Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.600
    Допаѓања:
    39.681
    Пол:
    Женски
    Можеби тој леб со кој Шенка ги храни кучињата е стар леб кој им останал на некоја пекара и го купува за упола цена. Подобро ли е да се фрли, отколку да се нахрани некој, макар и улични кучиња? Ама не бе, македонче не е македонче ако не гледа у туѓ двор и плука по се и сешто. Три леба биле расфрлање пари.:^) Срамота.
     
    На kim.k, Eoo, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Што се не ке прочитам на темава.
    И од овде ке видиш какви луѓе сме и зошто сме таму кај што сме. Вие што се трескате од земја дека наместо да нахраниш куче треба да им ги дадеш парите на сиромашно семејство сте баш оние кои што на никој ништо не би му дале. Абе кифлата попрво во ѓубре ке ја фрлите отколку да ја фрлите на улично куче.
    Не дека не ги жалам луѓето кои што немаат, ама сериозно ми се гади од луѓе што вака третираат животни.
    Во право беше некој што пиша пред мене, зошто вие не ги дадете парите кои што ги трошите секојдневно на разни глупости? Зошто ви е потребно парче облека, па дајте ги на оние што просат на улица. Јас да ви кажам, не се фолирајте овде со контра напади дека не знаеме дали донирате, кога еве ке ви кажам, ни со прст нема да мрднете за ниедно друго битие што живее и дише, без разлика човек ли е или куче.
    Дома пред тастатура, сите сме хумани, и сите донираме и помагаме, реалноста е сосема спротивна.
    Само кај нас се хејтаат оние што помагаат. Ако дава зошто дава, ако не дава стипса е. Сериозно ми се гади.
     
    На kim.k, Lella, MilaP и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
  4. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Преку тастатура ви се чувствува омразата,дури до овде.
    Коментариве ви се бетер од крволочни.
    Како да чекаа ваков немил настан и се истурија со труење,ко демек со оправдание сме сега.
    Неќам ни да замислам како им било на дечињата,ама што е ова бе,па ај ако не за сите што убиле човек,да земеме да се испоубиеме за да не се повтори.
    Или тука ќе речите аа луѓе сме,не може.
    А ваму ви се може на животни.Ко да имаме слободно право да убиваме животни.
    Се знае решението,трајни живеалишта со целосна грижа,ама државава наша напатена има побитни проблеми,од прашања за живот.:@:@
    Баш:puke::puke::puke:
     
    На kim.k, Eoo, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Денес уште еден напад на дете од куче скитник во Катланово.
    Колку луѓе месечно доаѓаат на Инфективна Клиника заради напад од кучиња скитници?Околу стотина.

    До кога локалните власти ќе затвараат очи и до кога мислат да не преземаат ништо?
    Ова е сериозен проблем.
     
    На *Amethyst* и joy1 им се допаѓа ова.
  7. funkD

    funkD Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Me mrzi da citam od predhodno, gledam temava e zapocnata so cel da se digne svesta najprvo za u Kina so im praat na kucinjava. Ali toa sega da go ostaime na strana, zaso denovive ne znam dali pratite kolku kucinja se otrueni u Makedonija, pokraj famata so se digna za deteto so umre so go iskasale vo nekoe selo vo Negotino mislam. Znaci deteto nastrada, ali novinarite posle toa tolku go zloupotrebia ova, so eve sekoj den lugje naogjaat otrov niz Skopje. U aerodrom osobeno. Komentarive po fb se sadisticki, lugje povikuvaat javno na truenje i ubivanje na bezdomnicite. So praime so ova lugje? Anima mundi mi deluvaat nemokni, a i ja se osekjam isto zaso svativ deka stvarno ima premnogu psihopati. Ti da povredis kuce,istoto mozes i na covek. Edinstveno so mozev da napraam e da i stavam maska na mojava, zaso osbilno mi e strav da ne izede neso. Mora da se pobunime masovno. Dajte idei.
     
  8. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Да само за кучињата...
     
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Голема трагедија е настанот се детенцето и навистина апсурдно е изедначување на вредноста на човековиот живот со кучешкиот.
    И се согласувам дека треба поголема активност на општеството и овие што се организациите за заштита на животните, да се зголеми контролата на кучињата скитници.
    Ама, повикување на масовно труење, стрелање, палење ...побогу, па 21 век сме, зарем не постојат поцивилизирани методи во иднина да се избегнат вакви несреќи.
    Па и Маса на Андреевски кога пред сто години рекла да се мачкаат кучињата со катран и да се палат за да се спасат луѓето од колера, селаните меѓусебе велеле- За вакво нешто во Англија во затвор се оди.

