Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Хахахааа ме изнасмеа , кучињата се многу слатки суштества , посебно ако ги чуваш од бебиња , многу се приврзуваат со газдата , сакаат да се галат да се мазат , едноставно треба да си љубител на кучиња .. На пр имам пикинезерка , дебелка е си ја викам Меца , сака само јадење , да се мази и да спие на фотеља и како да не ја сакаш хахахааа Ова јас зборувам за домашните , за скитниците е друга прича ;)
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Прочитај погоре подобро , реков и едно , и две битно е да се вдомат . А инаку 3 пати кажав дека останувам на мојот став али упорно ми се наметнува туго мислење што се коси со моето !
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Па еве и сите да се вдомат, што ако? Ќе нема кучиња месец два додека некој пак не истресе куче на улица. Тешко ли е да се сфати дека додека не почне да се казнува секој еден кој во најлонска ќеса ќе остави кучиња пред маркет, месарница и др ништо нема да се реши. И после кој ќе биде должен да ги вдоми кога пак ќе ги има по улиците?
    Значи не е битно нешто да се напише, треба и да држи вода напишаното.
     
    На manja666, theowndemon, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Македонската човечка свест треба да почне да работи ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Па има голема разлика од 7-8годишно дете и од 4годишно што пред две години проодело.(facepalm)

    Еве јас не сум родител.
    Јас го напишав постот прва за родителската негрижа во случајов и јасно си стојам уште на фактот дека толку мало дете не би оставила само да шета по ниви кај што трчаат глутници овчарски кучиња. Тоа што некој од нас не се родители не ни одзема од способноста да размислиме трезвено како би постапиле во дадена ситуација.

    Па побогу 4год детенце јас и во населба мирна како мојата не би го оставила надвор од двор да излезе без никаков надзор. Ако не кучиња, може пред кола да истрча.:^)

    Колку може да размисли тоа за било каква опасност што би можела да го демне надвор?
    Дај не зборувајте баналности.

    Океј е знаеме дека сте изреволтирани, сите сме на случајов. Ама каде со вакви коментари..
    Каде живееме? 8-|
    И во метропола и во село да живееме, 4 ГОДИШНО дете не се остава само без надзор и крај.
     
    На Zlatna12345, Stories, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  6. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Све додека Македонче не биде мавнато по џеб и во државичкава наша не се воведат најстроги казни ќе се множат уличните кучиња,а луѓето ќе бидат жртви од некои од нив(жално)
    Предходно имам пишано коментари и цврсто стојам на тоа што го имам пишано.
    1.Сакаш да чуваш куче?
    Ќе одиш на задолжителен преглед на неколку месеци,ако не казна.
    Се окучило евиденција на малите,починало,си продал,за све евиденција.
    2.За постоечките улични кучиња Вардариште додека пере државни пари ќе ги вдоми истите и ќе се грижи за истите како што треба и доликувa.
    За да не се повторат жртви од кучиња кои претходно не го знаеме минатото на кучето како УМОБОЛНИОТ сопственик се иживјавал врз истото па сега наравно ќе напаѓа.
    3.Овие Хоштаплери што спремаат кучиња за борби,со под бр.1 што го пишав ќе ги успори во бизнисот за борби,или ќејфот затоа што ќе има видни траги на него дека се давело со друго куче казна затвор за ова дело.
    Е само со казна ќе се реши ама казните да се за сите исти,што тоа тешко ни оди некако.
    И пак ќе кажам Човекот е виновен за све,кучето ни најмалку затоа што е најдобар пријател према човекот.
    А тој умоболен човек може истото да го претвори во ѕвер,и да го шутне на улица.
    И после.....
     
    На Zlatna12345, Stories, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    http://faktor.mk/ushte-eden-sluchaj-kuchinja-iskasa-4-godishno-dete

    Не било без надзор,не ги вади работите од контекст.Сакајќи да ги заштитите џукелите и да ја оправдате крволочноста на истите,причината ја барате во родителите.Многу здраво размислување.

    Јас живеам во куќа,децата на улица ми израснаа,ако отишле до соседниот двор,не е негрижа,тоа не ме прави негрижлив родител.
    Ти кога ќе имаш свое дете,чувај си го во стаклено ѕвоно,до тогаш ова што го зборуваш се баналности.

    Еве ти случка од вчера.11 џукели одеа позади мене и син ми и лаат,ничим изазвани.Ќе ти кажам на кое место,да дојдеш и да си ги прибереш.Во централното градско подрачје.
     
    На LivingGlam, Mishela, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Смири живци и не ми вади пост од контекст. Јас зборував за првичниот случај за кој уствари и се дискутираше воглавно во последно на темава. Не ми извртувај зборови.

    И каде прочита дека јас сакам да ги заштитам "џукелите"? ..м? ^_^

    Па ако тоа дете е ЧЕТИРИ ГОДИШНО и те како ке си го чувам под стаклено звоно, а за тебе ако е нормално да оставаш дете на таа возраст без надзор ок. Тој избор. За мене е надвор од границите на секој здрав разум и размислување. Да ми го прочиташе постот внимателно ке ја сфатеше поентата. Убаво нагласив дека ОСВЕН на кучиња може на секакви други опасности да наиде.

