Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.756
    Допаѓања:
    175.541
    Пол:
    Женски
    Пак никој не ја гледа големата слика овде. Сите сме сложни дека свеста на човекот е директниот виновник за скитниците. Тоа што секој си вади различни заклучоци што е и како е од дискусијава е друга ствар.

    Поентата е дека кога човекот ќе оплеска, државата преку нејзините институции го чисти нередот.
    Е ама, овде тоа не функционира.
    Значи, никој не рече дека све живо што мрда по улици треба да се усмрти... ама доколку тоа е единственото решение да се спасиме да.

    Сите тука сме за хуман третман. Сите сме за бајки и стационари како во Америка. Труењето, или било каков начин на усмртувањето кај нас е решение но само на краткорочен план. Значи ние со тоа ништо нема да постигнеме. Луѓето, без соодветни санкции повторно ќе се ослободуваат од милениците, оставајќи ги на улица секогаш кога нивните хирови ќе поминат. Значи проблемов веќе постои, и сега во нормална земја би се активирале институциите.

    Што е до него, човекот може само да не допринесува кон проблемов, со тоа што нема да земе миленик ако не е способен да му понуди дом наредните 15 години. Сега се е во рацете на институциите.
     
    На *Amethyst*, Dust и Pinky97 им се допаѓа ова.
  2. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Да има полиција за животни да, и секое куче што напаѓа не да се усмрти него да се згрижи во стационар каде ќе му се пружи љубов, ќе има кој да се грижи за него, и ќе стекне доверба. Ова од искуство ти го кажувам. Усмртувањето не е решение ниту лекот за ова...
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Значи морам да дадам еден совет конкретно за кучињата скитници , ќе го наречам адаптација. Се надевам дека ќе разреши нешто и ќе помогне полесно да се помине овој проблем.
    (Се извинувам бидејќи ќе повторам веќе некои работи што некои членки спомнаа ама повторување е мајка на знаењето, како и за долгиот филозофски пост.)

    Ок прво местоположба како најважна работа.
    Каде тоа вие мислите дека живеете?, Некои културни , високо издигнати држави каде што важат законите?
    Не живеете таму, вие живеете во Црната дупка на Европа наречена Македонија. Законите тука не важат.
    Е сега бидејќи го знаеме ова, речениците како "ми е гајле" , "друг треба да среди" не важат во оваа црна дупка. Тие равенки не важат тука.

    Како и милион други проблеми , во овој случај ќе збориме за кучињата
    Во ред. Да ги разгледаме решенијата кои предложија луѓето.
    Беше спомнати протести и барања нови закони. Добро еве ќе се збереме 500 души (и тоа ќе биде чудо оти само за партиски работи се збираат луѓе, али нема везе) , ќе протестираме , ќе донесат закони (и ова чудо нека се деси).
    Ќе дојде градоначалник (не е важно кој) ќе сликне две-три слики "Еј средивме 5 кучиња, јее проблем решен" ќе пишува во весници едно 2-3 дена и толку. Утре ќе искочиш надвор и пак ќе ги има кучињата. Сакам да кажам нема нешто посебно да се заврши работа тука. Да знам во друга земја треба АМА, каде живеме? , е така. The Great Balkan Black Hole. Тоа отпаѓа,
    Надлежните што треба да се занимаваат со тоа , ќе прават иста финта, ќе фатат нешто кучиња , еј вршиме работа , фала пријатно.
    Тоа со закон да има , ќе фати полицаец некој , абе дечко кучето твое вака и вака, и овој ќе му каже , а да ти дадам 300 денари за едно пивце да ме пуштиш, и овој ќе рече ок ајде бегај , или пак ако го казнат , вујче на суд ќе му ја скине , и ништо , пак ќе прават што сакаат со кучињата.
    Труење и убивање , па и кастрација , може да го намали бројот на кучиња ама не е решение за проблемот , само бидејќи како што спомнаа некои членки предходно , има голем број сопственици кои ќе купат куче, две слики за инстаграм и чао пријатно те оставам некаде на улица.
    Значи кога живееш во Great Balkan Black Hole, останува само едно решение.
    Тоа е сам да преживееш, сам да средиш работа или сам да најдеш решение.