    Згора на се, има многу случаи на деца повредени од домашни кучиња, само за нив не се збори, најверојатно поради чувство на вина и одговорност на родителот. Имам пријателка која чуваше убаво расно куче, кое за жал, неочекувано го повреди нејзиното синче по лицето. Пријателкава после го даде негде кучето, но коментираше дека детево ептен го гњавело кучето, го јавало...

    Презирам трошење пари по кучиња фризери, облеки и не знам ти што. Ама за да се нахрани гладно куче не треба многу. Кај нас дома отсекогаш остатоци од храна, манџа, леб, сувомеснато -се селектира во канчиња за мачки и кучиња.

    И еве еден бебуш инаку куче-бездомник (по негов избор). Ама зимово на -20, ни седеше на гости пред подрум.
    IMG_20170204_131321.JPG
    ни дојде во двор пред околу две години, малецок, црн ко котле. И покрај тоа што имавме желба да го сториме домашно куче, не успевме. Улицата му беше негов дом. Знаеше од кај да влезе во двор, ќе се најаде, ќе прилегне малку и пак на шетање. Нема да заборавам по земјотресот кога преплашени со децата и јатрва ми седевме во двор, дојде од негде како укакан, се пикна под маса и лежеше со саати. Негде октомври месец го снема. Ни беше мака ама полека почнавме да го забораваме. Луѓе, нема да верувате, еден ден на работа со колешка бев излезена до другата зграда во близина. Го гледам Котле спружен на сонце, со значка на уво, дреме. И викам на колешкава-Абе ова моево куче. Леле, кога ме виде, радости, скокање. Го гледам го средиле во Вардариште. Колешкава почна да вришти од страв и избега. Јас во Тинекс, он по мене. Му купив паштета, му дадов вода. Морав да се вратам на работа. После Котле исчезна. Со денови се џарев наоколу со надеж дека ќе го најдам. Негде на 13 ден ни залаја пред врата дома. Луѓе, од работа до дома има околу 15 километри. Еве пак во својата населба, главен фраер е...и никој не ми верува на приказнава.
     
    На Mr. Right, kim.k, Philippa и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Кучето не знае и не може да даде вредност на животот, ни сопствениот ни туѓиот, во борба за територија или парење или било што може да задави друго куче и да не му трепне око, исто важи и при давење и ждерење човечко месо како во случајов. Нема способност да конципира значај на живот, надвор од базичниот инстинкт нема многу.
    Без човечка интервенција (припитомување на волк) кучињата немаше да постојат како вид, тие не се резултат на еволуцијата туку резултат на човековата потреба. Разни пудлици, пекинезери и булдози никогаш не би опстанале без луѓе.

    Е сега ако е еднакво вреден животот на куче и чоек тогаш или кучето го ставаш пред сите живи организми, на рамниште со човекот или сметаш дека сите живи организми се исто вредни, иако се сомневам во тоа, сите сме дискриминатори, вклучувајќи ги и фанатичните обожаватели на кучиња (не пишувам на животни пошто не ги интересираат стаорци, глуфци, тапири, вомбати).

    Има што да се пишува за односот помеѓу чоек и негов миленик, малку ми е језиво сето тоа бидејќи миленикот е секогаш во инфериорна положба. Емотивниот однос со животни е малку така...нејасен...
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Мене ме чуде како до сега новинарите не известија ни за еден напад на животно врз човек туку од кога се случи немилиот настан само наоѓаат стории и да го буцкаат народот.
    Пред се пола работи што ги пишат не се вистина како случајот во Нг дека детето било нападнато пред својот двор од куче скитник што не е вистина.
    Детето само надвор оставено со баба,дедо кој биле едниот дома другиот зад куќа си влегло во на комшиите дворот и е изедено од нивно куче и од куче на други соседи кое било пуштено да скита по улиците.
    Ете ви уште еден доказ дека кучињата скитници не се секогаш криви туку сопствениците.
     
    На BoaVista, manja666, ♣ Alba Viduam ♣ и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Зошто така напаѓаат кучињата?
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Според официјалните статистики, имаше пред некој ден на ТВ, 99 посто од нападите се случуваат од кучиња со сопственик. Значи речиси и да нема напад од улично куче. Али битно хајката се направи против уличните кучиња. Не дека треба да бидат на улица, ама и начинот на кој нашите неспособни институции го решаваат проблемот со труење, е за срамота.
     
