Плус забораваат дека се работи за СЕЛО. Таму нема непознати луѓе, нема коли, нема густ сообраќај... Сите се или фамилија или блиски пријатели. Сите се знаат како дишат. Не е метропола тоа па со страв детето да го пушти во двор и околу двор.
ПА и јас финансиски зависам од моите родители , но си ги чувам дома ( во двор во кукичка, во бокс ) и последното мое залаче ке им го дам на кучињата ! Си ги сакам бе ! Скитник од на улица и домашно куче немаат ништо заедничко ! Лесно е да им фрлиш трошки демек мн ги сакаме , ама еден ден кога ке убијат дете ( а детето може да биде мое, твое, наше , ваше и сл) тогаш ке ти се смени мислењето ! Не сте во право што само ги раните скитниците а не ги вдомувате ! Сите вие што застанувате на страната на скитниците дома ви немате ниту едно куче ... Чудно !
Мене лично, како личност која што вдомила и нахранила не знам колкав број на улични животни ми смета како ги третирате уличните кучиња, на крај излегува дека они се криви, а и за починатото дете не се криви кучињата туку повторно фактор човек. Јас лично сум имала многу полоши искуства со кучиња кои што се чуваат дома, и имаат свој сопственик, отколку со бездомните, улични кучиња. Обично баш тие се оние што ги шутираат и маваат по улица, па секогаш бегаат на страна од човек затоа што се наплашени. Години и години ги собирав по улица и ги хранев, еве верувајте сум немала лошо искуство. Е од кучиња на соседи, на другарки, на роднини кои што ги чуваат дома и ги дресираат, се играат со нив со цепење папучи и ржење и со тоа го прават кучето насилно, па затоа никој не може да им припари во двор затоа што кучето веднаш скока и е спремно да нападне. Значи до нас луѓето е, не се кучињата криви, ниту Анима Мунди, дај разберете се возрасни луѓе сте смешно е да барате одговорност само од инает затоа што овие од здружениево плукале по мразачите на животни. Родителите на детенцава требале да отвараат очи, не дека вината е во нив, далеку од тоа. Ама кога знаеш дека има мало дете и кучиња во непосредна близина во него треба отворање четири очи. Сите по малку носат одговорност, сите ние носиме одговорност освен дечињата и кучињата сами по себе. Да се превземе одговорност, да се подигне свеста на сопствениците на животни и да се отвора очи. А институциите да направат пристоен стационар.
Ахаа, значи вие ги собирате кучиштана...кажи жити бога во која населба живееш, за да дојдам и сите да ги потепам. Има гладни деца на улица, нарани ги нив!!!
Во право си душо, не би можела такво нешго да сторам, но гневот, револтот, преголемата тага и сочувствувањето со неизмерните болки на децата, на родителите,..се ми се собра, разочарана од се што е човечко створење, од состојбиве..
Не тагувај душичко,некои работи во животот неможат да се сменат,едноставно така мора да биде.Ти си ми силно бабче...
Џабе се трудиш, лична одговорност и карактерен интегритет некои луѓе немаат и никогаш нема да научат. Примарна социјализација се учи во семејството, нешто што нивните родители потфрлиле да го направат. Си живеат во некој нивен свет на морален релативитет, каде што владее "безредието", нешто што ни самите не го разбираат, вредности нема и секоја причина нема последица. Нивните акции немаат последици, тие се секогаш во право и копнеат по некоја замислена хедонистичка слобода. Кој смета дека грешам: - Дете не е куче!
Не само животот на дете туку животот на било која личност без разлика на возраста не може и не смее да го ставиме на исто рамниште со животните. Далеку од тоа дека децата треба да ги затвараме дома но дете од 4год не смее да се остава само надвор без надзор на постари. Да ги оставиме кучињата настрана ама во какво опасно време живееме да не заборавиме.