    Е сега тука доаѓа мојот предлог , односно совет ќе го наречам , повеќето ќе кажат , зашто јас да му ја мислам кога треба надлежни. Тачно , тоа е сосема точно , ако живееш во Германија или некаде. Ама ти живееш во ? GBBH (скратено ќе го пишувам)
    Така да треба ново решение наречено адаптација.
    Во моето минато односно некаде средно и почеток на факултет јас си заработував џепарац со делење флаери. Често ако не секој пат кога се делеше по населби имаше еден чопор кучиња , дали скитници или домашни Шарковци кои сакаа да ме јадат. Ама ете во мојот живот и покрај толку средби со кучиња , никогаш не сум бил каснат или пак нападнат или било што.
    Зашто.
    Значи кога шетате некаде и видите некое куче скитник треба да разберете дека му влагате во негова територија. Си имаат таа една територија што ја бележат и тоа си е нивно. Повеќето нема да се замарат со вас, ама ете има тие такви , како што беше кажано , имале проблеми со човек порано или нешто и сега се малце по агресивни. Тие ќе почнат да викаат по вас.
    И сега ако се најдете во таква ситуација , јас ви претпорачувам 3 чекори.И пак ќе напоменам живеете во GGBH а не во Англија или кај и да е.
    1. Страв, значи секое куче може да осети кога некој се плаши, тоа само го привлекува повеќе за напад. Сеа разбирам стравот е многу тешко да се контролира, ама пробајте да не се плашите.
    2. Пружете рака, зборете му , кажете му што е убава голема мечка. нека дојде да ве намириса , погалете го , не е важно , покажете му дека не сте тој човек кој ќе го мавне со шипка по газот или што и да е.
    3. Полека продолжете по патот. Тука ќе напоменам дека некогаш ќе почнат да те следат оти сакаат да си играат па не можеш да ги откачиш .
    Значи овие три чекори најчесто успеваат , некое куче кое ви се наоѓа на патот ако му покажете преку неколку гестови кои траат 30 секунди , може лесно да си се разминете, ако и ве запамти по мирисот , може и наредните пати само да го поздравите и ќе се сети на вас и нема ни да лае .
    Напомена.
    Овие чекори не работат кај бесни кучиња, и кај шарпланинци др овчарски кучиња по планините работи еден закон, јас не ти стојам на патот ако ти не ми стоиш на патот.
    Овие чекори работат кај 90-95% од кучињата. Значи све што треба е на кучињата да им покажете во 30 секунди дека не сте непријател.

    Кучињата секогаш ќе бидат дел од нашето општество, ако имаш трауми , мораш да поработиш на проблемот, не сите кучиња се лоши само затоа што 2-3 си сретнала убијци, значи мора како знаеш и умееш да го средиш , инаку секој ден ќе сретнуваш кучиња, нема да исчезнат , итн итн.

    Е сега знам дека ќе има цитирања, Гајле ми е , не е моја работа такви чекори , треба надлежни да средат итн тин...
    GREAT BALKAN BLACK HOLE. Нема надлежни, Нема закони. Сам ако не се адаптираш на проблемот, никој нема да ти помогне.
     
    На celineparis, bambusce, Tatjana95 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Оние кои најмногу пцујат и навредуваат по други теми се фатиле за тоа што некоја овде напишала 'стока'. Смешки. Абе не ја оправдувам, ама секој за себе нека си гледа.

    Иначе за Анимуа Мунди да кажев некој збор. Не сум член, само познавам одблиску неколку членови.
    Луѓето не зеле тендер па да бараме од нив отчет.
    Собираат донации, даваат пари од џеб, се трудат колку можат.
    Добиваат повици, се снаоѓаат за превоз (дел немаат ни коли), во ниедно време трчаат на разни локации, ги хранат животните и на жешко и на ладно. И не можат да допостигнат.
    Сепак тоа се луѓе кои дел се на факултет, дел се врзани на работно место, дел невработени. И имаат и свој приватен живот.
    И пред се - многу ограничени средства.
    И тоа што го прават е премногу со оглед на трудот што го вложуваат.
    На разни начини се борат да го освестат народот, помагаат за совети, итн., а луѓето само плукаат по нив. Не е во ред.
    Се изначитав дека проблем било што ги хранеле животните, но знаете вие колку нервозен може да биде гладен човек, а не пак животно ? Тоа е нивни главен нагон, ако е гладно може и да нападне.
    Значи Анима не зема држави пари, не се обрзани да мора да направат или помогнат некаде. Прават колку им се силите и можностите.
    Потоа, каква врска има Анима со тоа кичевско село ?????? Каква врска има Анима со тамошните улични кучиња, со овчарските кучиња и со детето пуштено само надвор ?