    На MilaP, 1209, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Точно е тоа, барем према мое искуство - не ме има нападнато скитник досега за разлика од шарпланинци, необично приглупи кучина кои во присуство на нивниот исто така не особено бистар стопан ме нападнаа.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Бидејќи се актуелни труењата јас ова го барам и треба да се спроведе:
    Потребно е итно регулирање и строга контрола на продажбата на отрови во земјоделските аптеки:
    1. Да не се продаваат отрови под тезга - строга контрола на земјоделските аптеки - особено што се продаваат недозволени канцерогени отрови и за прскање на храната што ја јадеме, што приват...ни фирми препакуваат токсични и канцерогени материи за поголем профит и при тоа не ги заштитуваат своите вработени.
    2. Да не се издаваат отрови без запишување на личните податоци од лична карта / пасош и целта на употреба.
    3. Строги казни за недозволена употреба на отрови (во земјоделски производи, труење на животни и др.).
    4. Да не се именуваат отровите во медиумите.
    5. Медиумите да направат поголема кампања и почесто да предупредуваат на опасностите од фрлањето отров, не само за милениците, бездомните животни, туку и децата и бездомниците.
    6. Поголема кампања и осуда во медиумите на нехуманото убиство на животни.
     
    На Lella, 1209 и BoaVista им се допаѓа ова.
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Еве на пример да се затворат земјоделските аптеки скрос.
    Што го спречува некој да фрли леб натопен во антифриз?

    Сакам да кажам, сила бога не моли, тој што наумил ќе оствари, да се најде и докаже е тешко, а на медиумите или на било кој друг не им е гајле освен ако немаат директен ќар од тоа.

    Јас сеуште барам кој ми го отру кучето во двор, па ништо.
     
  17. OhSarcasm

    OhSarcasm Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Државата треба да обезбеди место каде што ќе ги носат скитниците кучиња и ќе ги хранат и третираат како што треба. Труењето не е начин . До сега 3 кучиња умреја пред мој очи,труени. Напаѓаат затоа што се уплашени,малтретирани и гладни. Баш вчера видов куче скитник на кој му имаа врзано стаклено шише за нога,затоа што им е многу смешно кога кучето се мачи да оди. И тие имаат душа,жално.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    image.jpeg image.jpeg Во Лисиче поставени сајли како стапици за бесење на улични кучиња. Обесени три кучиња. Значи поголем монструм од човекот не постои! Која неедуцираност е во државата за да на некој болен ум, му текне да поставува сајли како стапици за бесење. Страшно и жално е да во 21 век кај нас сеуште има таков примитивизам, таква неедуцираност, таков простотилук и нечовечност. Згрозена сум.
     
    Последна измена: 3 април 2017
    На Nigredo Odor, Asterion, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Точно дека ако некој наумил ќе оствари(како во постот погоре), ама продажбата на отрови мора да се регулира.
    Ланатата може да се купи како да купуваш бонбони, а со едно пакетче ланата може да се затруе пола Скопје. Може да го купи и дете и психопат, значи буквално секој. Ланатата спаѓа во прва категорија отрови, од него може да се затруе и човек само од вдишување. Во најголем број од случаите, жртвата од ланата не стигнува ни до доктор, зашто отровот убива за неколку минути. Во речиси сите европски држави е забранет за употреба, кај нас Законот за прекурсори дозволува ваков пестицид да може да купи само регистриран земјоделец и тоа само 0,01 грам за незнам таму колку хектари земјиште. А реалноста е дека во земјоделските аптеки секој си купува по 250 грама без проблем! Страшно. Што е најтрагично, ланатата се апсорбира во почвата и може да настане хаварија. Или недај Боже да згазнеш и на чевли да си ја внесеш дома. Да дојдеш во допир со повраќаница од кучето кое е затруено. Значи сите сме изложени на опасност, а не сме свесни за тоа.
     
    На PaLaVa и sanjaeva им се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Крајно изреволтирана и гневна. Гнасен народ сме, гнасен.
    Заради ваквите што обесија кучиња денес и затруја пола град со отрови, е ради таквите се дрзнувам да кажам дека понекогаш животот на едно невино животинче вреди повеќе од таквиот човеков мизерен живот.
    Кој заслужи повеќе да живее, кутрето или гнасата што ги обеси?
    Само да ми паднат во раце и да ги дерам на сред плоштад.
    Мизерија, мразам што делам воздух со такви луѓе.
     
    На cooll, senza.parole, PaLaVa и 12 други им се допаѓа ова.