Јас ширам кон оние од кои сум видела лошо. КУЧИЊАТА! Не сум била во болница 1 месец затоа што ме изеде човек, туку куче. Јасна сум сега?
Повторно се враќаме на почеток на истата дискусија. Немам ни желба а ни време повеќе да се докажувам. Од индивидуален случај не се врши глобализација. Кој рече дека е во ред да бидете нападнати од куче? На сите може да ни се случи тоа. Но решението не е присилно да ги истребиме сите кучиња. Јасна сум сега?
Не може куче кое повеќе од еднаш нападнало човек да го оставиш на улица да си шетка под оправдание дека "не е тоа криво". Што би направил ти со такво куче? Ќе го оставиш да биде слободно? И луѓето што убиваат и напаѓаат луѓе, некои од нив го прават тоа затоа пто некој ги нападнал претходно. Да ги пуштиме и нив да петаат на улица, а? Да убијам јас човек па да се бранам на суд дека не сум крива, испровоцирана сум била претходно од некого.
Проблемот не е во тие кучиња што напаѓаат во Кичево, никој не оспори дека треба да се испита во што е проблемот и да се реагира. Проблемот е во масовните труења кои се организираат деновиве како последица на тоа и страдаат и невини животни. Во еден пост пиша дека и негово куче е отруено...нема право на револт?
И мене ми труеле куче, ми претепале куче, и ме нападнало куче без причина... И сега? Немам јас право на револт?
Животот на животните никогаш не треба да е повреден од луѓето,поготово не од животот на едно невино 4год. детенце. Во овој случај многу луѓе може да укривиме. Прво општината,сопственикот на кучињата,овчарските плус оние уличните и на крај кучињата. Но зарем само јас сметам дека 4год дете не е во ред да пуштеш само да оди до соседната куќа по нива знаејќи какви опасности има? Како што јас знам дека син ми не смеам да го пуштам сам да си игра во двор,затоа што одма на главната улица сме и возат како луди верувам и неговите родители како и жителите на тоа место знаеле за опасноста од кучињата. Веќе неколку дена не можам да го извадам детето и неговата болка од глава,поготово затоа што е исто годиште со син ми,го гледам син ми и си викам колку сила има тоа детенце,што згрешило за да доживее таква судбина.. Сега што и да се преземи касно е,веќе родителите си го закопаа најмилото и кој и да се казни ништо не им враќа. А јас како родител верувам дека ќе го преколнуваат денот и моментот кога го пуштиле само надвор..барем јас така би реагирала. Дали е решение масовно труење на кучињата? Не. Освен кучињата ќе настрадаат и мачиња,да не дади Господ може и некое дете... Огромен проблем се уличните кучиња но не се решава тоа со труење. Погоре убаво кажаа. Овие ќе се отрујат а за некоја ден нови кученца газдите ке фрлат на улица. Уште летото пишав.кај нас во град има преубав парк но не можеш да си изнесеш дете да ужива заради сопствениците што шетаат кучиња па и ги пуштаат без ланец или било каква заштита да се изнатрчаат. Ајде да се некој мали кученца па да имаш шанса да се одбранеш ама овие како магариња. Да се пријавува фајде нема,полиција си стое,ги гледа ама ништо не превзема, казните кај нас не функционираат. Им викаш за ланец и ти одговараат дрско дека ако е за ланец не ги ни изнесувале надвор,куче било,требало да се истрчи. Не е еднаш,многу пати тие кучиња напаѓаат деца и возрасни луѓе. Сега муабетот ми е ајде овие уличните ќе ги отрујат,мирен ќе биде градот месец,два ама што да правиме со другите кучиња кои имаат сопственици кои мува не ги лази дали нивното куче ке повреди некој или не?
Љубителкa сум нa живoтни и не се срaмaм дa кaжaм , имaм и крaви и свињи , куче и живеaм нa селo блискo плaнини , имaме и вoлци нaвечер кoи ни шетaaт пo нивa кoјa се нaoѓa зaд нaшaтa куќa , имaме и диви свињи , не смееме дa пукaме дури и нaвечер дa ги сретнеме . И знaете штo ?? - Пo безбедни сме дури и нaвечер дa се прoшетaме нa улицa и пoкрaј тoa штo немaме уличнo oсветлувaње! Куче скитник ти е , ѓaвoл вo кучешкo телo нa улицa ! Еднaш ќе нaстрaдaв oд злaтен ретривер и тoa нa мoј чичкo , кучиштетo ме бркaше три стaници се дoдекa тaксист не му гo пoпречи нaмернo пaтoт и се кaчив брзински вo кoлa . Искaсaпенa ќе бев ! Имaм децa и нa се мислaм , пa и се рaдувaм штo живеaм нa селo кaј штo немa скитници кучињa туку сaмo вoлци нaвечер ! -Вoлкoт бегa oд чoвекoт чим гo нaсети , a кучетo директнo нaпaѓa! Не oпрaвдувaм скитници , тие се изневерени кучињa кoи не верувaaт вo чoвекoт , никoгaш немaле милoст и немaaт милoст кoн никoгo . Сaкaм зaкoн дa имa кaкo вo USA дa имa пoлицијa зa кучињa , и секoе куче штo нaпaѓa дa се усмртувa , и секoј штo сaкa дa чувa куче дoмa дa имa стрoг зaкoн зa вгрaдувaње нa чип и редoвнa вaкцинaцијa , при тoa штo aкo нaпaдне кучетo , гaздaтa дa си oдгoвaрa зa тoa штo не гo чувaл сooдвернo.