Oние oд Анимa Мунди гледaм мудa пoкaжувaaт нa фејсбук, лoвaт кoментaри oд oгoрчен нaрoд и се зaкaнувaaт сo тужби. Oвa кoлку дa видиме декa си јa сфaтиле рaбoтaтa oзбилнo и ги нaучиле зaкoните? Ќе тужеле зaрaди кoментaр a сo тaкви кoментaри преплaвен е нетoв денoвиве. Педерскa рaбoтa
@baba Rada не се сеќирај сме нахраниле ние и деца и кучиња, него вие кажи што направивте. @Afroditaaa доста напнуваш со тоа земете си ги дома, уште си дете и имаш и време и пари. Сме земале ние да чуваме колку можеме. И сите да ги земеме, утре пак некој паметен ќе си ја пушти кучката да се спари и ќе ги фрли во ѓубре и ете ти нови. Јас ете лично јас со цели мои 25 год хранам и се грижам за улични кучиња, никогаш ама баш никогаш не ми заржало или нападнало улично куче. Верувајте јас најмалку сакам да се на улица, од друга причина не како вашата, ама сами поединци ништо не можат. По 100 пат ќе кажам ако ви смета толку не лајте само по темиве, превземете нешто.
Извини баш по размислувањата ми личиш на дете. И сама кажа дека има кој да ги чува, имаш двор, имаш пари, имаш услови, чувај. Доста ги напаѓаш оние кои имат услови само за едно или две. Упорно.
Девојче земете и по едно и по две кој ви брани ??? Забрана некој ви даде ? Не ! Немате ни по толку кучињА. Пак ке кажам домашно куче и скитник не е исто . Пак ке ти речам и доста упорно ме цитираш , останувам на моите ставови и не го тупете едно исто
@Afroditaaa Tи го тупиш, јас имам кучиња, мачиња, глувци, папагали, само зборам дека не е толку лесно како ти шо си правеш филм дека е. Исто е, моето беше скитик, другото исто. Не гледам никаква разлика, освен тажната судбина на едните. Mи се повраќа веќе од темава.
Па поврати слободно , што ме цитираш упорно , ти реков не ме цитирај ! Си останувам на своето и точка .
@Afroditaaa кога веќе коментираш на одредена тема, нормално е некој да те цитира. Да се вратам на темата, никој не ти наметнува мислење, ниту те принудува ти да ги вдомиш скитниците. Но, да кажеш дека љубителите на животни се должни да ги вдомат и тоа не по едно, туку по 5-6 е нон сенс. И дека така мислиш проблемот ќе се реши, епа стварно размислувањето ти е детско. Јас плаќам данок во државата, сите плаќаме, аналогно на тоа општините се должни да го решат проблемот. Ама како што е предвидено со закон. А не на примитивен начин со изживување и убивање. Толку е просто.
Aбе слобода на говор ќе правам што сакам, водам дискусија за тоа е темава нели, ама очигледно не си доволно зрела за никаква дискусија, упорна си дека секој може да чува и по 10 кучиња, стварно рационално решение на проблемов со кој ја напнуваме темава, не гледате како што треба на проблемов. Алал да ти е. П.С. баш би сакала да ги видам тие твои кучиња кои упорно тврдиш дека ги чуваш.
Овие од Анима мунди не ги разбирам.... Како можеш човечкиот живот да го поистоветиш со куче, па уште и вдомување, немам друга работа па ќе собирам љангари од улица! Куче е куче и не можеш да имаш верба, сега е мирно, по некое време партали те прави! И смачено ми е од форите дека кучињата се одраз на тој што го чува, демек дете е па ке го воспитувам. Куче е за во двор и тоа врзано! Може имам застарени размислувања, така напаѓаат борциве за правата на кучињава. Прво скитниците нека ги приберат, не велам убиваат, но доколку се агресивни па на крај краева нека ги средат! Да ми влезе во двор , а често се случува тоа кога живеев кај моите, не дај боже да ми го нападне детево, ке го прекршам и око нема да ми трепне! Бај д веј, тој што не сака кучиња, не сака ни луѓе велат поборнициве. Епа мразам агресивни животни и агресивни луѓе!