    Е сега ако се пронајде во мојот пост тоа е нешто сасвим друго. Јас цврсто стојам на тоа дека мали деца што прооделе пред две години не се оставаат сами.

    :rofl::rofl:(facepalm) Да секако, на твоја заповед.

    Еве толку ако ти сметаат и ако имаш проблем, преземи нешто. Што не се заземеш за безбедноста на син ти? ..кога веќе се зборуваат глупости.
     
    Последна измена: 25 март 2017
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
  10. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Расфрлан отров кај Трговскиот Центар Бисер кај оградениот дрворед, претпоставуваме дека беше џигер или слезина пуна отров, по некоја логика доколку сакате да нараните бездомно куче не му давате живи џигери. Две девојчиња си играа околу дрвото, мајките тек тогаш рипнаа уплашени зошто не секој очекува на најфреквентното место во Аеродром да види расфрлан отров нормално. Па да ви честитам браво новинари хајката ваша до каде стигна гледате ли мизерии за 200 евра плата што пишуват...е измислици,ги испревртувате работите и храните омраза и садизам кај психопати. Луѓе почнаа на статус да си пишуваат каде отров да најдат. Кромањонецон што се фали со застрелување дивеч од забава, Наум Петрески повикува на отстрел на кучиња, во Ново Лисиче се поставени замки каде кучиња умирале бавно давејки се цела ноќ. Од вардариште ги собираат и кучињата со маркица што се вакцинирани, прочистени и стерилизирани за да ги убијат! По случкава мајкиве со право ги прибраа децата, и играта на децата им ја скративте дебили едни. Ги преплашивте и родителите и децата без да ја прикажете реалната состојба, бегаат луѓево од кучиња ко од чума, на толку тепање сеа и малтретирање и да очекувате напади. Дaли знaете сaмo кoлку кучињa се усмртени и дoмaшни и улични. Па според напишаново горе Општина Аеродром се слушаме ли? Алоооо?Не се фалете со собирање лисја и отпад, Аеродром стана минско поле од најаки отрови! Не би сакала да сум на ваше место доколку се случи некоја трагедија. А верувајте дека на некој и кучешкиот живот му е исто толку вреден.Превеземете си одговорност, соработувајте со полицијата и со сите надлежни институции!!! Овие психопати мора да се казнат.П.с ако најдете отров фатете го само преку дебели гумени ракавици ставето го во ќеса и фрлете го во канализација никако во корпа за отпадоци, или земете гo месoтo, виршлите или штo и да е oднесете вo пoлицијa, мoрa да има oтпечaтoци на нив за да се нaјдaт сторителите.
     
    На kim.k, theowndemon, MilaP и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки

    Државна болница, двор.
    Изброив девет кучиња на снимкава.
     
    Последна измена: 26 март 2017
  12. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Таман да го издрпаат чоек и право на хирургија! Не мора трошоци за гориво да се прави!
     
    Последна измена: 27 март 2017
    На Chica.Loca, koritsaki, JollyGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Еден комшија на Шенка Колозова кажуваше дека таа секој ден им давала по 3 кила леб на кучиња скитници.
    Со истиот тој леб што го троши дневно може да спаси некој бездомник човек од просење...или да помогне не некој пријател/фамилија што немаат да јадат.

    По 100тици кучиња дневно се собирале околу зграда, и да го оставиме фактот што им правеле лом со измет, туку и повеќе пати напаѓале по луѓето и мало дечиња.

    Била предупредена Шенка, дури еднаш и до физичка пресметка дошла работата, па полиција, па 300 глупости....Ама не престанува.
    Значи ко прво таа не живее во куќа па така да ги собира скитниците, туку зграда кај што има многу луѓе....ако толку и е жал нека си ги прибере сите во станче кај неа.
    Второ, грев е толку да се расфрла со леб, а колку луѓе и бебиња има што со денови немаат јадено.

    Ако е хумана нека биде и за луѓе и за животни, а не само фрли 3кг леб на скитниците и замини си....Стварно некои осет немаат.
     
    На Antebellum, koritsaki, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Чекај, чекај не разбрав. Почнавте да водите есап и да паметувате како некој да троши свои пари?

    Епа еве @JollyGirl утре на пример ти наместо да купиш пудра за лице од 500 денари(за некој тоа е расфрлање на пари), нахрани некој скитник. Наместо да излезеш на кафе, донирај ги парите за некое дете. Греота е да јадеш пица, а некој нема за корка леб, наместо пица, парите за сиромасите. Мислам, се читате ли што пишувате? :!::x


    И на крај краева од кај знаете, може жената покрај кучињата храни и бездомни луѓе, може донира за болни деца. А и да не донира нејзина работа.

    Грев било да се расфрла со леб? Епа да ми простите, ама хранење на жива душа не е расфрлање! И не, во никој случај не е грев да нахраниш жива душа! Баш напротив хуманост е, и е за поздравување. А таквите комшии душегрижници, се кладам дека кришка лепче немаат подадено ниту на бездомно детенце ниту на куче, ама битно први се да водат есапи во туѓи куќи. Тоа е таа наша малограѓанштина за жал.