    Но, освен нив, ако сите ние жители на Мк помагаме колку можеме и како можеме, ќе ни биде поубаво местото на живеење.
     
    На zhap4e, BoaVista, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    ----
    Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDe...-куче&id=78f86b07-9b73-488d-b74e-0a62dde67a41
    ----
    ХРОНИКА

    24.03.2017 10:17
    обновена: 24.03.2017 10:17
    132
    [​IMG]
    Четиригодишно дете од Неготино искасано од куче, денеска е примено во кавадаречката општа болница.

    Како што информира началникот на одделението за хирургија при болницата, хирургот доктор Дано Кулев, се работи за дете од Неготино, кое според тоа што го изјавиле родителите, било искасано во дворот на соседите.

    - Станува збор за четири рани. Две на задниот дел од главата и по една на левото рамо и внатрешниот дел на левата натколеница - изјави Кулев.

    Врз раните е интервенирано, а детето добило соодветна терапија, по што е задржано на хируршкото одделение во болницата.

    Според Кулев во последните два случаи едно од каснувањата, исто така, било од комшиско куче, а другото од куче скитник.
    ----
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ние кога бевме деца и кога сме биле на гости каде има кучиња, кучињата или биле врзани или ако биле пуштени сме биле под надзор на родители (и самите домаќини воопшто).
    Освен кадешто имаше мали миничиња. Што е ова касање во двор, стварно не знам.
    Сепак, се работи за приватен имот, јас имам пријатели со големи расни кучиња, и ми е страв да влезам в двор сама. Секогаш ме пречекуваат.
    Јас и дома имам куче, честопати комшиите ми ги праќаат децата сами за да си играат со него, и јас пазам над нив, пред се бидејќи го гњават, тегнат за опашка и не дај боже да се случи нешто. Ни да ме прашаат, само си ги оставаат. Дете не се остава само на таа возраст. Ако не сум тука, а се случи нешто, кој е крив после (и врзано да е, одат дечињата кај него, дел играат со убаво, дел навистина го гњават многу и тоа се плаши, реагира бурно).
     
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.726
    Допаѓања:
    322.821
    Пак ли детенце ;(;(

    Иначе Анима Мунди е непрофитна организација, а тоа е здружување на ентузијасти, во овој случај за заштита на животни.
    И примаат пари од Општината како донации:!:
    Освен Анима Мунди има уште 20-тина такви Здруженија кои најверојатно само примаат донации а никаде ги нема.

    П.С. Баш ме интересира дали ќе се појават Анима Мунди сега..и после втор ваков случај !
    И не само тие, туку и сите оние кои збореа дека искасаните се виновни
     
    На Mishela, Chica.Loca, Sesil и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Ќе се појават Рефи и пак ќе скокнат дека детето е криво.
     
    На mimiiiii и referentka им се допаѓа ова.
  9. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Сепак мислам дека овој пат нема да го имате тоа задоволство да ја истурате нервозата врз нас. Поздрав
     
    На andromedae и referentka им се допаѓа ова.
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    17.633
    Абе што, повторно „мал“ инцидент. Греота кучето кој знае зошто било изнервирано.
     
    На Mishela, *Amethyst*, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Па вие не сте врзани овде на темава да седите и да чекате некој да ја истура нервозата врз вас.
    Едноставно не можете да забраните кој како да коментира.
     
    На *Amethyst* и joy1 им се допаѓа ова.
  12. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Нормално. Слободно продолжете...
     
  13. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Насловов "Петиција за спас на кучињата " па спасете ги бе луге кој ви забранува , земете си ги дома ви и никој нема да ги провоцира скитниците , ете имало преку 20 здруженија , таман да ги соберат сите од на улица , секој член по 3-4 кучиња ! Кој ви брани ?

    Анима мунди тужи кога некој ке нападне куче или нешто ке му се деси на кучето ... А кога кучето ке нападне детенце ? Кога ке усмрти детенце ? Тогаш кој на кого да го тужи ??
    И поштедете ме од филозофирање од 100 км реферат , бидејки никој не ги ви ни чита тие реферати , кратко и јасно објаснете!
     
    На celineparis, mssuniquee, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  14. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Lugje ne znam kolku e temava ok sega za prasanja tuka radi vashi vzheshteni debati ali toa e.
    Vo maalo ima edno kuche shto si bese ok ama vo posledno vreme e mnogu zabegano. Nema ni mengjusa na ushi ni nisto. Bukvalno poagja so opashka ti mavta ko da saka da se gali i naednas pocnuva da rzhe i da lae kako zabegano.
    Trcha po tebe i od koga ke mu svikas ili neso se plasi i bega -.-
    Kaj da se prijavi ova ima nekoj broj od shinteri ili neso poso ova stvarno ne e normalno. Nisto cudno besnilo da ima ni vakcinirano ni nisto. Se sheta i brka lugje kako nenormalno.
     