Да не си ти тоа случајно? А бе тие кучиња изеле дете! Го изеле бре! ти влегува тоа во глава! Не сакам да замислам како изгледа тоа! Кутро дете. И ти мене ми кажуваш дека сум бездушна затоа што сметам дека веднаш треба да се успијат кучињата?! Што треба да се прави, истрага. Може малечково ги провоцирало, па тоа е криво што го нападнале. Сериозно еј?
Уште еднаш ќе искоментирам. Оти се зачитав пак и сакам јасно да кажам уште неколку поенти. 1. Во конкретниот случај за конкретните кучиња, се согласувам дека треба да бидат еутаназирани. Значи нема тука прашање никакво, никој не ги брани тие конкретни кучиња кои го направиле делото. Без разлика што тие се такви поради човечкиот фактор- штом се опасност за заедницата правилната работа е да бидат усмртени. Значи и домашен миленик да нападне некој и да убие судски ќе треба да се еутаназира животното. Точка. 2. Дечко ми неодамна вдоми куче скитник од улица. Го зедовме го искапивме, вакцинирање и се што треба. Спојлер: Слика Сакате ова пуфче да биде убиено на сметка на тие што се агресивни? Вашата желба и апел да се усмрти секое едно животно скитник на сметка на 100 годишно кои се проблем е далеку од нормална и рационална. Многу луѓе вдомуваат животни, јас сум волонтер во Мали Херои Битола и скоро сите кучиња кои ги најдваме и постираме си најдуваат сопственик. Ние сами ги лечиме, ние сами ги креваме ги прибираме. До сега во овие 4 години не сум се сретнала со агресивно куче и со ова не демантирам дека такви постојат, ама укажувам на фактот дека јас лично сум била сведок на над 500 кучиња и мачиња од улица кои се сега домашни миленици. 3. Анима Мунди е здружение за заштита на животните во Скопје. Има повеќе вакви здруженија низ целата земја кој никој не ги сфаќа сериозно. Како очекувате 20 волонтери да бидат ОДГОВОРНИ за цела држава? Имаат тие некаква надлежност? Можат да тие да казнуваат, да одземаат животни, да воведуваат закони? Не. Не сте свесни колку проекти, колку барања, колку идеи имаме пуштано до општината на Битола- колку млади креативни луѓе можат да смислат решенија, колку е можно ако се сака да се најдат инвеститори САМО ако се добие дозвола од срањето ни држава. И не даваат луѓе, не дозволуваат ништо! Вервајте. 4. Зборате за вашите деца и вашата безбедност. Колку е безбеден вашиот супер план да се исфрлаат отрови по улиците каде што вашите деца играат? Ден денес во Битола барем еднаш месечно има отрови на улици. Дали ако се отруе нечие дете или нечиј домашен миленик некој ќе преземе одговорност? Како бе така размислувате шо е ова? 2017 година дојде уште примитивните размислувања не ве напуштаат. Со вашите камења по глава се удирате. Значи таму каде што е неопходно да се усмрти животно- никој не ви вели не. Ама за да не дојде до тоа одговорноста е наша и чисто наша- на човекот и на државата.