    Јас секој ден купувам храна за моите кучиња и за неколку улични кучиња. Донирам пари и за операција на повредени кучиња, донирам пари и за операции на деца и луѓе. Одам и на хуманитарни забави кога имам прилика, независно дали се за човек или за животни. И да ви кажам право, супер ми е чуството. Се осеќам исто исполнето и кога ќе дадам за дете, ама и кога ќе нахранам куче. Штета што неможете да сфатите.
     
    Последна измена: 27 март 2017
    На Oscar Lady, Zlatna12345, mssuniquee и 20 други им се допаѓа ова.
  15. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Зар и во ова време имате живци да дебатирате алал ви вераа (y)(y)(y)(y)
     
    На Antebellum, elimkd и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Прво од каде знаеш ти дали јас донирам или не?
    Второ со кое право ми пишуваш за пари, кога не знаеш во каква финансиска состојба сум??
    Може јас во живот немам дадено 500 денари за пудра или јадено некакви луксузни пици.
    Ме знаеш ти мене или Мојот живот, па што се осудуваш вакви глупости да ми тресеш?

    Таа јавно ги расфрла парите, и сите ја гледаат, а ти нема апсолутно никакво право мене да ми спомнуваш пари и донации.

    Не е грев да нахраниш жива душа, а после дали таа жива душа ќе те изеде тебе или твоето дете...исто така не е грев.
    Да ги собира тука, а после нека ги напаѓаат комшиите и секако никој не е крив...животни се тие...што знаат.

    Голем грев е што покрај зграда во контењери луѓе бараат парче леб, а таа им го дава лебот на скитници кучиња...КОј заслужува повеќе да јаде?
    Луѓе или животни?

    Осет малку и срам треба да се има.
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    А ти од кај знаеш дали Шенка не донира и на други места? Може ги нахранила и децата пред да ги нахрани кучињата. Или лесно ти е така без основ да осудиш некого,и тоа јавно на форум, со име и презиме, а ваму кога се работи за тебе одма скокаш и се браниш. Тебе никој нема право да ти спомне за донации, а ти ваму водиш туѓи бриги. Затоа наместо да водите грижа кој колку е хуманитарец, прво погледнете си во сопствениот двор. Зашто очигледно е дека двојни аршини имаш!

    Ти и комшијата ли сте тие што треба да водите грижа кој што ќе прави со свои пари. Потенцирам свои пари! Е за ова богами треба да си и без срам и без осет.

    И не ви ги собира Шенка кучињата, прочитај малку повеќе за кучињата и ќе видиш дека кучињата се територијални животни и се врзуваат за териоторија.

    Кучињата се таму кај што се зашто општините не ви мрднале со мал прст да ги тргнат од таму. И зашто градоначалниците немаат ни план ни програма да се справат со проблемот. И наместо вие да се интересирате зашто општината пере ваши пари, а не го решава проблемот со кучињата, вие се занимавате со Шенка која со свои пари купува леб за кучиња. Па и споделувате на форум и барате осуда ко да направила кривично дело, а не хумано дело. Да не беше жално ќе беше смешно.

    Ама да, најлесно е да се впери прст и да се нападне некој кој е различан од вас. Ајде Шенка е крива за кучињата скитници, Шенка е крива за децата што просат по улица. За се друг ви е крив. А вие? Вие безгрешни.
     
    Последна измена: 27 март 2017
    На buba4e89, Oscar Lady, Zlatna12345 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.430
    Леле, не си во право за ова. Мене ми е жал за детенцето што настрада од кучињата, ама за ова за Шенка не си во право. Барем за неа не сум слушнала дека се расфрла со пари и слично за разлика од други познати личности. И ок, дала леб на кучињата, наместо да го фрли ако и останал стар леб, им дала ним. Па и ако купила како што тврди комшијата нејзин. И тоа сигурно го правела пред да се случи трагедијата со детенцето. Не верувам дека откако се случи тоа, сега као намерно да им дава. Што има врска тоа со тоа? Па и луѓево немале ли друга работа и водат туѓи грижи кај одат туѓи пари, ццц. Може донирала Шенка и на луѓе што немаат, од кај па вие знаете ај?
     
    Последна измена: 27 март 2017
    На UnordinaryOne, BoaVista и Rakometar им се допаѓа ова.
  19. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Големи кучиња кои шетаат слободно, лаат и трчаат по луѓе, без разлика дали се скитници или некој будала ги чува што решил да го истрча кучето досадно му било затворено и притоа ниту маска му ставил, а камо ли па ланец право во ПЕЧКА. Нема жалење и нема оправдување.
     
  20. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Господе што читам..:x од петиција за спас на кучиња темава се претвори во сеење омраза и поттикнување садизам кон живи суштества.

    Да се пукале, да се труеле, во печка да се ставале живи да горат.. нешто друго на репертоар, така посадистичко?

    I don't wanna live on this planet anymore.
     
    На Oscar Lady, Zlatna12345, mssuniquee и 13 други им се допаѓа ова.