајат. И? Кој и да имаше до мене тешко дека ќе ми помогнеше, да не налетаа познаници со автомобил - тешко мене. Сега имам куче со мал раст, го шетав неколку пати ама некое пуштено слободно/скитник сегогаш се обидува да го нападне, па поголемиот дел од прошетката ми поминува носејќи го во раце и бегајќи што е можно подалеку од други кучиња. Затоа седи на балкон и излегува во двор само кога има некој да го надгледува. Зошто кучето да ми седи затворено? Дали го оправдувам тоа? Дефинитивно не. А кога сме кај Анима Мунди, од мене тие немаат никаква почит затоа што сметам дека се буткаат само каде што можат медиумски да се експонираат. Се прашувам дали воопшто прават нешто на страна од она што го објавуваат, коментираат и се расправаат со сите. Еднаш им пишав за едно животно на кое сметав дека му треба помош (не куче), да бев во можност во моментот сама ќе му помогнев, за жал бев на 5 минути од битен состанок (плус сметав дека тие се ваљда постручни, подобри би знаеле што треба да направат или барем совет да ми дадат, ако ништо друго да кажат дека се е во ред, нема простор за грижа). Од нив добив само seen.
Аууу сега читам за малиот инцидент. Не бе луѓе, не е ова брука, ниту сељачизам, ова е некое пореметување со центрите во мозокот кои управуваат со емоциите. А ако не сум во право, и ако за ЗДРАВ и НОРМАЛЕН човек-убиството на 4 годишно дете е МАЛ ИНЦИДЕНТ, тогаш ова е незамисливо изреметено општество и јас уште денес сум спремна да си ги спакувам куферите и да си купам неповратна карта до било која држава со барем малку понормално општество.
Ама што докажувате вие страници наназад? Ако се чувствувате загрозени од кучињата-скитници, бидете досадни кај институциите (уште името им останува), како што сите треба да бидеме. Барајте одговорност на вистинското место.
И некој кога ќе го шета кучето без маска и каиш да си ќутам, чунки тој не е институција. А бе со сите се расправам, ако треба и ќе се тепам
За мобилни да правиме муабет во мобилара За храна во кујна За бременост на гинеколог За комшиката со другата комшика Да, стварно, што ќе ни е форум
Pa kakov si koga spored tebe slucajot so detenceto e mal incident, a lugjeto sto gi trujat kucinjata se stoka. Kuceskiot zivot e povazen od coveckiot a? Dno dna si.
А-ха, ова е исто толку банално прашање од кое не зависат ЖИВОТИ, значи исто како муабет за мобилни и за рецепти. Надвор пак истата песна со кучињата, сами сте свесни дека ништо не сте постигнале. Битно сте се истуриле врз некој непознат на форум.
Како може бе исто да се ценат, се читаш ли ти не ми е јасно? Еве повторно истата песна.. Значи човековиот живот е исто вреден колку и кучешкиот... Да ти се плукнам во животов кучешки...