Во повеќе наврати се спомна да се бара одговорност од Анима Мунди ама не ми е јасно само на која основа. Анима Мунди се една голема смешка и не знам некој нив да ги зема за сериозно, баш напротив, повеќето превртуваат со очи кога некој ќе ги спомне. Знам дека постојат со години и на почетокот беа сосема океј- вдомување на миленици, лечење и помагање на скитници, кревање на свеста на народот итн. Ама тоа беше тогаш, денеска се сведени на кревање џева по медиуми, пропагирање веганство (што допирна точка нема со мачиња и кучиња), оставање на рејтинг 1 на Силбо и очигледно- карање по форуми. Веројатно единствените луѓе кои имаат позитивно мислење за Анима Мунди се оние кои членуваат во неа, за сите останати Анима Мунди= attention whores. Колку и да се извикани, зошто да бараме одговорност од нив? Тие не се дел од проблемот, проблемот лежи само и единствено во институциите! Ние, како граѓани на Р. М, плаќаме за да бидеме безбедни по улица, од наш џеб даваме за да нема улични кучиња. Место да бараме одговорност од граѓанско здружение, треба лутината да ја изразиме таму каде и е место, кај градоначалниците кои земаат плата за да решаат такви проблеми. Ама, во ваква партизирана Македонија, многу е полесно Анима Мунди да ја кривиш отколку државата кога братучед ти, мајка ти или дечко ти работат под државна капа и маршираат од 5 пред влада. Кај нас е донесен закон дека куче мора да се шета со поводник и со маска. Колку го почитуваат? Многу малку, да не речам ич. Да не заборавиме, дел од кучињата кои го убија детенцето имаа сопственик. Значи, нашиот проблем не се само улични кучиња, туку и оние кои имаат „сопственик“. Што правиме со оние домашни кучиња кои се агресивни, кои напаѓаат додека газдите мува не ги гази? Банален пример: Поминувам, не провоцирам ама баш никако, ми се с`ска куче (среќа) од мала раса, ме лае и `рже, ми ги покажува забите. Му велам на газдата да го прибере додека да поминам, фраеров ми се курчи (извините на израз). Ултимативно, не е до кучињата, до нас е, ние сме тие кои не чиниме! Кучето како куче е само симптом, ние луѓето сме проблемот. Ама има решение и за тоа-казни! Големи, јаки казни (кои ќе важат за сите!), казни кои во евра ќе завршуваат со три, четири нули па ќе видиме дали некој и тогаш ќе шета куче без маска или кога ќе му помине меракот, ќе го пушти на улица. И да не се лажеме, денес и да ги отруеме сите улични кучиња, за некоја година повторно ќе се соочиме со истиот проблем зошто ние луѓето сме несовесни. пс. Апсолутно обожавам животни!
Кои институции ќе тужи,врз основа на што? Нели се и Анима мунди формирани како здружение со свое седиште? Каде се сега тие да повикуваат на евтанизирање на тие кучиња туку оставија така. Никого не може да тужи за жал, точно е дека ние како држава немаме услови за да формираме закон за улични кучиња, не постои таков закон врз кој жената и родителите ќе тужат. На која врата ќе тропне и ќе рече "дојдов да поднесам тужба ме касна улично куче." Не, јас не велам дека не е држава крива јас велам дека Анима знаела кое место е ризично и молчеле( не изнеле предупредување) затоа и се покрија со тој факт дека кичевскиот регион е познат по тоа. Јас како личност не го подржувам мислењето на Ракометар дека тоа е мал инцидент,напротив сметав дека таквиот коментар е апсурд. Лошо се има изразено членот но тоа не значи дека треба да скокаме по него. Сакам кучиња и се надевам во иднина ќе чувам хаска.
@Rakometar, најдобро е да се повлечеш од темава, очигледно е дека додаваш масло на огнот. Гледаш дека сите се револтирани од случајов, а ти со твоите изјави уште пореволтирани ги правиш и сфати дека тоа може уште полошо да заврши за кучињата-скитници кои ги браниш. Патем, вие го заборавате суштинскиот проблем. Темава стана чорба-каша. Една вика мене на точак ме нападнаа, друга вика маж ми со камења ги маваше, трета вика јас обожавам животни, четврта вика ВМРО се криви, петтиот пак предлага решение кучињата да биле храна во зоолошка градина, шестата вика а јас за мојот стрес од на комшијата кучето кој да тужам, седмата вика ти си стока, не сум јас, осмата вика Анима Мунди се преваранти... и така. Некако, сите сакате да докажете дека кучињата за ѕверови, злобни, опасни по живот... Добро, и? Го пишавте мислењето, го испративте на форум, сите нè убедивте дека сме бездушни ѕверчишта кои се израдуваа на смртта на детето... А сепак, во овој момент, некој, некаде, го напаѓа некое куче. Ова не е проблем за на форум. Џабе се и 100 страници да испишеме, кучиња пак ќе има сè додека некој не се реши да биде првиот што ќе изреагира да промени нешто. Вака зад екранот сите сме јаки.
@Lella а уствари сите ние ѕверовите на темава превземаме нешто за да нема улични кучиња, а сите оние кои не сметаат за бездушни оти ги сакаме животните, сите оние на кои им сметаат уличните у животов нивни гарантирам дека не мрднале ниту со прст за да ги нема на улица.
Ова именување на убиството на 4 годишното дете како „мал инцидент“ ме потсетува на војната во 2001 која упорно и недолично ја нарекуваа „конфликт“. Ете од тоа си страдаме. Од недостаток на емпатија. Од фактот што не ги нарекуваме нештата со вистинското име, туку ги закриваме, филуваме, обликуваме како нам што ни одговара, без притоа да размислиме за чувствата на другите ЛУЃЕ. Кучето е животно кое се дресира како да се однесува. Неговиот чувар има обврска да го издресира, за негово добро и за доброто на оние околу него. Скитниците треба да се вдомат и кастрираат. Шинтерски служби мора да има. Иако дебатата е филозофска и бескрајна, јас верувам дека човечкиот живот е поважен од животот на останатите животни.