  15. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно како сопственикот на кучето треба да се грижи и за дресура и навремено вакцинирање. Големи кучиња е општо познато дека мора да се дресираат. А не да го сска да рипа на све живо што оди. Ама оди па објасни му го тоа на прост човек без осет.

    Друго, јас на 4 години до врата не смеев да излезам а не па сама да се прошетам, како така 4 годишно дете само оставиле. На тие години детенцето ни во соба само да седи заклучено не е сигурно што може да направи, да се повреди, а не па низ ниви да се рашетува. Мене ми е страв кај што има стока сама да земам да шетам, а не па на дете. Свашта можело да му се случи, па и вол да го нападне и змија да го касне и икс работи.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, violetblue, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Луѓе ама зошто преувеличувате вака?
    Греота е за децата, одговорност МОРА да се превземе, ама во овие случаи не Анима Мунди туку општината. Сфатете веќе еднаш дека лесно е да треснете и да барате одговорност од некој, ама не ја гледате суштината на проблемот, и вака кој знае до кога ке се тера и уште колку деца ке бидат нападнати.
    АМ е организација за заштита и вдомување на животни. Со сигурност ви тврдам дека општински пари како донации не земат. Да, има луѓе и фирми кои им донираат храна или пари ама општините не, сум била дел од ова и затоа знам.
    Се сложувам дека некогаш знаат да претераат одредени членови таму, ама не знам каква одговорност барате од нив кога тие се првите кои се борат за тоа да се тргнат кучиња скитници и да ги нема веќе по улиците. Е тоа што НИКОЈ во оваа држава не се погрижи за тоа е нешто друго. Немаме стационар освен Вардариште, кој што стојам позади тоа дека подобро и да не постои.
    Барајте одговорност од општините, од оние кои што имаат капацитет да ги решат овие проблеми а не во некаква си група на ФБ или организација.
     
    На zhap4e, Lella, andromedae и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Па јас мислев дека зборувавме за скитниците или ???
    Ако кучето има сопственик и е агресивно или се пушта или слично , земаш телефон , вртиш 911 , викаш полиција и полицијата ке си презема мерки за сопственикот ! Но скитниците се најголем проблем !
     
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Досега не видов некој да истура нервоза врз други... Едноставно го искажуваат револтот.
    Никој никого не обвинува, секако знаеме дека цела држава е неспособна... Нека се снаоѓа кој како знае.
     
    На *Amethyst*, Afroditaaa и joy1 им се допаѓа ова.
  19. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Еве ти лично искуство со кучиња скитници од прва рака. Јас и дечко ми ги раниме кучињата скитници пред неговата зграда. Едно или две ни се приближуваат, а има над 10тина... Од кои само едното многу скроз ни се доближува, ни се гали, секогаш кога ќе не види доаѓа да си игра. А гласен е лае рипа и воопшто не ми е страв од него, знам дека си е таков галамџија по карактер. Другите просто жал ми е, се наплашени, бегаат дури и јадење кога ќе им фрлам...

    Кај мене на улица цело маало си зачувавме куче скитник и ене го на сите ни се радува си јаде редовно, не прати кога одиме до продавница, не чува. Мене на улица кога им е периодот на парење и по 20 кучиња ми се случило да видам и ништо да не ми направат.

    А ако се прашуваш зошто не си ги прибераме дома, еве и за тоа да ти дадам одговор. Живеам заедно со родители кои што го плаќаат сметките. Финансиски сеуште не сум најстабилна, а не можам да одлучувам кого ќе внесам во куќата на татко ми кој не е некој голем љубител на животни. Се што можам е да се потрудам да помогнам на некој друг начин и тоа го правам и ме прави многу среќна и исполнета.
     
    На zhap4e, andromedae, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Вие родители ли сте,што толку се чудите како излегло само дете на улица?Да не треба децата дома да се врзат?Каде живеете?
    Излегло детето до комшискиот двор,каде било нападнато од домашно и куче скитник,не е пуштено само да лута по улици,па да се препишува на родителска негрижа.

    Опасност се,која не се знае кого ќе снајде.
     
    На Mishela, Dust, Yowannty и 15 други им се допаѓа ова.